јас:ај да излеземе досадно е да свртиме едно кругче. другарка: леле ме мрзии. (значи овоа некој ко ќе ми го каже се вадам од такт) што имаме домашно? а како да го направам тоа? еј ја реши задачава?ај кажи ми како е колку пари носиш? и ред други што у моментов не ми текнуваат
Мајка ми: -Ех што ти е убава косата! (намерно така ми вика дека јас си кинам нерви, дека ми е бушава, никаква...) -Смрзнав! Брзо облечи џемпер, ќе настинеш! ( на неа и е ладно, па значи сигурно и на мене ми е ладно..) -Пази како преминуваш улица, знаеш како возат! -Научи? (јас ќе одговорам да) Да, да, гледам колку си научила, овој тест не ни го дадоа, оној тест не ни го дадоа... само така продолжи! -Немој да го трошиш целиот бојлер, не си сама во куќава! Татко ми: -Каде беше вчера? -Какви ти се оценките? -Пак целата вода ја потроши? Па до кога ќе ти кажувам дека и другите треба да се бањаат!
- Што има ново? (најчесто од луѓе што не сум ги видела 100 години) - Пак ке излегваш? (мајка ми) - Врати се порано да не те мислам и јави се ко ке дојдиш (мајка ми) - Кај ќе излегваш? Ладно е/врни. (мајка ми и татко ми) - Аман цел ден на компјутер си како не ти се смачи!!! (мајка ми и татко ми) и уште многу ако продолжам да пишам ќе се изнервирам
Не знам баш дали се фрази, ама дефинитивно ме нервираат Лелееее, што убаво ти стои, ко за тебе скроено! - продавачките, аман бе имам очи, гледам ц ц Го направивМЕ ли ова? Го средивМЕ ли оној проблемот? ИмаМЕ ли...? итн. прашања во прво лице множина - шефот, Не! Јас го направив, јас го средив и не знам дали ти имаш ама јас НЕ. Па не знам, што знам, и секакви ти ...знам - кога се договарам со некоја другарка обично. Машките се сепак подиректни. Кажи да или не сестро, не јадам ако кажеш не
Леле кога ќе ми текни кога се инаетевме со мајка ми и кога ќе почнеше со нејзините фрази 1. Садовите сами ќе се измијат-секојдневно 2. Пари, па пари- на татко ти да не е Стопанска банка 3. Синоќа во колку си дојде-јас во 6-Браво те личи 4. Кога ќе се мажиш втората ден ќе те вратат-пошто ич не ми се работеа домашните работи ( па еве 2 години не ме вратиле ) 5. На свадбата со машина за садови да те пречекат и многу други фрази што сега не ми текнуваат, а ми фалат Фрази од маш ми 1. Дај ми го компјутерот-мој е ( а само што сум седнала на нет) 2. Свари ми кафе ( токму кога сум дојдена дома од работа) 4. Донеси ми блуза 5. Дај ми чорапи... и многу многу други кога ќе ги споредам со фразите на мајка ми многу повеќе ме нервирааат
Ќе ја е*иш шлапаницата........................ или кога ќе прашам нешто колку да почнам разговор:на пр: -Што правиш Александре.......(и следува само)-Ништо!!!!!!
Епа од кога дипломирав па наваму,еве една година цела има две фразички од радознали теткици и бабетини по улица кои од такт ме вадат бидејќи ги слушам најредвно: И сеа како е уште не се вработи?Леле,многу е тешко знам,ама здравје ќе биде(ко они да ме ранат по дома) и коа ќе ме сретнат по улица со мајка ми:Лелеее (името на мајка ми),машала колкава мома си имала,уште не стануваш баба???
ЕЕЕЕ јас на твои години .... порано ние не одевме по диско ... на корзо си одевме и не се бацувавме ( да бе верувам телепатски деца праеле ) донеси ... било што а само што сум легнала ... Само на комјутер си тоа очите како на жаба ке ти станат ... Е што е тоа фејсФук ?? Како си помина на факултет ... Зарем во петок не излегуваш леле камења ќе паѓаат ... брат ми :тедибеаар со лигавење и готово знам новчаникот ке ми го олесни и многу други не ми текнуваат сега
Уф има многу Татко ми - кога сум на компјутер и доага и вика... ајде у кревет - кога се караме, секад он е у право Мајка ми - Ми застуди, облечи нешто одозгора - Срамота, голема си више, до кога ја ке ти ја раскревам собата - имаш ствари низ цел стан, среди се малце.. - ЕДЕН ЕДИНСТВЕН петок нема да искочам - (иронично) така, само седи си дома, додека сите деца се надвор, се дужат, ти седи сама дома, немаш другарки, расправај се со мене... (АМАННН..ова ко ке се скараме) - кај да ти го ставам ова? (ке најде нешто ЕДНА ствар по дома од мене оставена, а она низ цел стан ствари има и мене ми вика БАШ за тоа нешто..било и да е пенкало) - срамота до кога вака касно ке се бањаш? а у 21 00 се бањам.. - ко ке речам, ме слушаш? онака во муабет кога и раскажувам нешто...ако и го речам тоа ке поооолуди, и ке се изнавика ако уште еднаш речеш тоа..не ми збори више..а ако не речам тоа...на крај нема ништо да свати од кажаното, од ххх причини бидејки слушала од страна вести или размислувала нешто и после пак ке треба СВЕ да повторувам Брат ми - имаш дечко? нема мн од него али ко ке ми рече ова... и то =)
Еве нови „испади“ од мама во последно време - Шо јадевте денес? - Поќе не те барам! Отсега ти да ме бараш! - Брат ти неќит да ме чует? - Учиш? (на ова најмногу се нервирам )
Да се разбереме, за мојот одговор погоре.. Без разлика на сите овие фрази што ме вадат од такт, и може додека го читате коментарот ке добиете впечаток дека сум лута (пошо ја кога го читав отпосле некако така ми се причини), нема врска, си ги сакам моите наааајвеке на свет, мислам дека имам најзакон мајка татко и брат.неможам да ви опишам колку ги сакам =)) позз до сите
Мајка ми кога ќе почне да ме опоменува за тоа да јадам повеќе работи кои содржат железо зошто сум слабокрвна и кога ќе ми рече Испиј го ова! (коа ќе видам некое апче некоја таблета витаминска бла бла ми се темни!) И + кога ќе почне да ме критикува дека јадам многу сува храна и дека нареден пат кога ќе одам на контрола ќе и кажела на лекарката да ми препише инјекции! Вау се исплашив..
Кога ќе почнат да ми викаат, абе на кого ти толку висока, ќе треба дечко кошаркар да ти бараме Па друго исто со висината моја: абе ти зашто не си манекенка? - зашто несакаааааааам Па после мајка ми: пак ли ќе испаѓаш, каде ќе одите? Немој гола да испаѓаш, облечи сеееее. Брат ми: ако ако учи се, женско си (кога треба да се сработи нешто)... ме вади од контакт Татко ми: што правиш цел ден на компјутер, си играш игри?
Највише ме нервира кога за некој мој проблем знае и личност на кој баш и е гајле и кога ќе ми рече ,,Ќе биде што не било ич не се секирај,,.Немате представа колку се вадам од кожа ми иде да ги удавам со 2 прста во тој момент
Мама: Ајде да вежбаш математика...Научи ли се ?...Пак не си ја раскренала собава...Јади ајде,прачка си се направила Тато си е послушен и не ми противречи Братчето: На компјутер? јааааааааас-Мамооо речи и јас да седааам ! Ќе те кажам на тато !!