Јас ти тогаш реков да не збориш Реал Задрид. Затоа што тогаш си беше чист натпреварот,правилно судење.Реал одиграа послабо и затоа Барса победи.Ние никаде не кажавме тогаш Фарса туку дури и ви честитавме.Тоа беше за натпреварот во декември мислам. Има разлика од тогаш до сега.
А да секако ајде сега одиме во историјата.Значи тогаш Старбакс велеше уаа Фарселона, не ви ја признавам победата, глумци.. и затоа јас реков само Реал Задрид и тоа беше тоа, и пред тоа само Фарселона зборувавте како и сега ...и веднаш добив коментар не вреѓај
Искрено,се надевам дека нема да биде ова последно Ел Класико што ќе го коментираме на темава. Благодарам на вниманието .
Јас пак никад не сум се бунела дали некој ќе пише Реал Мадрид или Задрид. Мада ова Реал Задрид нема смисла, ама ајт, не ми сметало никад. Ни па сум се бунела што пишувале дека Роналдо е педер, Пепе животно и сл. Секој си има право на сопствено мислење. Ја моето си го кажав за ФАРСЕЛОНА и стојам зад тоа. И не гледам зошто некој би се почувствувал навреден од тоа. Затоа реков, ако немате живци прескокнете ми ги мислењата во оваа тема и завршена приказна. Ама да се припотресе некој до толку за ФАРСЕЛОНА ИЛИ УЕФАЛОНА не ми иде во глава. Па ја невидов некој навијач на Манчестер да се навреди до толку што клубот го викале Гејчестер или Интер - Шинтер. ОП стоп - прекинувам со дискусијава тука
Ако тоа на Хај било навреда што сите и рипнавте, каде бевте да рипнете кога БлекСвон ми рече: Ај не трескај глупости?! Упс да, рипнавте, исполајкувавте. Срамота за вас! Сега ги повикувам само фановите на Барса, не мадристите зошто Реал не се пласираше во полуфиналето, па...како да кажам. Леванте или Валенсија? Што мислите? Јас се мислам Валенсија ќе биде, ама богами Леванте јаки се, јаки. Како и да е, ќе ги исплескаме кои и да се и идеме во финале
Таман си реков доста беше трупање на темата со оф-топици и повтарање се на едно исто морам пак да пишам. Плавуша за тебе "Не трескај глупости" онака баш навреда е? Ти кажав јас дека тоа го кажав во афект и ти се извинив но биди искрена и кажи дека тоа што го пишуваше немаше врска со утакмицата што беше вчера и по некоја логика да,глупости се.Не те навредив лично тебе туку твојот коментар што немаше никаква врска. Ми досади се едно исто да повтарам,тука прекинувам со оф-топиците.
Во ред ние средивме во ЛП, ама премногу ја нападнавте Хај сите, можеби зошто навивачите на Барса не се ни расправаат, полуфинале си имаме и не се замараат, ама пак е многу невкусно само поради тоа што и ти кога ме навреди мене, конкретно Боа не кажа ништо, те поддржа со лајк само затоа што навивате за ист тим... не бива. Ако е навреда, навреда е за сите, а не за нашиве е навреда, за другите не е. Не е фер. Боа, не си праведна во случајов. Ајде доста офф-топици тоа имав да кажам. А коментарот ми беше повеќе општо за Ел Класико да, ама пишав и дека пеналот беше пенал, ама дека да беа толку јаки Реал немаше да се надеваат на грешките на Барса, туку ќе си одеа офанзивно на свој грб и да заслужуваа победа. Добро играа солидно не викам не, ама повеќе ги гледав црвеносините и нормално за мене поубаво играа. За Меси нема збор, кој што сака нека каже. Меси е Бог во фудбалот, дефинитивно. И нормално дека Чави и Иниеста ќе местат топка, асистираат, на таква позиција играат. На Роналдо никој топки не му мести, сам иде од половина терен до гол, така? Дајте ви се молам. Па Роналдо е подобар од Меси само во фотосесии за познатите модни куќи.
Хихи, девојки, легенди сте, секоја Ви чест. Попрво ќе дојде датумот на новото Класико, отколку што вие ќе ги смирите тензиите по последното... Заврши, Барса победи на вкупен резултат, и оди во полуфинале, веројатно ќе го освои и купот. Од друга страна, Реал од коло на коло е чекор поблизу до титула во Примера. Во ЛШ и двата тима газат сигурно. Тоа е тоа. Ќе биде интересно, ќе видиме.
