Ауу главата ме заболе од читање на вашите коментари.ФАРСА, ПЕДЕРИ, ПЛАЧКОВЦИ, ДА ИМ ГО БАЦЕТЕ ДУПОТ.Ај ве молам КОМЕНТИРАЈТЕ КАКО ЛУЃЕ.А кој речник го користите со тој ке ви контрирам.9 пати како глувци ве смачкавте па никогаш не сум ве изврегала така.Жите се страм да ми било оти сум фан на Барселона.Бре мајката а вас ви беше страм кога вашето животно го имаше на секоја насловна предходниот натпревар а сега ке ми зборувате како тоа одлично играл и сте горди фанови.Кога резултатот беше 2-0 еден немаше на темава освен ти (БлекСвон) и до вчера велевте колку сте разочарани и дека си заслуживте пораз а сега 2-2 и опп нова приказнаа.Повторно судии, повторно глума како на вас да ви се сопира бре.Па играјачите незнам какви ни биле, Месии глупак, појма нема а човекот има освоено 3 златни топки а Роналд на малиот прс не може да му се фати исто како Мурињо на Гвардиоло Ауу ај ставам крај отиии...кога ќе се смирите и ќе се смирам тогаш ќе зборуваме оти вака...А јас знам да признаам пораз (мада овој не е) и знам спортски да подадам рака после секој натпревар и да прекоментирам човечи а вие тоа не го знаете.И да не се исчапативте толку немаше вака да напаѓам.Ај чао пријатно и да не гледате во ПОЛУФИНАЛЕ
^ Hiii... Колку и да имаш основа во се’ она што си го пишала, морам да ти замерам само за едно: Смешно е да велиш дека Мурињо не може да му се фати на Пеп за малиот прст, односно смешно е воопшто да ги споредуваш нив двајца. Мурињо е далеку над Гвардиола, кој рака на срце дојде во една Барселона која имаше пресилен тим, но и’ фалеше организација и лидер. А Мурињо го потсети светот дека и „малите“ тимови имаат место покрај големите (Порто), „воскресна“ тим од мртвите (Челзи) и разбуди тим од длабок зимски сон, долг пола век (Интер). А и сега со Реал е далеку од лош, и во Шпанија, и во ЛШ, само ете, се погоди за противник да ја има „златната“ генерација на Барселона. Кога последен пат Реал имал „удобна“ предност од 5 бода пред Барса? Јас искрено не помнам. Плус, Мурињо секогаш се справува со негативниот публицитет, кој да бидеме и реални, воглавно сам го навлекува со ставот „сами против сите.“ Дали Пеп под истите услови и со истите тимови ќе го постигнеше истото? Не знам, но не верувам...
Ма ајде бре од контакт ме извадија со нивните навреди.И да подобар е само незнам дали го гледаше доделувањето на наградите Инаку пострамно од тоа да вреѓаш бидејки еднаш си изиграл малку подобро здравје, и да кажеш дека Меси е тапа и педер а има 3 златни топки...Сите трева пасат освен фановите на Реал. И ве молам барем за сега не ми контирајате...
Сите признаа дека тоа со Пепе не беше убав потег,наврати се назад и прочитај ги десет пати ако е потребно. Хај,барем еднаш признај дека има(в)те помош од судии,барем еднаш признај.Зошто тоа е сигурно така...Еве во еден од претходните постови и судија изјавил дека не е воред тоа што се случува. И те молам кажи ми во што е подобар Меси од Роналдо?(Немој да ми кажеш заради златните топки зошто не ти држи вода)Меси ги има благодарение на Чави и Иниеста,без нив го нема никаде.Типичен пример за Аргентина а и нема играно во никоја друга лига освен во шпанската која секоја сезона се борат 2 екипи ама нема да трубам за ова сега.Дали ти слушна што рекол Пепе за Меси?... Мурињо е многу над Пеп а те молам немој да бидеш пристрасна барем еднаш(како што и јас не сум)барем сум реална.Не велам дека Меси е слаб играч ами нема да биде без помош на горе споменатите. И како тоа Гвардиопла е подобар од Мурињо?Погледни ги успесите на двата тренери па потоа споредувај.
За првото болдирано никој не го оправда Пепе,сите го искритикувавме,а сега играеше подобро но никој не рече дека играл одлично . За второто болдирано не бев само јас,беа и други навивачи на Реал и си го признавме поразот.А секако дека ќе е нова приказна затоа што ова е друг натпревар со кој сме задоволни за разлика од првиот.Мешаш баби и жаби. За третото болдирано јас Меси никогаш нема да го ценам како играч и ако сака 1323 златни топки нека добие.Лигаво,префорсирано суштество.Не може да мрдне на друго место а во Барса е крал . За четвртото болдирано зошто да ви подадам рака,за игра со судии ли? Ви честитав кога победивте чисто но сега... А ќе гледам полуфинале и ќе навивам за Валенсија.И без таа купска титула ќе си останете.
