Е,добро вечерва не киксна Барса,ама ќе киксне кај и да е .Не е воопшто непобедлива како минатата сезона,се намачува да стигне и до минимална победа. А Реал..Па можеше многу подобро,но во секој случај ги освоија 3-те бода и тоа е најбитно. Среќен роденден Роналдо .
Море добро што земавме три бода, и Реал некако слабо играше. Како и да е разликата останува +7 бода за Реал. КИКИЦА МОЈ Среќен роденден и уште многу години во дресот на Реал, уште многу голови, успешни сезони и трофеи.
Женски не сте фер па, кај што ми е препотентен па и сега на секоја страна ли ќе го гледам Кикица ваш . А да ви ставам јас слики од Пато може? Да видете природна убавина и локни
Џули Кикче ако не е лепотан не знам кој е .И мора слики,па роденден му е . Еве уште некои.Плакнете малку очи Малку оф-топик ама нема веза .
Блек јас не го сакам, одвратен ми е, и кога беше во Ман. Јунајтед и сега. Не го можам мајке ми. Немате тема за Реал или само за него, ставајте таму, оваа веќе е офф. Иако темата служи само за натпреварите за Реал и Барса.
Нема веќе,promise .Секој со своето мислење,мене па баш отсекогаш ми бил симпатичен баш и поради однесувањето . Па кога вие фановите на другите клубови ич не се рчкате меѓу себе .Затоа и се коментира најмногу за Ел Класико.Зошто толку ви смета бе луѓе? .
Не дека ми смета, ама секој пост е само за тоа, и некој да напише за друг натпревар не се ни приметува. Јас веќе и ретко ја отварам темава, кога однапред знам кој коментирал и зошто коментирал. Утре има супер натпревари, па ајде да ве видам . Челзи - Ман. Јунајтед Милан-Наполи И се знае Милан и Челзи ќе тепат
Наполи и Челзи тепаат . Па најмногу навивачи на Барса и Реал има,затоа.Другите слабо пишувате во темата.
Блек каков Наполи? Милан ќе тепа, душо, немој вака сеа . Ти велам јас, ставај ја на ливче, фаќаш гарант. Туку мене Челзи ме плаши, дрва се малце. Колку ми е мака за нив годинава. Има најави дека нема да се одржи натпреварот, бидејќи стадионот е прикриен со снег. Може и подобро, и така пола тим не игра.
Наполи ќе тепа.Пандев ќе даде 3 гола и отидоа Милан во неповрат . А Челзи и на мене не ми се верува дека ќе тепат ама за нив сум сепак.
Дур се натегаат Милан и Интер и Јунајтед и Челзи - Јувентус и Сити си го освојуваат врвот... ова ми личи на: двајца се караат, третиот користи. Ќути бар во Шпансково не е така, среќа или е Реал или е Барса на врвот трет нема. Среќа! Се плашам за некоја година да не биде и таму Валенсија на врвот
Плавуша поинтересно е кога е неизвесно , вака во шпанското е досадно, се знае или Реал или Барса, а во Премиер и Калчото се води бора помеѓу повеќе екипи и само 2-3 бодови се у прашање. Јувентус има предност од Милан само бод, што ништо не значи. Затоа денес Милан ќе го тепа Наполи, а Јувентус се надевам ќе киксне против Сиена. Интер игра со Рома.
Нема Јувентус да киксне,ја играв 1 .Навивам за Челзи а уплатив за Манчестер .Па што кога не верувам дека Челзи ќе тепа,во ваква форма како што е и без половина тим.
Со Јувентус никогаш не се знае . Колку ливчиња имам фрлено од нив, туку не мора да изгубат, барем реми нека изиграт, одговара. Јас сеуште немам уплатено, ме мрзи да излегувам, но и јас не би ја играла Челзи, иако сакам да победат, реално не знам дали се во состојба. Ама не се знае, традицијата е на страна на Челзи, ќе биде интересно.
Традиција на страната на Челзи , Манчестер има клучни играчи повредени , можни се сите 1,икс,2. Субјективноста ми говори победа на Јунајтет , но објек. и не така сигурно ...