Изрека која секој втор во Скопјево ја користи а ја мрзам највеќе е кога на некој ќе му кажам нешто и он-а ЕЈ ДАА? На вакво прашање секад одговарам со ејј нее..
-Зошто ламбата е уклучена во купатило а ти не си таму? -Или баба ми керко ајде да јадиш.. ти го сплетив новиот џемпер ... мајка ми - Облечи чорапи ке настинеш. НИкако боса! -Шо е ова само јас треба ли да средувам? -Кога ке се тушираш тргни го чергичето и избриши убаво да не остане вода.. -во ходникот чергичето од тебе се е поместено кога ке поминеш мислиш бура фатило. -до колку седеше на компјутер -ајде утре нови правила легнување и на компјутер само до 00 00 . (никако да дојдат овие нови правила ) татко ми. -ајде сакам да спијам гаси компјутер и стани малце работи утре! -а премногу трошиш не сум јас милионер. -немој многу доцна да остануваш!! -(кога слушам песни од Слаткар,Токсикологија,Тони Зен или други) ауфф.. овие ТРЕФКАРИ ги слушаш?? ајде брзо гаси! уште еднаш да не сум те чул такви безобразни песни да слушаш! ___ и уште мноогу други! поззз
-Само тебе ти текнува да исправаш криви дрини.(дедо ми) Или кога ќе се сретнат двајца пријатели -Кај си бее си иб*ш векот!
Исклучи ноа циганскине филмови ( се мисли на латино американските серии )- од тато и од брат ми си иде од негде и се дере : СТАНУУУУУУУУУУУЈЈ ОД КОМ а уште чевлите не ги соблекол
Мене обично ми велат ко ќе излегувам: Со ум-не со Наум Иииии во собава како бомба да паднало,брзо да си средила.. Само пред компјутер да се седело,да не ти дава јадење компјутерот? И многу други работи.. А,да ќе заборавев.. ко ќе спијам (а е веќе скоро пладне) за да станам од кревет оти само со викање не станувам мајка ми наеднаш ми го трга покривачот.. уффф тоа страшно ме нервира
Слушајте ги сега секојдневните фрази на мајка ми - ќе полудам еден ден, жими све - Мораш повеќе да јадеш, ќе ти ослабе крвта(а, јас имам 143 хемоглобин) - Каде и да си, дури и на работа колку да си зафатена, гледај прво да си се најадеш,па после работи, а не бледа таму да бидеш - За сите се најде дечко, само за тебе не...Не знам со тебе што ќе се прави(види ја онаа каква е,а каков дечко фатила, све по неа трча), а ти таква девојка, сама си... - Не можеш ти со мене да се мериш во вожња, јас сум полагала во комунизмот,кога беше најстрого и неколку пати паѓав и затоа слушај што те советувам(а јас возам од 17 години,непрекинато, а неа со месеци и е истечен рокот на возачката..) - Секој ден ти раскревам по соба, ај да видиме кога ќе се омажиш, свекрвата дали ќе те трпи вака - Што има толку на тој компјутер што висиш пред него толку касно, ајдеее одма легнувај, да не станам да го изгаснам од штекер...Сакаш утре отечена ли во очите да одиш на работа??? - Од сабајле до вечер си на работа, а види ја ќеркана на комшиине, по 5-6 саати работи и си доаѓа дома(а, ќерката на комшиите е техничка секретарка, а јас работам во реномирана клиника..) - Секаде ли ќе исправаш криви дрини и правдината ќе ја истеруваш? Биди си позатворена во себе,немој да избувнуваш и таму на работа ќути си, не оговарај никој, не знаеш кој со кого е поврзан - Облечи се ќе настинеш така - Ај, ќе ти се јавам на работа(а, знае дека на тој број во лабораторија не смее да се обавуваат приватни разговори) - Немој на мотор некогаш да се качуваш, да те тера некој!!! Знаеш ли колку изгинаа млади со тие мотори!!! - Кога возиш , многу се доближуваш до колите, треба 20-30 метри растојание да држиш (никако не можам да и докажам дека 2-3 метри треба) - Сите ти се љубоморни - Ајде изеди го ова!! Ако не го изедеш, да ти умрам уште вечерва, ајде изеди го види што убаво сум го направила!!! - Сакаш чај? Сакаш сок? Сакаш овошје, ќе ти го излупам и ќе го исечкам на ситни парченца? Сакаш јогурт?................ Ова секој ден ми го труби на глава, ама секој читав ден буквално
Добро е тоа што мајка ти не ти трча низ куќи со витамински апчиња олиговити, Б6 x 3, и пивски квасци. Мојата се опседна да не згои мене и сестра ми. Оток невиден!
Се пресмеав за ова . А мајка ми: - Ајде бе сине пријави се на милионер, да не спасиш од сиромаштијата. И таква со жален глас... - А, што викаш да те пријавам??? Ова секој ден ми го повторува, сто пати и имам кажано нема шанси, ама таа си ставила во глава дека ќе ме праќа на милионер.
Ааааа, уште нешто заборавив - - кога се тушираш, или облакај гумени папучи или гази на тоа гуменото чергиче, да не дојде до некој куршлус, ќе те утепа струја во када - Ако сакаш арно да ти биде во животот, само мене да ме слушаш!!! - Што мислиш ли ако те дирне некој, дека ќе го утепам со пиштол - Тој што ќе те земе, нека си ја запали куќата поарно (ова кога многу е лута..) - Не јади гом..а насекаде, кој ти е вујко!!! Ќе ни дојдат навечер дома ќе не утепаат, нас не ни ја чуваат куќата како вујко ти... И ова секој читави ден го слушам
Ах тие нервози...Еве јас кои фрази секој ден ги слушам и ме вадат од кожа -Аман бре девојче само туку ја пеглаш косата без коса ќе останеш -Гледаш ли колку си слаба како детенце си спрема другите,земи јади здебели се,а не ништо не јадеш (како јас да не сакам да се здебелам) -Стани од компјутер јас да видам нешто (мајка ми) -Ништо не знаеш да работиш не ли ти е срам јас на твои години цела куќа ја вртев (епа јас сум за фини нешта ) -Цел ден легнала по дома нели ти е досадно земи излези прошетај малку само овие ми текнуваат но ги има уште многу ќе се надополнам
А мене мајка ми кога ќе ми каже - Браво ти спиј до 2,за мене цел ден помина ти уште спиеш!!! - Ова хотел ли е,стани,клапни се на лаптопот, и излези,па врати се сабајле??? - Цццц,ако не ти кажам да избришеш не ти текнува и уште многууу други,ама не ми текнуваат,овие ми ги кажа од сабајле па затоа
aa забораив и секојдневието од тато - брееј што мрза ќе беше .. човек по смрт ако те прати ќе се изнаживее
Ме нервира кога роднините ми викаат Ти ич не доагаш кај нас,ко да не сме роднини... а и некои соседи исто така...
Од дечко ми : Ме гледаш во очи и ме лажеш . Не се замарам . Се друго ќе сварам , ама овие 2 нема мислам дека никогаш .
Од баба ми -Зошто не идеш кај тетка ти, жими една тетка ја имаш (а, имам и друга од страната на татко ми ) -Со никој од роднините не си блиска,утре кога ќе се мажиш никој нема да ти дојде на свадба. -А,имаш ли дечко? Да си најдеш некој со куќи,со коли(замислете множина),од угледна фамилија -На сите да им викаш здраво и стално да бидеш весела и насмеана(ова за пред луѓето да не речат намќор па да не ме омажи )