Еден од моите омилени пијалоци Чоколадо и банана состојки: - 500 грама шеќер - 40 грама чоколадо - 2 топки сладолед од чоколадо - 400 милилитри млеко - 2 лажици лимонов сок - 3 жолчки - 300 грама банана Подготовка: Излупете ги бананите и натопете ги со лимонов сок. Ставете ги во блендер заедно со сите останати состојки. Мешајте ги сè додека смесата не се запени.
Нешто што обожавам. Само што јас го правам на поедноставен начин.. Ставам одредена количина јагоди во блендер, и тоа ги сечка, таму што им прави.. И после некое време ставам млеко од прилика. И повторно меша. Многу брзо се прави, а преубаво е. Не му ставам ни шеќер ништо. Многу ретко, ставам банани. Обично правам по литро, и сама го пијам. Некако ме освежува. Ама доколку отстои подолго време, некако се згуснува, незнам како да кажам..
Фрапе од лубеница - 200 гр. лубеница - 200 гр. сладолед од ванила - 5 дцл. ладно млеко - 4 лажици шеќер во прав Истиот рецепт можете да го направите наместо со лубеница, со диња.
Јас фрапето го правам -Прво ставам 1 лажица кафе (нескафе) , потоа 2 лажици шеќер и малку вода. Сето ова го матам со една машинка за приготвување на фрапе додека се добие пена и потоа полека додавам вода и на крај малку се става млеко. А и јас исто така прв пат читам сега дека постои и др. вид на фрапе
морама да цитирам, неми дава да редактирам и се извинувам за пост врз пост. Ептееен беше вкусно, чекам нова лубеница да се купи за повторно да си направам.
Чоколадно фрапе со јагоди Потребни состојки: 150 мл ладно инстант кафе 1 топка сладолед од јагода 20 мл чоколаден прелив 2 лажички шеќер 4 коцки мраз 1 јагода шлаг Начин на подготовка: Сладоледот од јагода, чоколадниот прелив и шеќерот ставете ги во блендер и измешајте ги за да добиете пенлива и еднолична смеса. Потоа во блендерот додадете ги кафето и мразот и мешајте додека мразот убаво не се искрши. Кафето сипете го во висока стаклена чаша, декорирајте со шлаг , малку чоколаден прелив и една цела јагода на врвот.