Уф колку ги има... Мајка ми: Значи собава интернет кафе е... кај го плаќам интернетот, па и кафенце си нарачуваш, а еднаш само и реков Облечи маичка, бубрезите покриј ги, благодарни ќе ти бидат. Немој ни да си помислила да ја скратиш косата, остави ја нека порасне...колку ти беше убава ама од тие шишања и пеглања ја уништи Носи ги очилата (а веќе 12 години ги носам) Јави му се на брат ти, прашај го точно каде е и кога планира да се врати? Знае дека ако таа се јави ќе и рече само излезен сум Сине Алооооо, ќерка сум ти Врати се порано и немој да пиеш, најсрамно нешто е пијано девојче. не гризи нокти, никој нема да сака да те држи за рака Татко ми: Помогни и на мајка ти, цел ден по вас оди, како јас ништо да не работам дома Имаш нешто заштедено? (Ова редовно) Провери дали има уље и вода во колата?Или важно бензин има, а? Кој ја вози, тој треба и сметка да си води. Цел ден на работа си пред компјутер, дај малку одмори си ги очите, ќе ти го земам лаптопот. Свари му едно кафенце на татичко (кога нешто сум зафатена) Што е тоа цел ден со телефонот на уво, подобро договорете се, излезете, ќе се видите и кафе ќе си пиете и поефтино ќе си поминете (без оглед со кој и зошто разговарам) Брат ми: Каде одиш? Ако продолжиш да купуваш облека, а да не ја носиш, ќе ти го преполовам плакарот Не, ти не знаеш да штедиш Не може сега, ќе гледам ракомет, кошарка, фудбал...секогаш има некоја утакмица...аман више Ај кога ќе си доаѓаш купи ми нешто благо, а има продавница пред зграда Кога го возам- пази на пешаци, не вози преблиску до тротоар, не им се лепи на колите,и кога ќе ми рече ееееј леташ, а јас едвај 60 возам ми доаѓа да застанам и да го исфрлам
МАЈКАМИ; kаде ке одиш,она ли е важна немаш ли дома работа [akо одам на пример кај другарка] цел ден не си прибрана јас ''сида''ли имам па бегаш од мене.Колку е саато како ке станеш за работа.Туширана ли ке излаваш само кажи дека нешто те боли нема да те погледнам.Колку пари потроши.Некогаш во зборувањето е толку задрта што по нервите ми танцува.
мајка ми : добра ли си што те нема да се јавиш/пишиш да не имаш некој проблем кажи. ова по порака кога сум на сред состанок или слично а редовно кога нема да се слушниме 2 дена вујче, баба мама тато : колку плата зимаш ? што ви е гајле сега, кога ми требаше ваша помош и подршка се смеевте на мојот труд сега пукнете не кажувам вереникот: беше ли да ги платиш сметките?? како јас да не одам на работа иамам слободно врееме колку сакам и излегувам кога сакам
Ме вадат од кожа кога ке ми речат ... ПЕЕР или БРАТ .... уфффффффф а една колешка од уста не ги вади ми иде да ја тупнам еднаш кога ке ми рече така ... ама останувам воздржана нејзино право си е само не разбирам како една девојка може овие изрази да ги користи при разговарање со своите другарки.
Можеби не спаѓаат во фрази, но најмногу ме живцираат неписмените личности на Фб и Мсн... оние што пишуваат со w, f, 4 , 6... Прости примери : „Awwww... miwo kowku si najubawo! te 6akam! <3" „SakaF da ti kazam da me 4eka6 (tamu i tamu)" ...уф, луѓе! Имаме златен јазик, писмо и правопис, срамота е да не ги знаеме основните правописни правила.
Ајде гаси компјутер доста беше !! Сакам сoбата да ја направиш ЦАКУМ-ПАКУМ -.-' Не гази боса по плочките ладни се . Земи книга утре нема да те прашаат во школо филм дали гледаше. итн ...
„Голема си, ти си знаеш“ лелеее колку мразам така кога ќе ми кажат исто и.. „како сакаш“, „маци, душо итн.“, „А како толку убава девојка, нема дечко“ -последнава фраза кога ќе ја слушнам ми се превртуваат цревата.. аман.. има и други, сеа не ми текнува
Најмногу се нервирам ко ќе ми дојдат роднини кои не ме виделе од ко сум била бебе и ќе ми речат: "Леле колку си порасналаааааа"... Алоооооооо, 23 години имам, таман работа да не сум пораснела оттогаш!
