За Ел Класикото пишав и претходно, според мене Барса неправедно мина. Точно дека беше подобра на Сантијаго Бернабеу, извади резултат 1-2 во нејзина корист, ама на Камп Ноу не беше подобра во никој сличај. А во купот се земаат во предвид и двата меча, не само тој на Сантиаго Бернабеу. И да судеше судијата барем малку пореално и да не беше толку многу пристрасен, резултатот на Камп Ноу ќе беше најмалку 2-3(а може и повеќе) во корист на Реал. Иако еве сега сите медиуми пишуваат и го спорат вториот гол на Барса, поради што и судијата си доби казна. И што дека е казнет? Тој битно си ја заврши работата, а благодарение на тоа Барса влезе во полуфинале. Ама тоа веќе не ме интересира и не ми се коментира за тоа. Сега Реал треба да се насочи кон Ла лига и ЛШ, а досега баш добро му оди. Точно дека 7 бода предност не значат титула, барем сега за сега, ама да бидеме реални дека во Шпанија тешко се стигнува предност од 7 бода. Минатата година ова време, Браса му бегаше на Реал со 5-6 бода, и уште тогаш си пишав дека Реал може да се збогува од титулата, иако потајно се надевав дека Барса ќе киксне или ќе се деси чудо. Да, ќе киксне Реал до крајот сигурно, ама ни Барса неможе да ги изигра сите натптевари до крај со победа, посебо имајќи го во предвид фактот што се натпреварува во три натпреварувања - Куп, Ла лига и ЛШ. Така да мислам дека оваа година титулата во Ла лига ќе оди кај Реал.
Малце да ве пецнам само . Меси на ФБ се придружил во групата "Сите кои го бараат патот до голот на Виљареал" . Нов Windows 7 (во каталонски стил). И за крај уште една смешка.Играчите на Барселона изјавиле дека судиите престрого судиле кога се работело за нив .
Сити со Евертон 1-0...победа на Евертон со голот на Гибсон...бивш играч на Јунајтед.Тоа зверко... Јунајтед со головите на Чичарито и Димче 2-0 против Стооук...И се израмни со Сити на врвот на табелата Челзи бедно,едвај до реми дојде со Свонси. Ливерпул победи против Волфс. Интересно интересно...
... И Интер 4:4, Калјари ја победи Рома 4:3...Милан изгуби од Лацио 2:0 Едноставно запрепастена сум, ај што ми пропадна ливчето, туку скроз неочекувани резултати беа денешниве. Не можам да се изначудам.
Влегов во темата и си викам за што зборуваат? . После ми текна дека било полуфиналето од купот.Само и во реваншот Валенсија да се потруди и да извади подобар резултат и се ќе биде во ред. Барса пропаѓа,тоа ми се допаѓа .
Играчите на Фарса пак плачеле дека судиите биле против нив . http://www.youtube.com/watch?v=m0PCpYRr ... r_embedded Видео на кое јасно се гледа дека Пинто надвор од шеснаесетникот ја допира топката со раце, што би значело директен црвен картон и слободен удар за Валенсија. Не беше досудено ништо После тоа досуден пенал за Барса. Меси ко по обичај го промашува http://www.youtube.com/watch?v=wkjgxCj9xpg Да, да судиите се криви. Требаше да му дадат на Меси да шутира се додека не погоди За крај, најновата верзија на Ai se eu te pego http://www.youtube.com/watch?v=XgZuQoQ1 ... r_embedded
Messi <3 како зборувате така за Барса бе,срам да ви биде Реал си нема врска од играње а Мурињо е светлосни години зад Пеп. Туку татко ми како фан на Интер синока призна дека Интер е најзабеганата екипа што постои во фудбалот. Јас се чудам како успеа да не загубат... И Милан ме разочара...ах ах ах.Што ли се случува?Ке биде интересен текот на настаните.
^Тоа и ми беше вчера прашањето,добро бе што по ѓаволите се случува со Барса ? Ама ај после некако се оправи имаше вчера шанси Барса,штета. И не,не му замерувам на Меси за промашениот пенал,па каков навиач би била тогаш јас?! Се гледаше колку беше разочарен... Ќе се врати Барса,ќе видите Ништо,ептен сум разочарена од вчерашните резултати..абе Милан-Лацио 0-2 Speechless.
Реално 1-1 на гостински терен и не е така слаб резултат. Со минимална победа од 1-0 дома Барса минува.
Лесно е тоа,финалето е наше,море и купот е наш На друго мислев: -Ел Класико каде баш и не одиграа добро. -Ремито поради кои сега Реал има +7 -и вчерашната игра
Хахахаха,многу е јако .Кој разбира шпански нека го погледне . http://www.youtube.com/watch?v=V-gmS2iA0a4
А на крајот Мурињо му вика Одсега натаму оваа ќе биде химната на Реал Мадрид . Messi,Messi te partire la cara .Се отепав од смеење и 50 пати го гледам од прееска.
Хаха закон Одговара оваа да им е химна, богами нај впечатлива од сите! Дури Меси и во химната ќе си го отпејувате Сигурно чест ќе му биде
Да не сме Хај,јас Боависта и Блаксван темата ке замре Туку утре дерби меч во Англија Челзи -Манчестер Јунајтед. Кај Јунајтед се вракаат Клеверли,Нани,Руни,Јанг а Челзи ке игра без Тери,Лампард,Ешли Кол(мислам дека беше)и без Рамиреш Колку убав роденденски поклон ке биде ако победи Јунајтед утре
^ Тоа значи дека сме нај инетливи женски од цел форум Туку жал ми е бре за Челзи...каков баксуз ги протер од кога го купија Торес Дај боже да победат утре (a ептен тешка работа) колку за да им се врати самодовербата и надежта Ако не им оди попуштејте им! Спојлер Мразам кога Барса играат сабота
И да знаеш Пеликуна,другите слабо не дружат овде . Очекувам вечер победа против Гетафе,се надевам дека нема да има непријатно изненадување и дека ќе ги земеме трите бода .Чаби Алонсо по се изгледа ќе игра,а и Марсело исто па мислам дека не би требало да има проблеми но сепак не се знае,сепак градски ривал е. Баш сакам да го гледам дербито меѓу Челзи и Јунајтед ама нема да можам,затоа си алувам без Спорт Клуб.Типувам на Челзи . И,утре му е роденден на Кристијано.Ајде вечер нека даде гол во таа чест .