Кога почна Милан да губи 1:0 си викам чудно, неочекувано... потоа си викам сега ќе направи пресврт. И туку гледам, 1:1, 2:1, сега и 3:1 опа машала, машала Милан си гази Аааааајде да ги земеме 3те бода сега со Лацио! А инаку не ја гледам Леванте со Валенсија само на резултати уклучувам од време на време и гледам 0:2 засега води Валенсија, ама има време. Вака и си мислев дека ќе биде, сепак...
Ме бендиса играта на Милан, поставата беше солидна и добро изиграја, секој натпревар Сидорф се повеќе и повеќе ме воодушевува.. одличен е Одиме на победа против Јувентус, држете се момции
Најти а јас па на тебе најдов да ти се обратам. Чисто онака низ муабет. Ти самиот си кажа, Гвардиола дојде во една Барселона без никаква организација, без вистинска игра, без лидер, без надеж. Е таквата Барселона Гвардиола ја крена на нозе, доведувајќи ги на вистински пат, купувајќи ги вистинските играчи, воведувајќи ја вистинската игра, особено за Меси, Чави и Иниеста. Таквата Барселона од која се откажуваа менаџери, тренери.. во која никој не веруваше, стана вистинска светска сила благодарејќи на овој човек. Ако Мурињо го потсети светот дека и малите тимови имаат место покрај големите, тогаш и Пеп не направи ништо помалку. Почит до човекот и поздрав до тебе.
^ Но тогаш и ти се согласуваш дека ако ништо друго, Пеп не е над Моу, туку се на исто ниво. А мене тоа ми беше поентата, да не се прави споредба меѓу овие двајца, зашто ако навлеземе во детали, она што го постигна Моу е исто така исклучително. Нема што, заклучокот е тој, дека се работи за двајца уникатни тренери. Поздрав и до тебе.
Не ми се чита во оваа тема само заради гомнојадците или такозвани фанови за Барса кои и сами не знаат за кој навиваат.. Чист гол беше оној кој го поништија, 1000 фанови на Барса си признаа. Очигледно е дека Барса е преисфорсирана и судиите се на нивна страна. Барем можевте да видете како се израмнува од 2-0 на 2-2, а ако беше се фер требаше да биде 2-3 а Реал. Али шта је ту је, кој последен се смее наслатко се смее. Ве облеа ладна пот кога израмнија нели? о да да, се уплашивте да не речам се покакавте.
Се извинувам што ви се мешам во темата и муабетот ,ама гледам дека е активна па си викам ај да ѕирнам и да видам за кого навиваат девојките. Инаку јас не гледам фудбал,пред некои 5-6 години не пропуштав ниту еден натпревар на Милан,многу си ги сакав,ама тој Милан со тие играчи кои беа тогаш,и целата таа постава. Летово отидовме со дечко ми кај еден негов другар и баш играа Милан,си викам супер ај ќе ги гледам одамна не сум ги гледала(а за сите тие години воопшто не пратев ништо и немав врска што се случувало).И што да видам се непознати фаци,го прашувам детето абе Анчелоти не им е веќе тренер нееее,а Малдини игра?Не бре тој е во пензија... А Шефченко Аааа тој одамна не е во Милан веќе.Ај добро а Кака,омилен ми беше,а и овој на голот не е Дида Ми се изнасмеа детето,си реков ај повеќе да не прашувам. Како и да е,до ден денес ми се така омилени,колку да не сум без ич
Не коментирав за ова Ел Класико. Но фан сум на Барса и имам пројадено гомна како што сте напишале па затоа ќе земам за право да ви се обратам. Сепак, мислам дека треба малку да размислите пред да кликнете Испрати. Доколку ви е точна возраста како што пишува, извинете ама воопшто не ви доликува. Ја сум 7 години помала од вас и знам да направам скромнa ама смирена дискусија. Не би сакала да ве навредам со ова, напротив. Сакам да ви покажам дека не е во ред ваквиот начин на комуникација. Да не бидам оф топик. Го чекам натпреварот Милан-Арсенал. Одамна не сум ја следела нивната игра, незнам што да очекувам. Ќе биде интересно.