Учам англиски и германски, па сакам да започнам и со трет јазик. Сакам да побарам совет од вас. Се двоумам меѓу француски и италијански А уште подобро, дали некоја од вас ги изучува овие јазици?
Француски или Италијански? Јас учам француски.Значи јазикот е музикален и убав за слушање,но е прилично тежок,а посебно граматиката.Лесно е на некој начин што има некои сличности со англискиот.Според мене италијанскиот е поубав,но изборот е твој .
Француски или Италијански? Мене лично францускиот ми е поубав и не ми стои толку тежок.До душа немам ни седнато да го научам.Наставникот не се замараше,децата па ич.Ама имаше часови кога ќе се посветам и ќе поднаучам нешто.
Француски или Италијански? Јас сум за италијански јазик. Многу подобар е од францускиот во однос на изучувањето.
Француски или Италијански? Јас го учев францускиот јазик уште од основно училиште како прв јазик,англиски учев како втор јазик во гимназија,подоцна завршив француски јазик за професорка,а италијански учев еден степен во приватно училиште и сега сакам да продолжам да го изучувам бидејќи многу ми се допаѓа.Се согласувам со мислењето на феминката што рече дека францускиот е потежок за учење во однос на граматиката и дека италијанскиот е полесен и помузикален,но јас сепак мислам дека баш затоа што е потежок треба да го одбереш францускиот јазик бидејќи кога си помала полесно ќе го совладаш отколку ако го одбереш подоцна во средно училиште и затоа што мислам дека францускиот јазик повеќе се цени бидејќи Македонија е членка на Франкофонијата,па сега ти размисли си убаво,па потоа донеси дефинитивна одлука,но,сепак,и двата јазика се убави,па што и да одбереш нема воопшто да зажалиш затоа што колку јазици знаеш толку луѓе вредиш!
Француски или Италијански? Италијанскиот е далеку полесен. Многу брзо може човек да почне да зборува, што дополнително мотивира. Францускиот се зборува во многу повеќе земји и повеќе се цени за работа во меѓунадорни компании и институции. Италијанскиот би имал предност само ако се работи директно со италија. Мене прашањто ми е зошто да учиш воопшто трет јазик и зошто еден од овие два? Јазик се заборава ако не го применуваш. Многу зависи од тоа што планираш да правиш со животот. Ако планираш да осранеш во Македонија, јас би ти препорачала да учиш албански, бидејќи отвора доста можности за работа. Ако планираш да се селиш, да речеме во Германија, тогаш нема да ти треба ниту еден. Ако панираш во Канада - тогаш француски е пологично. Учење јазик е долг процес и јас не би го започнувала ако немам идеја што ќе правам со тоа понатаму. И не го кажувам ова на памет, имам почнато многу јазици без концепт, за сега да ги заборавам сосема и оние кои сум ги зборувала.
Француски или Италијански? Јас учам италијански во училиште. Интересно е но има прееемногу времиња,тоа е тешкото.Мене ми е тешко и тоа како да подредувам зборови,тие четички и сл. Но,затоа да ги научиш зборовите што значат е лесно. Француски е многу убав јазик,ама не сакам ни да помислам да го учам него. Јас би рекла Италијански.
Француски или Италијански? Француски јазик учев во основно и средно образование.Имав голем интерес за изучување на јазикот како ученичка и можам да кажам дека воопшто не е тежок за учење.Граматиката е основа на секој јазик.Едноставен е за читање,пишување и превод доколку добро се совладаат правилата за читање и пишување,бидејќи 2 или три букви се пишуваат,а се чита како една.Со малку труд постигнав голем успех.Па,така во прва година средно учествував на државен натпревар. Сепак,за учење на јазик треба и талент.
Француски или Италијански? Ги учам и двата јазика, италијанскиот многу побрзо ми влезе во срце и научив уште на првите часови малку да зборувам. Интересен е и ако сакаш јазк кој побрзо се учи тогаш одбери си италијански. Француски учам 8 години го знам перфектно, ама дури да стасам до овде маки видов првите 4 години бев тапа ги знаев само avoir и etre и граматика ми одеше лесно ама комуницирањето тешко беше кога сакав да кажам нешто ми се испреплетуваше јазикот и толку. Треба многу пракса за да научиш и акцент и да не се побркуваш, ако си стрплива тогаш земи француски.