Пеликуна топките ти се доказ дека е подобар.Се натпреваруваа Меси,Чави и Роналдо и победи најдобриот. Бидејки очигледно дека Меси имаше дупло повеке гласови од Роналдо (валда ја виде табелат да не барам сега) и тие бодови не му ги доделиа сите за лепота.И сега бараш да ти кажам во што Меси е подобар од Роналдо као демек јас му ги доделив а не светот.И да Меси не игра себично како вашиот туку е доста соигран со својот тим и тоа го потврди со што му се заблагодари на Чави братски и рече дека топката ја заслужува и тој исто како него. А сега ти кажи ми од кога фудбал играат и се величат поединци? Бидејки нели Меси е најдобар по заслуга на Чави и Иниеста.И кога Меси минува 5 играчи со еден потег и дава гол пак тој не е заслужен нели (најнов пример ти е натпреварот Малага-Барселона).А на ваква златна тројка сите можат само да љубоморат и од инает да зборуваат Е што сега ке се лажеме ли? Како да не се филмите на страната на Реал... ај ај гледам јас се Не мешам јас баби и жаби и да некои (мал дел) признавте а ние не ве извреѓавме во никој случај и до дека резултатот бепе 2-0 глас не пуштивте тогаш се страмевте нели и дојде резултат 2-2 не направите подоле од магариња
Е затоа ми одмили Ел Класико и синоќа не гледав. Туку оваа за Меси не ви држи вода, сакале - нејќеле вие, тој е моментално најдобриот играч и Роналдо не за прстот, ами за ноктот не може да му се фати. Јас пишав еднаш, каде е Роналдо во Португалија? Се покажа и тој, нема што . Меси не игра сам во Барса ама знаете ли зошто? Бидејќи таму се игра тимски, а не како во Реал, се манекени и ѕвезди се собрале. Не велам дека Реал е слаб тим, факт е дека годинава се многу добри, ама кога играат со Барса, во тој случај Барса е појака, признајте си веќе. Јас од една страна ги почитувам играчите на Барса, но од друга страна тренерот на Реал. Јас од сите стратези овој човек го сметам за најдобар и му симнувам капа. Мурињо, ми се чини дека моментално е и најдобриот стратег, ама во погрешен тим. Но и покрај тоа сеуште мислам дека годинава ќе го освојат првенството, а можно е и ЛШ. И сте запнале со судиите, па еве ви една мала споредба. Кога и да изгубеше Македонија во ракомет плукавте по судиите, а тоа што нашиве правеа грешка до грешка не се сметаше. Друг пример е со кошаркарите. Во повеќето натпревари нашите играа и против судиите, пастигнаа до полуфинале. Така да не ви држи вода муабетов за судиите. Можеби им помагаат, во ред, ама ако Реал е толку јак како што пишувате овде на едно добри 5 страни, тогаш ни судијата, ни Меси нема да ви се проблем, зар не? Ама фактот е дека играчите на Реал си имаат психолошки проблем кога играат со Барса, а навивачите си имаат проблем со лоштото судење и глумењето на Барса. Но само со глумење не се станува најдобриот тим нели
Златните топки?Хахахахах па и Бекам едно време беше најдобар ама никогаш немаше добиено златна топка ако добро паметам.Исто и Сколс еден од најдобрите играчи во средниот ред,или Гигс...на свои години играат како 20 годишни ама никогаш немаат добиено.Што не значи дека тоа е доволен доказ.Пеле кажа додека Меси не направи успех со Аргентина не е најдобар играч на светот.Што повеке знае обичен фан во споредба со фудбалски критичар.Да,гласаа и ја видов табелата ама колку е заслужено.Ајде размисли малку дали да не беа Чави и Иниеста Меси ке беше најдобар?Типичен примнер Аргентина,по не знам кој пат ке кажам.таму тотално се губи зошто тоа дуо го нема а во Барса го има,и затоа е толку добар.Да,навлекува 5 играчи ама некој мора да му помогне во таа акција.Според мене Чави највеке ја заслужува таа награда од било кој друг не мора да е Роналдо.Нека се обиде сам бе...како Роналдо во Јунајтед кога буквално го носеше клубот до победа.Кога Руни беше повреден,кога имавме суспендирани и други повредени играчи,кога игравме со играч како Димче Роналдо секогаш ја превземаше работата.Нека се проба Меси во Англија,па тогаш ке збориме.Се што ке кажеш џабе ти е. Роналдо го нема за Португалија ама не е исто да се игра со играчи како Агуеро,тевез Ди Мариа со оние од Португалија.Како што го нема и Меси за Аргентина. Тоа е од мене,секој со своето мислење.
Фала ти на одговорот се читаме друг пат.Не вреди повеке да се коментира, сфатив дека фудбал за тебе е кога игра само 1. Цел свет признава дека е најдобра освен неколку стручни лица , фанови на Реал и Јунајтед.
