"Исправи се" - Страшно ме нервира ова.Иначе исправена сум и на момент ако нешто се поднаведнам или треба нешто и одма "Исправи се"
Најмногу од се ме нервираше прашањето " Уште колку испити имаш ? " , а јас бруцош...па колку да имам , сега почнувам.
само како се пронаогам во ова .. мајка ми дури од една нејзина колешка земала такво (нз како се вика) да го носам за да одам исправено .. па понекогаш си го носам
-Дојде ?? Јадеш ?? и мал милион такви фрази за кои очигледно е дека е така, нема потреба да им потврдувам! На сред јадење мајка ми : Еј нож не земав, еј вилушка забораив .. и ова автоматски значи дека ти треба да станеш да донесеш! А ако нешто мразам во животов, дефинитивно тоа е да ме стануваат од јадење!!! -Облечи се, ладно е! -Пак на тој компјутер! -Доста се пеглате, без коса останавте итн..
Епа ај веќе кога од мама тато ги кажувате ,и ја да ги кажам на мајками и таткоми. Мајка ми -Исправи се,види колкава грбка си направила (а нема врска, грбка колку неа имам) -Ладничко ми е малце, надвор е ладно земи нешто за одозгора. А надвор +40 степени. -Затвори го прозорот да не настинеш, па после кој ќе трча по лекари. -Не стој на промаја. -Ооо,мамино,мама тебе колку те сака, незнаеш. (е ај да незнам) -Пази мами да не ти стаат нешто во тоа што пиеш,што знаеш има секакви -Пази што правиш. -Внимателно со ролерките кога возиш, гледај позади тебе. -Кај волку касно ќе идеш,знаеш дека има разни манјаци ( а тоа 10 саат ) -Пази на сметката, не мислам ја да плаќам по 5000 сметка, не си ќерка на некој милионер Татко ми -Исправи се. -Бреее, по цел ден да се седело на тоа компјутерот,имај малце осет.И него го боли. -Само шеташ. -Што е ова до 2 саат седење, зарем знаеш дека некои на твои години имаат излез до 12 ? -јас кога бев како тебе.....бла,бла
Најмногу ме вади од такт Што има ново? Ко да некој го интересира што има ново или па се засекира за мојот живот. Затоа мразам да застанувам со луѓе што немам муабет и се некои бош муабети и 10 пати ќе те праша што има ново
Мене најмногу ме иритира кога барам пари за нешто и татко ми ќе рече „Па не сум јас Рокфелер„ , исто и „паа од небо да паѓаа волку пари ќе пресушеа„ , кога ќе ме види се мислам што да јадам и ќе извадам милион работи од фрижидер и ќе почне „Децата на претседателот не се ранат вака као тебе, се на маса „ За мајка ми исто ко сите мајки, јадеше? кога ќе дојдеш? кај ќе идеш? со кого?.....
Ама ти не разбираш што е поентата на тоа прашање. Тоа така те прашуваат, за да имаат изговор после самите за себе да се испофалат. Еееее, па и ти па каква си, ништо не ти текнува... (иронично беше ова, на зезанција, и мене ме иритира прашањево).
м. или кога ке полагам со среќа најногу ме нервираат душкала кај одиш со кого како што абе ајде нека се гонат таму мој живот моја ствар
Мене ме вади од такт кога ќе ме праша некој што сега ме запознал (обично на фб.) а тој/таа сирот не знае ништо за мене..и што да му кажам?? или некој со кого се немам видено 10 години и ќе ми го постави истото прашање не памтам што знае од старото па да му кажам за новото
дечко ти денес не доаѓа( ова од сите го слушам ) кога ќе се мажиш веќе долго идеш со дечко ти( комшии и пријатели) уште колку имаш од испоитите седни учи само со тоа ќе успееш( повторно комшии и пријатели) што е ова седење до 5 сабајле девојче ти си болна треба на лекар да идеш ( баба ми) денското и ноќното спиење не е исто ( дедо ми) што е ова по цел ден на компјутер фати книга и учи не за џабе давам пари (мајка ми) цело време само се караш со дечќко ти аман веќе (мајка ми) облечи се ладно е надвор пука сонце (баба ми) ти се пие кафе ај стај по едно (мајка ми) цело време садови ќе ми оставаш за миење цело време треба човек по тебе да иде(мајка ми) сртеди си ја собата девојче си на што личи (мајка ми,бава ми и дедо ми) ако не учиш не ми ги арчи парите не ги печатам (мајка ми) што е ова секој ден цигари да се купуваат (мајка ми) ти мене ако ме слушаш ќе бидеш среќна во животот (мајка ми)
глупо ми е кога некој што не ме ни знае, или ме нема видено 100 години ќе ми каже: '' Што има ново ? '' често знам да им кажам , старото не го знаеш
облечи се ладно ќе ти е ноќе седиш на компјутер а дење спиеш прав вампир си напраена абе ти планираш дома да си дојш ко ќе излезиш незнаеш да се вратиш кое нескафе ти е тоа десетто ти дури живееш под мој покрив заборави за пирс и тетоважа и тоа е завршено нема повеќе муабет за тоа
само седиш пред тој компјутер ии намести ја собата на што личи ова намести го шкафот види ги облеките...бла бла!!!! аман веке моја соба ееееееееееееее
Многу ме нервира онаа комшикана кога ќе ме праша: Кај беше?Со кого? А,врв е кога ќе рече одааамнааа ја немам видено тетка ти (баба ти, стрина ти сеедно)да не сте скарани? (и ќе се ококори цела поднасмеана) Уфф вампирка досадна
*Ајде стани доста спиеш пладне е *Ти се пие кафе? Ајде стави и за мене *Измиј ги садовите ама не во машина малку се *Облечи се надвор ладно е (иако е топло) *Ќе настинеш не седи на цементот, што ќе ти кажат јајниците потоа *Со памет *Дојди се порано вечерва *Дечко имаш? Од кај е, колкав е, кај живее, колку идете? ...
Не бе,кој кажа дека ти ќе бидеш крива?! -и вртат со погледи .. Со поглед ги разбирам дека ја сум(ќе бидам) крива..