1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фросина (1952)

Дискусија во 'Филмови' започната од Cvetetto, 16 април 2014.

  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Какви се не теми за филмови има на форумов,а нема за „Фросина“ .Страм да ни е. :x :worried:
    Фросина е многу значаен филм за нас македонците.Тој е првиот македонски филм.
    Фросина е една од многуте измачени македонски печалбарски жени, кои со мажачката не го добиле вистинското семејно огниште, туку се обремениле со сите проблеми што ги носи животот. По краткотрајните престои на мажот дома, таа раѓа деца кои поради сиромаштијата се кусовечни. Фросина е сама и кога ги раѓа и кога тие умираат. Единствено Климе, нејзиното последно дете, ги совладува сите болести што ги демнат децата и расте пред очите на Фросина како нејзина последна и единствена радост. Доаѓа војната. Климе заработува ловејќи риба со постарите рибари. Тоа е момче со сите манифестации својствени на неговата возраст. Неговата љубов останува залудна поради различните социјални средини на кои им припаѓаат тој и неговата сакана. Средбата со ранетиот партизан Крсте прави од Климе, дотогашен пасивен симпатизер, активен учесник во борбата против окупаторот. Мајката Фросина останува сама, во постојан страв за животот на синот. Доаѓа и денот кога партизаните влегуваат во градот. Со нив е и Климе, кој доаѓа да ја види својата мајка. По неговото заминување, Фросина ја забележува крвта на своите раце и го бара низ градот, на чии улици се водат борби. Тешко ранетиот Климе умира на рацете на мајка си. Борците заминуваат. Мајката Фросина останува сама во својата болка.

    Режија: Нановиќ Воислав
    Сценарио: Малески Владо
    Директор на фотографија: Билбиловски Киро
    Монтажа: Нановиќ Миланка
    Главни улоги: Бошкова Мери , Вељановски Петар , Јовановски Ацо , Подерегин Наѓа , Прличко Петре , Џувалековски Илија
    Споредни улоги: Бегинов Борис , Видов Тома , Винокиќ Киро , Ќортошев Кирил , Цекова Стојка Музика: Прокопиев Трајко
    Сценографија: Васиќ Милан Тон: Петковски Војне Светло: Ровнар Арса , Саздовски Трајче
    Асистент на режија: Попов Трајче
    Асистент на сценографија: Оџаклиевски Љубиша
    Асистент снимател: Петковски Љубе
    Директор на филм: Султански Живко

    http://www.youtube.com/watch?v=RdlHeRJnkmc
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  2. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Сум го гледала филмот малку поодамна кога го даваа на нашата национална телевизија и многу ми се допадна бидејќи од него научив многу за животот на нашиот народ за време на војната!Исто така имам гледано и други наши стари филмови коишто многу ми се допаѓаат!И се надевам дека во најскоро време ќе погледнам уште некој таков наш стар филм бидејќи мислам дека претставуваат верно сведоштво за животот на нашиот народ во минатото.за тоа колку нашиот народ бил храбар за да опстои низ искушенијата што му се наметнувале низ вековите!И не за џабе овие стари наши филмови влегле во аналите на македонскиот филм бидејќи произлегле од перата на познати сценаристи коишто и ден денес се спомнуваат како големи имиња во нашата кинематографија!Секоја чест за нив!Тие се и секогаш ќе останат наша национална гордост и наше национално достоинство! :emo: ;) 8) :* :inlove:
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано, знам дека Фросина беше идеализирана македонска мајка и жена, и ајде тоа нека биде во ред, ама зошто со трагедии да се отпочне... Инаку, филмот мислам дека е ОК како за тоа време. Последниве 10 години какво срa*е е снимено, па најслабите филмови што ги имам гледано се македонски :worried:
     
    Последна измена: 9 јануари 2022