А оние кои ја доделуваат златната копачка не се фудбалски критичари така? Глумци се? Ве прашав каде е Роналдо во националниот тим? Едно е да навиваш за тим, ама доблест е да признаеш дека некој кој не во твојот тим е најдобар. Се правите дека гледате фудбал, а по се изгледа не знаете дека во фудбалот секој си има своја позиција од каде што игра. Или пак ова ви е најсилниот аргумент против Меси . едит: На Жозе Мурињо му е роденден денес, нека му е Среќем Роденденот
Aу ау напнато мајке ми. Страв да ти е да ја отвориш темата Јас како навивач на Барса рака на срце ама мора да признаам Реал вчера беа добри! Ма не добри,беа предобри! (болеше ова да се каже,многу) Само едно не ми е јасно..добре бе па мора ли при секоја опасност што ќе ја видат од Меси.. физички да биде запрен.Аман веќе,па нека најдат друг начин,не се веќе интересни :roll: А не Реал не им беше одземен чист гол,да се разбереме.Имаше таму прекршок,минимален ама сепак доволен(кога напаѓачот го повлече за рака..незнам кој беше во одбрана таму). Во недостиг на време сум па подоцна ќе го коментирам подетално вчерешното Ел Класико.
Aбе нека проба во друга лига без Чави и Иниеста па ке видиме дали е толку добар.Поединец во секоја екипа постои...Јасс не реков дека не е силна Барселона ама има помош од судии,барем еднаш признај ништо друго не барам.Имаа вчера помош,барем ако си спортски фан признај. Јуле јас кажав за Меси и за Роналдо.Како што го нема Роналдо за португалија го нема Меси за Аргентина.Но во Аргентина има поголеми фудбалски имиња отколку во Португалија...Агуеро,Тевез Анхел Ди Марија,Игуаин и остало за разлика од Португалија кои играат со играчи од буквално послаби лиги и постари на чело со голманот и Карваљо. Друго,не реков дека тие што ја доделуваат наградата се глумци или пејачи ама јас мислам дека дел од тоа што го кажува Пеле барем има малку вистина,за други не знам. Браво смајли конечно еден реален пост од фан на Барса.
Како што кажа Пеликуна во Португалија нема добри играчи и не може само Роналдо да играе,иако поголем успех има од Меси во секој случај. Сега земете пиштол ми ставите не глава за да кажам дека Меси е најдобар,цар,легенда .За мене не е и крај.Аргументи има многу против Меси. - Чави и Иниеста му местат многу топки - Во Аргентина никаде го нема. - Не се испробал во појако првенство,вака ќе се сили на Билбао и Мајорка.и ќе промашува пенали . - Аман веќе со таа златна топка,како да е тоа некаков показател кој каков играч е.Поради тоа што Барселона се прваци и затоа и гласаат за играчи од Барселона.
Како ма ти можеш така да речеш за Меси?бегај таму ништо не разбираш ти.Меси има три златни топки и е најдобар...Роналдо може вода да му носи Немаш појма што збориш.
За мене златната топка изгуби смисла откако лани не му беше доделена на Снајдер, кој на свои „раменици“ го однесе Интер до трите најважни титули... Апсурд невиден!
Сега ќе се вадите и на слабиот тим на Португалија и јакиот тим на Аргентина. Не моажм да ве сфатам, ве читам и ви се чудам. И јас страсно навивам за Милан, и со срце и со разум, ама не сум заслепена до волку. Како сакате сфатете ме, ама не сте во состојба да прифатите било што. Не е работата вие да го сметате за најдобар, туку да прифатете дека е така бидејќи има некој што од вас е постручен и повеќе се разбира во фудбал. Со тоа што ги спомнувате Чави и Иниеста дека му ги местат топките, треба да разберете дека на нив таква им е позицијата. Ама едно што не се разбирате од фудбал, друго што сте премногу заслепени од Реал. Нема лутење. Или пак се разбирате, ама од толку што ги мразите Барса, не сакате да го согледате тоа. Тимска игра! Да се надополнам, на Меси и златна топка да не му дадат пак ќе биде најдобар. Го гледам како игра и секоја му чест.
Да Барселона се најдоби и Меси е најдобра играч и вие признајте како спортски фанови.И гледате ли дека сами си ставате капаци.Ај што бајате дека за вас фудбал е кога игра и се величи поединец па сега велите дека во Аргентина играат слаби играчи...Значи слаби играчи и најдобриот и ајде пуцајј, фудбалл совршен тим.Напред Меси Аргентина е со тебе Абе кој ви држеле такви часови, ве лажел
Хај пак ке повторам за последен пат.Нека проба во друга лигабез Чави и Иниеста да видиме колку ке биде јак,дали ке освои титула најдобар играч и све остало.Ако успее еве јас ке го ставам Меси на аватар цела година. Во врска со репрезентацијата,како што го нема Роналдо го нема ни Меси...точка.End of discusion. Јас не реков дека Меси е слаб играч никаде ама вие го правите Господ ама не е.Во Барса мозокот се Чави и Иниеста не Меси.Наместете ми мене топка и јас ке дадам така.
Хахах од нервоза на смеја почна да ме избива Абе вас некој да не ве плаќа така да зборувате? Ајде, ајде јасно е дека мегу толку жени разбирачка нема, поготово се стручни лица на едно место... Се читаме