Хаха мадристи ви се врати воздухот? Ако, ако нека се размрдат оти вака не е интересно само ние да ве полниме.
Леле ако заврши 1-х кој ја стаил јако ќе се опари. Иначе Барса ко Барса, против Реал на домашен терен, на сред Мадрид ги тепаа, а не па сега нормално ќе водеа на почетокот. Сега еве овие израмнија, на нет ја гледам и не гледам многу, многу. Се надевам на 3:2, не заслужуваат победа, Барса се појаки од тоа што можам да го видам сепак.
^ Барса воопшто не беа натпреваров појаки, и ако се резимира според шансите и нивната (не)реализација, ова требаше да е чиста победа за Реал Мадрид. Инаку, резиме од последново Класико: Збунета Банса и пренервозен Реал.
ЖАЛНО, СРАМНО, ЈАДНО И БЕДНО Е ПОМИНУВАЊЕТО НА БАРСА ВО СЛЕДНАТА ФАЗА. Ај нека се натрти судијата и сите играчи на Барса еден по еден да го бацат во дупе што на оваков начин им пушти да пројдат. Рака во шеснаесетник, поништен чист гол на Реал, картони колку сакаш за Мадрид, Бускетс у свое најдобро светло до сега за да се исклучи Серио Рамос..... Жално ама вистинито. Го допреа днотон и судиите и УЕФАЛОНА!
^ Од тоа што видов на нет, а пишав дека не видов многу Барса појаки ми изгледаа. Реал се исфрустрирани за да тепаат на Ел Класико, Барса порелаксирано играа од Реал. Овие противнициве душа ќе даат еднаш да тепаат, ааааааааарно ама не може, максимумот им е реми
Од тоа што успеав да видам на лошата снимка на нет, таков заклучок донесов... А фактот што Реал се исфрустрирани да тепаат на Ел Класико си е факт, целовреме Барса тепа или нерешено. На сред Мадрид ги тепаа, е таа ја гледав и не трепнав. Комлексот е пресилен кај Реал дефинитивно така мислам од се што сум гледала на вакви мечови... се ќе сторат да ја тепаат Барса. Убаво пиша Хај еднаш ми остана во сеќавање, Реал можат против сите освен против Барса, се согласувам...
Прво се виде кој играеше подобро и нема ни потреба да зборувам за тоа.Реал ги надигра Барса во секој поглед и тоа на Камп Ноу што не е мала работа. Друго,толку педери и плачковци на едно место долго време не бев видела.И уште еднаш се потврди тоа дека кога Барса се почувствуваат немоќни,секогаш ги имаат судиите како опциија..Повеќе се влечеа на терен отколку што играа.Задоволна сум од Реал и од тоа како одиграа и покрај толку неправди.Пропуштија многу шанси но играа извонредно. Трето јас лично би се срамела да бидам навивач на Фарса овај де Барса. А вака да не трескаш глупости бива? Ако не си гледала трај си и ќути си.
http://www.youtube.com/watch?v=2jaWqv33yLI да сум јас судија , би го признала ова за гол иако не е.. Неверојатно, заслужува пофалби Озил прекрасен беше !!
Сега сум само уште посигурна во моите ставови дека Барса неможе да тепа на големи натпревари без + играчи (судии). Да, Реал згреши на домашен терен, ама сега го видовте вистинскиот Реал. Која среќа ја имаат значи..еднаш фатија топка, 2 гола дадоа. А тоа што судијата си подели едно 10 жути картони, друга ствар. Срамота и греота и беше ова денес. Браво за Озил, многу добро одиграно, што им направи само што не се прашаа каде е топката? Кога сум лута на Реал, не ги фалам и признавам, ама ова денеска беше феноменално. После ова нема пречки за Реал..ајде сега одиме на Ла Лига и ЛШ, нема разочарување.
