^ meurt нее да не си го помешала со друго време.Туку ме замисли сега јас го знам како morti па проверив на интернет и гледам дека е mort без i http://www.youtube.com/watch?v=cVitTJYWPbI
Француски во основно не знаев ни најосновни работи, од причина што основно како основно сите имавме 5ки по француски, а професорката си доаѓаше колку да се каже дека била. Кога дојдов во средно видов колку сум згрешила што не сум учела и ми требаа две години за да дојдам до некое ниво и да се прилагодам, па тек 3та и 4та нешто поднаучив и се вклучив поактивно.
лолита подобро да напишеше некој да ми помогне или покаже како да ги решам вежбите а некој да решава твои вежби мислам дека нема да се нафати. форумов е да споделиме мислења и да дадиме совети а не да ви ги решаваме домашните на вас тинејџерите.
Феминки ве молам кажете ми како да напишам писмо на француски јазик. реа утре на час да пишуваме за оценка. Нека биде кратко, да има неколку реченици како сум си поминала на екскурзија, како е таму, дека ми недостигаат пријателките. ве молам ништо не знам француски а во последен момент ме известија за ова.
Епа требаше да ги ставам вежбите, како што предходно ги имаа ставено може некој ќе ми ги решеше. И не ми беше домашна за тест беше Ама како и да е Вие рековте дека овде сте да споделите мислења, да дадете совети, a не да ни пишувате домашни епа извини ама темава е поставена за да помогнат на некој што помалку знае француски
Dali ima nekoj so studira francuski jazik.Sto se uci i dali e lesno?Dali mislite deka ima deficit na profesorki po francuski?
Да помогне ... Дали има некој низ форумов да знае француски? се надевам дека има некој.. Ако може помош на целосно преведување или дел од ова.. Однапред благодарна! П.С. Може да се каже дека е за итно П.П.С. Се надевам дека се чита од сликава нешто ..
Здраво на сите феминки кои го сакаат францускиот јазик Јас сум апсолвентка на Филолошки, студирам Француски. Забележав дека овде си дискутирате за помош па доколку некоја од вас има потреба од прецизен и граматички точен текст, подготовка со соодветни вежби пред тест, или превод, што и да е, може да ми испрати лична порака. 150-200 денари зависно од големината на текстот, 200 денари за подготвителен час. Поздрав
3 години го учам јазиков, и многу слабо оди.Ептен. Ептен основни работа знам, ама една реченица да сврзам незнам, не па некој текст таму да пишувам или есеи...А онака, многу пријатен ми е јазикот и интересен, ама што да равам кога не си го фатив одпочеток убаво да го учам. Остај тоа, па и наставничкава во основно што ја имав ништо не објаснуваше, и ништо не бараше, сите оценки од тестови ги вадев, а на тестовите препишување на велико. И така, пропала инвестиција сум, се чудам во средно што ќе правам , може требаше германски за втор јазик да изберам...
Кој може да ми помогне за писменава по француски што ми е за 2 дена ?? Се работи за расказ на тема Убавините на Франција и францускиот јазик , не мора да биде долг и опширен само убаво да бидат опишани белезите на Франција .. Koj ќе има време може да ми го пушти и во лп, мнооогу ќе му бидам благодарна
Дали на форумов сте сретнале некој кој има дипломирано фрнацуски со италјански, ако знаете ве молам пишете ми потребен ми е филолог по француски и италјански.
Латиничната азбука, како кај секој јазик кој користи латиница.Доволно е да погледнеш во мобилниот и да ги видиш буквите
Ако некој знае да ми каже што треба да напишам ?? За домашна ми е , знам нешто како рекламација треба да е али незнам за што . Тоа со балзак некако не ми е јасно ... Вака е вежбата : Vous avez commandé L'encyclopédie des oiseaux par Internet à une libraire en ligne. Vous avez recu les ceuvres completes de Balzac. Ecrivez un message de reclamation. Rappelez la situation Exprimez votre demande Remercier Saluer Demander une autorisation remercier saluer
Aj некоја што знае француски нека ми објасни Passe Compose,ќе правиме тест за некој ден,а не сваќам што е со ова