1.Кога направив нешто погрешно од родителите обично -Од тебе чоек нема да биди (Без разлика колку е голема работата што сум ја утнала) 2.Мама - Ајде чисти дома учи се за ко ке се мажиш свекрвата да речи убо ја научиле нејзините 3.Другарките кога ќе закаснам - Ајде сто се напрај сатот (a тие каснеле 20 минути на местото каде што сме се чекале а јас сум дошла 5 минути по нив) 4.Кога некој ќе ми речи добро утро на турски!(тоа е знак дека телевизијата треба да сврти на шпанско пак оти не споулавија веќе со турските)
„Не си во хотел“ - Мајка ми ко ке му побарам вода или шо било од кујна.. „Знам те пушко, кад си пиштољ била“- Татко ми ко ке сакам да скријам или излажам нешто..(да неможи чоек тајни да има од него) „Заколни се“- Сестра ми ко ке прашва дали имам мастикииии..и стално мора да му дам... „Ват д фак“- Брат ми ко ке го прашам кој штикли ми одговарат... „Ајде мориииии“- Другарка ми ко ке ме вика на кафе а мене не ми се мрда...
Кога ќе се вратиш? Легни да спиеш! Земи јади, си побледела! Облечи се, надвор е ладно! Ај стани од компјутерот јас да седнам ! Напрај утре ручек, па срам да ти е ништо не работиш Станувааааааааај !!! Што е оваа толку спиење? Сабајле до колку окапа, пред компјутер? секојдневие ....
Тотално исто,само јас не сум торнадо,туку ураган или бомба и да надополнам.. Ај не замарај! Крпа се напраив(крпа? really dude? ) Разочаран сум од тебе(биди си,ми е гајле) Фрази од типот си се поправила или си ослабела -Мора ли да се разговара или да се потенцира големината на моето тело,хм? Доста се
Баба: Јаааадиииии бабееее треба да јадеш ти растеш уште,како ќе бидеш здрава инакууу? Пиеш ли млеко? Мора да пиеш здраво е за коски,за заби за се е здраво,види се колку си слаба...oди елече облечи плеќите да ти се топли ќе настинеш... Мама: Ќеркооо јас на твои години и готвев и чистев види се ти- мрза...Како можеше ни малку на мене да не си истерана ни во карактер ни во ништо...цела на татко и.... како 3 деца дома да имам-татко ти најголемото! ахахаха(ова го вели бидејќи тато секогаш ја задева хаха) Тато:Анабел.Аморет,оди свари ми кафе! и оваа мора да ја пишам,иако не е кажана од моите: " мислам хелоуууу"
Oд фејсбук ,она вау бау сите ти завидуват нек пукнат цркнат пукнат душмани,јас не се замарам со непријателите (да бе да)а секој пост е да оцрни некого или да коментира колку душмани има или намерно да се самоистакнува . Aко на сите ни ѕавидуваат,кои се тие што ѕавидуваат тогаш
Добро сине, полека вози, пази секакви има по улица, знам ја дека пазиш ама не е само до тебе.-Мајка ми Надвор дува носи, облечи се и капа и шал и ракавици и боди и хулахопки обавезно.-Мајка ми (да не раскажам како еднаш на сите сабајле ни кажа колку било ладно надвор и дека денес ќе било камен, кога дојде дома партал ја напраивме сите пошто цел ден сонце пукаше, а мајка ми онака наивно: па мене на телефон ми пишуваше многу ладно дека ке биде) Кај си ма?-другарка или другар било кој Ама бабичка ништо не касна, ааа не не може така.-Баба ми Лола ај дојди малце да видиш нешто.-Брат ми (за потполно небитни ствари што може да ги каже и без а доаѓам) итд
„Ти си знаеш, голема си.“ Ова коа ќе го слушнам од татко ми ми иде да го вратам времето и да излезам од соба пред да го изговори
„Ако не биде така сечам глава“ и „Леле ама се нервираммм“ (обично кажано од некоја разлигавена тинејџерка за некоја ситница). Ако се нервира таа за такви работи, ќе ја видам во животот како возрасна. „Што ти е бе тебе“ и може ќе ми текнат и други. И исто така женско на женско кога си викаат „пеер“ или „брат“.
Инат глава сече . ( најчеста фраза на моите кога сум упорна за одредени работи ) ********* ајде облечи нешто , ќе настинеш . ( Секој божји ден , по пет пати на ден ми го кажуваат истото ) Леле а што сега , што ќе се случи ? ( ова прашање кога ќе ми го постават косата ми се крева . Па ќе видиш што ќе се случи бе не прашувај глупости )
Ми се иде да се претворам во врколача кога ги слушам овие - Човек - Седни учи - Нели имаш за учење? - Ок (кога ќе ми пише некој на чат ) - Земи избриши бирото - Шо учите денеска на школо?