Црвен картон сега не беше потребен. И тоа за Ибра . Требаше да чека да заврши натпреварот, па тогаш и бокс нека му мавне .
http://www.youtube.com/watch?v=MH2ZSLCr32Q Ибра заслужи црвен не велам не, а овој од наполи , го мавна Ночерино и нема црвен за него.. абе ајде смачено ми е од вакви судења....
Така е, за играчот за Наполи немаше, ама како и да е сепак Милан беше подобар денес, добро се држеа и речиси секогаш беа во напад. Пандев некако слабо со 3 гола, одвај 10 минути изигра . Јувентус 0-0, Блек да ме слушаш нареден пат . Рома - Интер 4-0, о јеа, о јеа Туку Челзи води Глори, глори...ама Петрето брани
И да знаеш ќе те слушам,Јувентус уште еднаш ако ги играм па ете .Ама сега барем на мира ќе навивам за тоа Челзи да победи . А Пандев можеше да даде гол ама овој глупавиот тренер никогаш не го става во стартен состав а се виде на крајот дека со влегувањето на Пандев се засили малку нападот.Јас од Италија навивам за оној тим во кој игра Пандев .
Vendii каде си на ваков ден, на ваков натпревар? Сама скокам од радост Поздрав до Пеликуна, убав подарок за роденден имаш 3-0
Оооооооо мој Челзи јеси ли то ти Абе го нема, го нема туку ќе никне од нигде некаде и тоа против Манчестер! Машала, машала.
Е оваа се вика судиско форсирање, 2 пенали, за да се вратат во игра Манчестар. Оваа и на Ел Класико го нема Овие леваци од Ман. Јунајтед не можат гол да дадат и ајд епенали, и не еден ами два. Срамота!!!
Ко не бива Јунајтед не бил оштетуавн никогаш... Ај јас како фан на Јунајтед признавам дека ако останеме поразени ке биде заслужено. Зошто?Затоа што играч како Смолинг седи на клупа а на негово место игра вечитиот киксер Еванс. Второ...Го остава Чичарито на клупа за да игра дрвото кое е најголемо дури и од нашиот Величе Трето не го игра Клеверли кој е алфа и омега во тимот...Ах бе Ферги немој вакви грешки.
Јунајтед денес се дрва и гол можат да даде Руни само од пенал. Толку им е капацитетот. Челзи игра со пола тим повредени и игра 100 пати подобро. Јунајтед или тепат на среќа или со судии, трето нема.
Милан,бе Милан,кави пропуштени шанси!!Еее не ми се верува. Па и тој црвен за Ибрахимович,абе живци да искинеш .. Цел натпревар Милан беше каде каде подобар па и плус со играч помалку. А и тато ми вели еве го Пандев сега одма гол примат..абе и се опкалдивме,кај најде тој со мене И најбитното..Интер прима 4 Оуу јеа! Челзи камоонн..битно е да се идржат овие 10 минутки ..ју кен ду ит! едит:Не бе нееееее! 3-3...не можам повеќе..
Кога ќе ми падне криво Милан што заврши нерешено, ми текнува и дека Јувентус заврши нерешено и пак иста ситуација. Да тепаше Милан, а Јувентус нерешено, ех...ех! Ама се ситам за Интер. Уааааааа! Интер пропаѓа, тоа ми се допаѓа!
Како може да се радувате на подарени 2 гола. И не се Челзи овците, Јунајтед се. Ми се гади од овој тим
Се знаеше уште од кога објавија кој ќе суди дека ќе им даваат поклончиња на Јунајтед. Ајде има време за уште еден пенал,дај им го и тој и да искршам нешто дома.
Јас не се радувам а верувам дека и останатите не се радуваат,ама ако некој гледал пред две сезони како Јунајтед беше буквално оштетен од Мајк Дин во дуелот мегу Јунајтед и Челзи кога требаше да биде Јунајтед првак за да не го превари Ливерпул во титули ке му биде јасно...Незаслужен бод реков,не заслужија ни 3 гола ама нема врска... И чекај те бе како сега се јавивте на овој натпревар а кога го победивме Арсенал ве немаше никаде? Очигледно е дека едвај чека некој ваков тек на настаните. EDIT:И да,тие коментари судии или на срека ви се залудни...сите 19 титули не се добиени така...Аа ко го гледавте убаво прво полувреме имаше чист пенал
Аааа така ли?епа ајде да се вратиме неколку сезони порано кога Јунајтед бил оштетуван...И НЕ РЕКОВ НИКАДЕ ДЕКА НЕМАЛО ПОМОШ. И никој не е крив кога Челзи сезонава не се бори за титула,така да овој натпревар не решава ништо.Челзи ке си остане 4то место,Јунајтед ке се бори за титулата. Кажете нешто друго освен помошта од судиите.Секогаш какате на вакви настани а никогаш на висока победа на Јунајтед.
Е баш си реков нема да прокоментирам за тој меч во претходниот пост може некој ќе примети и ќе се зачуди зошто ама ќе прокоментирам 1. Јунајтед не е она што беше порано, кога беа најјаки, кога беше чест да речеш црвените ѓаволи се осеќаш почестено што си навивач бе. Фергусон за мене и даље останува еден од најдобрите. И ќе си остане. Ама тимот не е тоа-тоа бе! ТИМОТ! 3:3 е добар резултат, Јунајтед се вадат на историја во последно време, Челзи немаат толку јака историја ама барем имаат континуитет. Јунајтед го нема тоа периодов. Тие титули треба да се бранат бре, вака ли? Тапа беше мечот за мене, досаден, и стварно ама ич не ми се глеаше еј и не го ни глеав со заинтересираност да речеш ваууу што ли ќе биде сегаааа, се разочарав како и последниов период од тимот за кој навивав со иста сила како и за Милан и Барса. Вредат Евра, Фердинанд, Овен, Руни, Гигс нормално, Нани...стара гарда се знае. Немања Видиќ ми бил, ми е, и ќе ми биде омилениот фудбалер од сите на светов. Најдобар дефанзивец што постои! Бар според мене сеа... Јунајтед, вратете се во форма, зошто вака не бива. Сакам да го видам стариот Јунајтед, како некогаш кога си газеа се пред себе! Од кога почнаа навивачите да се радуваат на реми само не ми е јасно.
Типичен навивач на Манчестер Јунајтед. Кога тепаат,тогаш сите се као Манчестер од роџење,ГГМУ и остало,коа губат се вадат на историја,па мајко му стара,признајте еднаш,нема да ви падне носот. Ако се враќаме во историја,нема кој тим нема местено и правено глупости,затоа тука коментираме само за мечот. И да те поздравам со сликава...