А ти БлекСвон да се смириш бива? Дај не се фрустрирај срамота е. Олабај се, фудбал е АЛО, диши. Не ти зависи животот од тоа, ебате белја. Кај пишува дека не гледав? Ко 1 гледав на нет, на снимка, немам СпортКлаб на кабелската и морам на нет, што мислиш да имав друг избор немаше да го искористам? Се нервирав на кочењето на снимката максимално, но тоа не значи дека не сум видела ништо! Головите во прво полувреме џабе да не беа, 2:0? Од нигде, испарија, а? Реал се исфрустрирани според мене тоа си е факт бе. Оваа утакмица не покажува дали се или не се, туку сите вкупно утакмици изиграни против Барса, а од тоа што сум глеала така мислам. И дај види статистика колку победи имаат Реал, а колку Барса, па после обрати ми се, важи?! Ако си ја глеала утакмицава од прва до последна минута на супер снимка не те праи експерт. Те бришат, па редактираш. О Господе, помогни и те молам, неконтролирана личност со емоционалнии испади.
Не сум јас воопшто нерзвозна а гледам заклучи дека сум нервозна по тоа што напишав ново мислење па после да не трупам за џабе редактирав.Јаоо,како е можно по тоа да заклучиш дека животот ми зависи од оваа утакмица .Браво за тебе. Зошто тогаш ако не си ја гледала убаво утакмицата коментираш нешто што нема никаква врска со натпреварот.Реал бил исфустриран .Навистина ми е доста од луѓе кои само површно пратат фудбал а после даваат коментари што немаат врска од животот.Ете тоа ме нервира.Никој не те обвини зошто и што и како не си гледала но воздржи се од коментар кога не си видела што се случуваше.
Кире Ангеловски(инаку фан на Барселона).... За прв пат ќе кажам дека ми е срам дека сум судија,дечкото не знаеше главата каде му е.Прво не судеше пенал за Реал,потоа не го исклучи Лас и даде смешен на Касиљас,...Второ полувреме 4 старта на Алвеш без картон,2 на Пујол исто така додека на Реал секој старт беше картон...Продолжеток 3 минути од кои 20 секунди игра и на крај ја прекина утакмицата од страв. еве има и такви кои си признаваат
Па јас така мислам, дека е исфрустриран тимот од противников. Каков е односот на победи меѓу Барса и Реал? Нормално како и секој тим, ќе сакаат да победат, малку победи имаат за разлика од Барселона, а важат за тим од Мадрид, кралски клуб...и слично таму. Зборам за Ел Класико, да не се сфатиме погрешно. Инаку зошто мислам дека се чита Сантјаго Бернабе стадионот на Реал? А не Сантијаго Бернабеу како што стои во твојата локација? Се глеа кој прати површно фудбал. Јас Барса од многу одамна ја пратам, и дефинитивно името на стадионот во сон да ме прашаш знам да го кажам. Како и да е...да не одиме офф-топик повеќе.
Зошто оф топик? .Си коментираме за натпреварот и за тоа кој колку се разбира од фудбал. Вака,ќе идеш на Гугл ќе искуцаш Реал Мадрид на Википедија на македонски и таму ќе си прочиташ убаво како се пишува стадионот со кирилични букви.Затоа што вака од мислење глава ќе те заболи.Јас на тебе за фудбал а особено шпански можам предавања да ти држам. Мисли си ти дека Реал е исфустриран тим,тоа си е твое мислење.Но вечерва ги пишуваме впечатоците од оваа утакмица а не од пред 7 дена .
Оф девојче па ти од Гугл транслејт ако се раководиш да да во право си, уживај Сантјаго Бернабе се чита, Santiago Bernabéu се пишува. Предавања не можеш да ми држиш во никој случај, освен за Реал што можно е повеќе да би знаела, но јас секако не сакам да ти ги слушам, што се сомневам дека воопшто и знаеш, зошто ни името на стадионот не знаеш да им го прочиташ, буквалистка си и ако некој коментатор на натпревар го прочитал така ти си мислиш така е. Инаку офф-топик е дискусијава, темата е фудбалски натпревари а не „Кој колку се разбира во фудбал.“ како што викаш ти. И глупо е веќе да се оди офф-топик зошто мислам дека ќе бидеме бришени. Губење време е ова.
Добро,ти се разбираш од фудбал јас поим немам среќна? Драга моја,јас шпански зборувам од 13 години и џабе ќе ти објаснувам но има разлика од буквите кај нив и кај нас и тоа како се пишуваат и изговараат.Толку од мене,прекинувам со оф-топиците како што кажа.