Маж ми е фанатик на оваа тема, ич нејке фрлање на храна, ако може се до последно да се изеде... а јас не сум до толку...он дури и забегува,често се караме на темава. Знае да ми рече нели имаш осет, сме чекале редици на каса па сме мкнеле до дома ќеси, како немаш жал да фрлаш...
И јас фрлам, мм на кученца пред зграда понекогаш, јас немам нерви да селектирам, а се трудам да ја испланирам количината, за да спречам фрлање на храна.
Често фрламе храна таа храна што ја фрламе секогаш ја давам на некое кученце или маче, не можам да фрлам храна во контењер знаејќи дека некаде некој човек или куче, маче е гладно.
За жал имаме неблагодарен однос спрема вишокот на храна...Особено тажно е кога за храната што ќе ни остане од рестораните не ги цениме доволно парите што сме ги дале место да ни ги спакуваат за дома или да ги разделиме за тие што немаат...Сум зборувал со странци на оваа тема и викаат вие сигурно сте многу богата земја штом одбивате да ви ја спакуваат храната за дома...Не знам кај нас зошто преовладува таков однос...дали мислиме дека е срамно да побараме да ни се спакува или навистина сме толку богати па не ни размислуваме на тој начин, не мрзи или едноставно свеста не ни е развиена до тој степен за да почекаме да ни спакуваат и да се помогне колку толку на некого кому било каква количина ќе му значи, недостигот од трпение додека да ни ја спакуваат и сл...плус има и други начини како да се обнови вишокот на навидум застарена храна, да се допече,да се освежи и да биде можеби и уште повкусна место да се фрли...тоа бар ми го потврди Џејми Оливер кој го правеше токму тоа во неговите емисии и даваше совети за тоа.
Јас мислам дека свеста на луѓето не е доволно развиена на оваа тема и плус и срамот е во прашање демек ако некој побара да му ја завиткаат храната што му останала дека ќе личи на ,,циган" кој проси и нема за јадење, а всушност таа храна веќе е платена, не е дека некој бара нешто гратис.
Само знаеш, дури и во тој чин на одбивање да се земе храната,срамот, јас тоа си го толкувам и како позитивна особина на нашите луѓе, тоа е скромноста која го краси овој народ ама и непотребната особина да се остане кул дека ете имаш пари па голема работа ако оставам, под честа ми е да се тепам да ми ја пакуваат...така што имаме особини и на кои треба да се гордееме ама и такви на кои треба да поработиме и да ги претвориме во позитивни