личноста која најмногу ме вади од такт ама и најмногу си ја сакам е мама не се возбудувај! - (а ја мртва ладна) ке видиме, здравје.... не ги гледај другите ме исцедивте со сестра ти (или обратно кога и проповеда нејзе, увек у множина иде тоа) не биди арогантна со биологија (а ја ни на мравка не газам ) мораше ли исто да купиш, имаш СЛИЧНО многу си гола ке закасниш излегувај ајде прашај го татко ти и баба, личноста која знае се, или барем мисли дека знае се со нејзиното единствено мото "така е, ама не е така", женава нема никад да ти признае дека си у право, пошто она има се прочитано, се поминато, народен лекар, кувар, нутриционист, психолог, нема шо не знае
Ееее највеке ме нервира мама со тие нејзините фрази од кои ми е преку глава шо ги слушам секој ден. -Има време,ке видеме -Дупка направи на тај кревето само лежеш -Не ти текнува еднш да станеш да ми помогнеш -Од тебе аир нема само да спиеш,да јадеш и на компјутер да седеш за друго ништо не те бива -Земи да учеш,компјутеро нема да ти даде леб после -Памет у глава и да не правеш глупости -Со кој ке излаваш, кај ке одете,шо ке правете(и кога се врнам од излавање пак ме прашува истото каде беше,со кој,шо прави...) -Земи прашинката да избришеш...(има уште ногу фрази од неа ама не ми текнуват моментално) Овие од сестра ми: -Ај стани од компјутеро цел ден си ти(а нема врска 10 минути сум седнала а она од како стане па до дека да си легне е на него ) Од баба ми: -Аха,така ке завршеш ти школо само со дечковците и со излавањето -Не седи на цименто ладно е ке измрзнеш -Не оди така разголена машките само таму ке те гледат па ке зборат после за тебе И од дечко ми: -ОК -Ти друго шо ке кажеш? (а цел саат само јас пишувам реферати) -Ок шо знаеш прави неможам ја се на тебе памет да ти солам коа си инат
Мајка ми: -Уште ќе седиш на компјутер? -Изгаси го, ми брчи! -Пак ќе излегуваш? Со него? Дете, штеди пари. -Ја надмина сметката? Ајде провери. -Си ја надминала сметката, па јас незнам со кого толку зборуваш. -Доста ви се алишта, нема веќе купување. Сестра ми: -Стани од комјутер, по цел ден си. -Марама седни да учиш! -Мораш ли постојано да излегуваш? Дечко ми: -И сега јас што да правам? -Зошто да излегуваме, кога кај мене е топло? Тетка ми: -Ти незнаеш да се јавиш, само кога ти требам. -Ти планираш да се мажиш? -Што девојче ќе беше сукњи да не сакаш да носиш?
Мама дефинитивно го држи рекордот 1. Маче до кога ќе седиш пред компјтер остана на биро 2. Со кој пишуваш..тишина...А со кој си на чет? 3. Е колку изеде сега? Ништо.. 4. Ти реков дека така ќе биде 5. Ти со мене никогаш не научи да правиш муабет 6. Е мора ли да одиш сега, ај ќе си седиме дома 7. Јас незнам некој друг да спие со мачка и куче..само ние моди вадиме 8. Шо убава ти е така косата (був сум) аман не се пеглај пак Брат ми 1. Е не е можно уште да седиш на компјутер 2. Се ти знаеш 3. Не го бакнувај мачето ќе те кажам на мама 4. Ај оди јави се (ѕвони телефон) ти си девојче 5. Нормално дека ти ќе ја кренеш масата, не сум јас женско пс. типичен балканец имав дома...
Едноставно нели, ме вадат од такт следниве фрази .......“Не се нервирај, губиш од лепота“ и “Голема си, ти си знаеш“ .......дајте бе луѓе до кога со фразивеееееееее !???
Тато : Кристина,диши малку ( кога си седам на компјутер ) Исправи се ! Е не - ти знаеш ! Сг кд ти кажују послушај ме ! Ај донеси ми чаша вода ( кога гледам телевизија ) ! Мама : Јади тој што ти кажа ! Сама да си готвеш ! Голема си више ! ? Уште си мала ! ? Сестра ми : Абе ај доста ! Престани ! Кд ќе стану .. ! Заќути ! Дојди ваму ! - Неќу ! КРИСТИНАаааа !!! Дете,да не станују ! - Стани ! ( ) Абе ај не биди теква,стани од компјутер .. - Нема ! - Кристинааа ! Баба : Сине не се срамуј,земи си слободно !
Има многу фази што ми идат на нерви а некои од тие се и вие што сте ги навеле погоре...а моментално ме нервираат фразиве.. ЈАС И ТИ ТРЕБА ДА ЗБОРЕМЕ,ВАКА НЕ БИВА.... ШО НЕ КАЖА ПОРАНО...