Француски или Италијански? Јас учам и француски и италијански јазик, но спрема мене италијанскиот е подобар, а и лесен е за учење
Француски или Италијански? Учев Италијански три години, јазикот се учи брзо и лесно, иако има многу од граматика. Имам пробано да учам француски, но не можам ни да изговорам неколку букви, а не па да читам. Според мене, италијански. Далеку поразбирлив е, иако францускиот се зборува во повеќе земји.
Француски или Италијански? Италијанскиот е полесен за учење и подобар според мене Францускиот се зборува во повеќе земји и многу убаво звучи да слушаш како збори некој, ама претежок е. Јас мислам Италијански
Француски или Италијански? Италијански. Имам учено и не е воопшто тешко да се чита, изговара и пишува. Да ти е мерак да учиш. Француски се запишав прв степен и ептен тешко ми се виде. Мислам во поглед на изговарање кршење јазик тоа ти е
Француски или Италијански? И јас баш размислував, но ќе земам италијански. Незнам што се избунив и францускиот ми влезе во главата, а бев сигурна дека италијански ќе изучувам сега од септември или ноември во некоја приватна школа, па дури и почнав да се припремам, па си купив македонско - италијански разговорник и најдов една книга (од мајка ми) Parlamo Italiano, па и од неа си потчитнувам. Сепак фала за сите совети, навистина ми беа од корист. Конечно се одлучив за италијански. Но ако не и нешто друго, се наоѓа работа за понатаму, барем кај нас во Битола, или во некоја приватна школа или во средното музичко училиште исто така знам дека учат италијански. Да, и јас гледав разни видеа на Youtube, од типот, зборување на француски и италијански, азбука, броеви и слично. Сепак италијански одлучив. Фала. : ) Ххааххаха, да навистина францускиот ми се гледа тежок... Една моја другарка учи француски, но кога ја слушам си велам сепак италијански Инаку фала за советот... Многу фала навистина Италијански и според мене. Засега италијански, конечно се одлучив. Фала за советот феминке И утре едно прашање, колку години ти беа потребни за да го изучиш италијанскиот доволно? Ние имаме таков наставник по германски
Француски или Италијански? Леле француски....3 годнини го учев у школо и 2 реченици незнам да сврзам. Многу е тежок, ние цела генерација никој ништо не знаеше француски. Се на се 4-5 девојчиња знаеа така повеќе од нас. Сите други бевме како изгубени ама за среќа наставничката сфати дека не бива од нас французи и на повеќето ни лупна 5ки од ракав. За францускиот треба приватни часови за да се совлада како што треба, јас на почетокот одев на курс за француски кога учевме у школо ама поселе тоа немав време и баталив. Освен тоа францусите имаат тежок акцент и треба многу за да се совлада, мене тоа ми беше најтешкиот дел и граматиката е доста по сложена во однос на англискот јазик. Италијански ти е по добро.
Француски или Италијански? Германски!!! :geek: Францускиот е потврд, италијанскиов помек. Зависи кој што сака да учи
Францускиот многу го сакам, веројатно сега си избрала. Но, италијанскиот е музикален и поубав за слупање.
Мене францускиот јазик ми е прекрасен и јас би го одбрала тој. Но и двата јазици си имаат свои предности. Предности за францускиот: -Се зборува во 33 држави во кои е или официјален јазик или еден од официјалните па корисен е на многу места освен Франција. За разлика од него италијанскиот освен во Италија се зборува во 3 места (Сан Марино,Ватикан и Швајцарија,а верувај ми во Швајцарија ретко кој го знае добро) Предности за италијанскиот: -Многу е полесен за изучување и за кратко време ќе можеш комплетно да го совладаш. Францускиот во однос на италијанскиот има многу покомплицирана граматика со многу правила и исклучоци,можеш да имаш и тешкотии во изговорот. Но на крајот сепак мислам дека е до тебе избери го тој што тебе ти е поубав без разлика на тоа колку е тешко. Бидејќи ако некој не ти се допаѓа колку сака нека е лесна едноставно кога немаш желба не можеш да го научиш. А за се што имаш желба и страст можеш да го направиш.
Не знам од каде ви е ова дека во Италијанскиот јазик граматиката е МНОГУ лесна и брзо се совладува... Италијанскиот јазик има многу времиња, начини, неправилни глаголи, остатоци од падежи, комбинации на времиња-кое со кое може да се стави во реченица, а кое со кое не може... Доколку не сте навлегле во некоја материја како што треба, не пишувајте без врска. Она "изучување" на Италијански јазик во средно нема благе везе и не дава конкретна слика за јазикот и неговата граматичка комплексност.