Не е баш фраза ама зборчето СВЕ наместо СЕ'. Фраза: Среќен Роденден и све најубо. *посебно напишано на фб баш вака со р голема ..леле
подруго е ко ќе е дијалект. Јас сум од Охрид и кога некој "начитан", глумит културен итн итн, а секој втор збор му е СВЕ не можам, а да не се изнервирам
Искача, ондак, зашо и сл. зборови од скопскиот жаргон. Никогаш не би ми паднале на памет да ги изговорам
Имам нови: (не се баш фрази) Мамички, синко, мм, годината (ваљда се мисли кога дете ќе наполни година)
Крв да ти се стори (кога некој јаде да му кажеш е па стварно гадно е) Мајки една на друга кога се обраќаат со мајка. Мислам општо речникот на мајките после пораѓај се сменува за нигде. Па зборат НИ израсна забче, НИЕ јадеме и гравче, НИЕ какаме редовно Не знам во другиот дел на Македонија како е ама кај нас југ и исток кога некоја работа не оди велат НЕ СПОРИ РАБОТАТА. Тоа многу ме нервира и многу сум се расправала , спори е за нешто што бавно оди а НЕ СПОРИ би било за нешто што не оди бавно а не што оди бавно.
Кога употребуваат "ЈЕР" во реченица, сакаат да испаднат интересни ,а уствари многу грдо делува. Низ Скопјево многу пати имам слушано, а исто така и на форумов го употребуваат, а ужасно ме иритира да го слушам/читам. ЕДИТ: исто така и "МА",ептен е сељачки и некултурно на некого да му се обратиш со МА.
не е фраза ама е нешто што од такт ме вади. 'Што да правам'- како одговор, наводно не може ништо да се стори.
Не ме нервира кога една другарка на друга ке и каже ПЕЕР БЕ, но секогаш им велам ај бе кажете еднаш место Пеер лезбејко онака на шала.
Мајка, кога и се обраќаат на тазе мајка, многу глупаво звучи како се друго што била претходно (па и нејзиното име) да не важи па сега само мајка е. По скопски ногите, руките, бева, јадева... Де факто Здравје боже ( јас ја користам од пусти страв дека тоа што го планирам може да не се оствари од непредвидливи причини во последен момент) Ќе биде... Queens are born in... (не сфаќам кој верува во ова) Сите фрази што ја омаловажуваат жената и нејзините способности, не можам да се сетам на ниедна а доста ги има