Ставив ливче на ваучер од 20 денари 4 утакмици на тепка и тоа со добивка 1160 па замислете коефициенти, онака од зезанција и само 1 ме зезна, Барса Б. Дрезден тепаше 3-1, Дортмунд ја имав 2&3+ тепаше 3-2 како порачано, една одложена и само Барселона Б 0-0 заврши со Виљареал, криво ми е. Секако намалена ќе ми беше добивката без коефициентот на одложената, ама пак бе зошто да не тепаат
Ееее јас заедно славам со него Која чест ја имам Инаку тешко дека Челзи ке дојде до победа со оглед на отсуството на некои играчи,посебно на Тери. Јас знаев дека Торес ке пропадне во Челзи ама имаше едно другарче што викаше почекај де прва му е сезона а кога Ферги го зеде Чичарито сите се смееја...ете се покажа кој е подобар макар кој колку кошта.Некаде читав дека Торес нема дадено 1000 минути гол Штета за ваков играч,отиде во Челзи да освојува титули а не може и еден гол да постигне.
Пеликуна навистина,што убаво што си родена во ист ден со Роналдо . Јас вчера на татко ми му викам,во недела му е роденден на Роналдо и он ми вика на торта викна ли те а јас па како може да не ме викне .
Баш ги гледав статистиките на натпреварите Реал - Гетафе и се загрижив малку - 3 победи, 3 порази, 1 нерешен натпревар, 11 дадени и исто толку примени голови . Незгодно гостување, иако се игра во Мадрид. Сепак мислам дека вечерва ќе победи Реал, можда нема да биде лесна победа, ама ќе победиме Мотив плус е роденденот на срцката Кикица
Оно,ние секогаш се надеваме на победа ама пак и мене нешто ми вели дека вечер ќе биде неизвесен и тежок натпревар.Иако Гетафе се реално слаб тим ама сепак ме загрижува тоа што ја победија Барса и тоа на нивен терен.А вака на гостување којзнае .Па сега и статистиките што ги видов.Не знам,не знам останува да видиме. Пеликуна па јас сакам Роналдо со нешто друго да ме почасте,а после може со торта .Ај стварно забегавме.
Гостинскиот терен не ме плаши многу, зошто се игра во Мадрид и ќе има многу навивачи на Реал. Сепак јас мислам дека и статистикиве не се толку реални, зошто и двата тима се од Мадрид и сигурно Реал му има давано бодови на Гетафе, посебно имајќи го во предвид фактот што претходните две- три сезони Реал заостануваше зад Барса и немаше реални шанси да ја освои титулата во Ла Лига, па можеле да си дозволат да калкулираат со бодовите. А плус тоа сегашниот Реал е многу посилен од минатогодишниот Плус тоа Кикица на 4 натпревари против Гетафе има постигнато 8 голови, очекувам и вечер да ја затресе мрежата на Гетафе.
Е да,можно е и поради тоа да се такви статистиките,мене сега ми текна.Дури и лани мислам се зборуваше дека Реал ќе му даде бодови на Гетафе оти беа пред испаѓање а Реал веќе се беше збогувал со титулата.Ама пак Реал победи . Да се надевам дека така ќе биде и вечер.Не треба ич бодови да губиме.
Сепак мислам Реал ќе понесе уште 3 бода.. свесни сме каков противник е Гетафе барем кога се работи за големите клубови.. али сепак Реал си е Реал
http://www.youtube.com/watch?v=xLCyyEg4 ... r_embedded Утре за утре ... Дерби најголемо според мене во Англија без оглед на моменталната состојба на Челзи . Утре без пола тим сме . Значи убаво ни се пишува , ќе излеземе со некоја формација што ни АВБ не ја разбира ама ок . Очекувам добар натпревар , атрактивен за око со борба и жар . Нормално сакам победа ама ќе задоволна ако не успеат да не поразат . Да не ја прекинеме 10 годишната доминација кај што Глори Манчестер никако да победи на Мостот ...
Хахаха, се изнасмеав на песната Инаку денес Роналдо има роденден. Нека му е срекен, и нека продолжи да биде најдобар како и до сега, и не знам што да му подарам дајте идеа.
А да, јас прочитав сега во Вест, ама заборавив дека е викенд издание и всушност роденденот е утре. Како и да е Гетафе-Реал -0-1 баш како што личи, се надевам многу јасно на победа. Исто и утре се надевам на победа на Манчестер Јунајтед со Челзи.
Реално 1 - 1 требаше да заврши.. Гетафе беа борбени, башка и оштетени.. иако сум за Реал Мадрид сепак треба да се признај
^ Ани да, ама од друга страна колку чисти шанси Реал не реализираа? И со тој пенал да и да беше 1-1, верувам Реал немаше да игра волку опуштено. Како и да е +3, без некое посебно истрошување,шта се мени тиче супер ! Само вака да продолжиме, a богами и Барса вака да продолжи хахаха..ни нема запирање
искрено и не сум баш сигурна дека играа опуштено.. имаше нервоза до крај не се знаеше што и како ќе биде .. али многу се радувам на победата, и на моменталните +10..
^A,текстот е пишуван пред..ехехе долго време Барселона-РеалСосиедад 2-1 можеше многу подобро,али јбг блоје ишта него ништа Меси фала богу го скрши малерот. Се надевам дека повредата на Бускетс не е сериозна. Аман веќе од повреди ! едит: Приметивте ли? Абе еве кај бил баксузот,така ги оправдувам 3те промашени шанси на Меси и повредата на Бускетс.