Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фрлање на храна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од SummerGirl, 11 август 2013.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Никогаш, мнооогу ретко и тоа ептен ако некое јадење веќе не е јадливо (супите на мајка ми со седумсто зарзавати во тенџере за војнички одред), па го носиме до контејнер со стопено лепче за џукелчињата да јадат.
    Се’ што може да се јаде, или се остава во тегли или кутии близу контејнери, има луѓе што буквално чекаат оброк така секој ден.

    Сите тегли со ајвар со скоро поминат рок на траење, компоти, малиџана што едно лето не успеаја во подрумот кај нас, ги оставивме крај контејнери, неколку Ромки со деца ги гледаме после тоа, со векна леб слатко си седнале и си јадат. Ништо не им беше на туршиите, ама ете, луѓето си нахранија душа.
    Сметам дека за ова прашање навистина може да се отвори една конструктивна дискусија за банки на храна. Зошто е сериозно тажно да се фрла, кога знаеме дека има цели семејства кои страдаат за леб.
     
    На toogood и irena.1 им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Гледам тоа да биде што поретко и кога веќе нема друго решение и начин да се искористи или барем да се даде на некое животинче од маало. Не ми е за трошок, туку душа ме боли што во прашање е храна - извор на живот и енергија.
     
    На irena.1 и karenin им се допаѓа ова.
  3. Cutiepie

    Cutiepie Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    3
    Nikad ne frlam hrana
     
  4. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    НИКАКО, НИКОГАШ!

    Според мене тоа е страшно неблагодарно и познавам разлигавени личности што ја преполнуваат чинијата, а изедуваат 1/3, останатото веднаш во канта!
    Мене тоа ми е незамисливо. Секогаш постои некој на кој може да му понудиш храна и радо би прифатил.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    И ние не фрламе никогаш,буквално се се јаде и правиме колку што ни е потребно,бидејќи немаме на кој да дадеме,немам никакво животинче,а да правам од повеќе и да фрлам храна додека во светот се повеќе умираат луге од глад не фала,треба да бидеме благодарни што го имаме сето ова,бидејќи има луге во светот што не можат ни да намирисаат храна :)
     
  6. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Фрлам често,кога не можам да дојадам нешто.:)
     
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ranenje na korpa za otpadoci najtesko mi paga. Gledam se da iskoristam.Posebno koga odime na odmor, ostanuva vo friziderot.Nokta pred odenje se seckam i pikam vo zamrznuvac. Ovosjeto go koristam za kompot, zelencukot za supa. Srce ne mi dava da frlam.
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Честопати се случува да треба да фрлам дел од храната што останала. Најчесто тоа е нешто приготвено за ручек. Моментот да се најде храната во корпа за отпадоци го избегнувам со тоа што ја давам на моите миленици.
     
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    многу ретко фрламе храна, ако се мувлоса или ако се расипе, со мајка ми готвиме да биде доволно за јадење, а ако нешто остане или следниот ден или пак го замрзнуваме, и така некогаш имаме и веќе готов ручек :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Се трудам никогаш да не фрлам храна.
    Дома си знаеме колку отприлика јадеме и се готви доволно за да има за сите и да не остане вишок јадење.
    Стариот леб не го фрлам, најчесто им го дробам на гугутките кои ми се собираат на балконот, а ако сепак се случи да остане од јадењето, го оставам спакувано и најчесто си го прибира циганчето кое собира пластични шишиња низ моето маало.
     
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    До пред некоја година често фрлав храна. Не некои големи количини, но фрлав. Но, откако пораснаа децата не само што нефрлам туку готвам во се поголеми и поголеми тенџериња !!! А, ако нешто остане - следниот ден ќе го „преспремам“ во друга верзија и ќе се изеде!!! [​IMG]
     
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.890
    Пол:
    Женски
    Ептен ретко фрламе храна. Ако нешто остане ке се дојади нареден оброк, ке го претоплиме, ке додадеме нешто, ке се изеди. Е некогаш кога останува превише леб им го даваме на комшиите, чуваат кокошки на викендица па тие си го јадат.
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Не фрламе храна ако само е расипана ама многу ретко кај нас, се јадиме :D:D
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ретко фрламе храна.Она што ќе остане им го даваме на кучињата, а ако нешто се расипе, што не е чест случај, тогаш го фрламе.
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Ич не сакам да фрлам храна, ама некогаш морам. Се случува да отвориме тегла и ако тоа што е внатре не се изеде на време се фрла. Некогаш и забораваме дека имаме отворена тегла во фрижидер. Лани тоа се случи со зимницата.
     
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.765
    Ич не сакам кога се фрла храна и можам да се пофалам дека ретко фрламе.
    И да дојде некогаш ред, ја собирам и на мачињата пред зграда што се мотаат им ја давам.
     
  17. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Фрламе и тоа често
    Често знае мм да си дојаде покасно,ама ако остане месо,манџа ако е нема шанси да се дојаде,и редовно се фрла
    Или некои намази,ке се отворат,и ќе се заборават дека се отворени,па после ајде фрлај
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.794
    Пол:
    Женски
    Храна фрламе поприлично..особено во лето.
    Гледам се што може да се даде на кучињава од околу, да соберсж и да им однесам..
    Тоа што знам дека не јадат, се фрла..
     
  19. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Ретко фрлам храна, гледам да готвам онолку колку што јадеме одприлика, евентуално да остане нешто за наредниот ден. Некогаш може да се случи да се фрли ама кога готвам во повеќе количини за некој повод. Леб скоро никогаш не фрлам секогаш го искористувам стврданиот леб правам топеница или пици, а во последно време некако најмногу заостанува.
     
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Не многу често, но се случува. На пример, остатокот од салатата.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.