Од јазиците учевме Германски и Англиски, и сега незнам дали да се запишам на курс по Француски? Сакам да го зборувам јазикот. Лесен ли е? Се плашам да не ми биде многу напорно, да не ми се испомешаат работите со другите јазици.
Обожавам француски ...премногу добро ми оди .. меѓутоа знајте едно дека францускиот јазик друго е да го учиш од книга ,факултет,школски .. и друго е да разговараш со професионален французин ..или да живееш во Париз .. Сите ми се чудат како изговарам меѓутоа во тоа е тајната... Понекогаш и ученикот може да го надмине професорот ..
Ако има некој што би ми помогнал со француски,нека каже,ми треба само еден текст да ми го провери дали е добар,што има грешки,толку,ќе му пратам ЛП со ЕСЕЈОТ.Помогнете ве молам ФАЛА ОДНАПРЕД
Општи прашања Ај да ве замолам доколку има некој средношколец (1год) што знае превод од француски на македонски да ми помогне со превод на еден од текстовите во учебникот.благодарам однапред
Општи прашања а да пробаш со гугл транслеит од француски на македонски и да преведе нешто со грешка барем ке ја увидиш и ке ја исправиш сепак македонски сигурно знаеш
Општи прашања многу погрешно преведува.денес го зедовме текстот и има мн непознати работи па ако може некој да ми помогне
Француски јазик сакам,но понекогаш ми е тешок!На пример најтешки ми се да ги сватам присвојните придавки!Мислам дека не сум единствена што неможе да ги свати,или?
ако може некој нека ми напише мали состави за во болница и за во аптека нека бидат во две три реченици не барам цели есеи значи мн краток ако можеда биде на француски ми треба брзо фала ви однапред!
леле ве молам да ми помогнете да ги сват овие присвојните придавки најтешки се цел ден ги учам ама никако не ги сфаќам ми се од нив
Јас имам една молба. Т.е голема молба до они кои добро го владеат францускиов ако можат да ми напишат едно текстче на француски за две теми. Зборови да има околу 90/100 максимум. Значи ептен кратко да биде. Правам писмена утре, а јас сум за жал една голема НУЛА кога се работи за француски. Кој знае и е во можност да ми помогне, нека ми пише пораче, ќе му бидам вечно благодарна!
Молба до оние кои го владеат францускиот јазик . Дали може да ми напиште многу кратко текстче под наслов :'' Во кој град во Европа сакаш да живееш ?''и тука се пишува во кој град и нешто за градот 3-4 реченици. Пример во спојлер : Спојлер Amsterdam J'aimerais bien vivre a Amsterdam.C'est une ville magnifique et il y a une qualite de vie fantastique.Les habitants circulent beacoup a velo,alors c'est plus calme que beacoup d'autres villes en Europe.Et puis il y a les musees!J'adore la peinture.
Француски јазик не го владеам добро, но секоја ден го учам и се обидувам да го совладам јазикот. Со граматиката се снаоѓам некако се учи таа, ама читањето некако тешко ми оде. Ако сака некој може да ме праша за граматиката, можам да му помогнам јас сега сум втора година средно и го учам сокој ден, значи редовен предмет ми е. Сакам да ве замолам некој кој ги знаед правилата за читање да ми ги напише, навистина сакам да научам, ако сака нека ми прата по лп или тука не е проблем, или пак ако знаете накој линк кажете ми. Навистина ќе ми бидете од голема помош. Благодарам однапред.
Општи прашања Ај некој што знае француски нека ми каже што значи „ Le dessinateur de BD “ . Не знам дали прашањево е за овде, а речнициве на интернет не ми се баш сигурни.
Искрено, јазиков го учам уште од 6то одделние и никако да го научам. Едноставно не можам да го сфатам. Не знам, не ми влегува во глава, не можам да го изџвакам. Се` некако со сила го учам. Изгледа требаше на уште почетокот посериозно да го сфатам. Па затоа сега мака си мачам. Интересно ми е, кога некој збори француски. Ама јас да го научам, не можам. Можеби кога се сака, се` се може. Изгледа јас не сакам.