Францускиот е еден од најлесните јазици. Граматиката е едноставна, само изговорот прави да звучи комплицирано. Од таа романска група, не е лесен како шпански или португалски, ама не е потежок од италијанскиот на понапредно ниво, тоа секој кој се разбира и кој има повеќе од основа во овие јазици го знае.
Италијански нормално Се шегувам секако. Брзински совети за оние кои учат јазици од иста група (не мора да се романски). Не се слични јазиците. Фонетиката може да им е слична, но морфолошката специфичност им е различна. Што може да биде проблем кога се учат два "слични" јазика од кои барем еден не е супер совладан. Граматиката на романската група јазици е боза. Ако ја знаете граматиката на македонскиот јазик (??) нема да имате апсолутно никакви проблеми со француски, италијански, шпански, ниту пак до португалски или романски, иако овие не ги знам ама ич. Најважно е дали ви е ќеиф да го учите јазикот, а после и зошто го учите. Пример, посветеноста нема да биде иста кога учите француски за да шетате у Париз и да се запишете на факуктет, или да барате работа. Клучот е мотивацијата. пс. Бојана да каже до кај стигнала со италијанскиот, да се пофали