И друго/што ќе кажеш друго? Кажи нешто Што има друго ново? Прашај што те интересира - ми звучи како луѓево да не знаат да комуницираат па ајде ќе играме квизотека... Досадно ее (не ти си досаден/на!)
Или пеер/ пеерка . Како си? (прашано ради реда од таму си некој далечни познајници)+бонус прашање од истите далечни роднини-Што има ново а?
Кога и да излезам сама обавезно прашањево -кај ќе шеташ сама ко будала Зборчиња кои ме нервираата: јер, малтене-ниту знам што значат
Није срећа, пара пуна врећа и разни други иритантни српски шлајм изреки со мизерна рима од времето на Тито.
''Кај сии МОРИИИ?" "Многу касно се враќаш,со кој одиш" (ова од комшии на кои ни здраво не им кажувам) "Ауу кај вака?" Можам да убијам некој ако уште еднаш ме праша вака.
Кога на некој од машки пол му се обраќаат со МАШКО - Дојди машко ваму. - Кај си машко деновиве? - Еее машко бе, фраер си. Исто и за женски ме нервира, ама тоа поретко слушам.... Кај си ма женска? Што има ново женска? Стварно?