Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Не се секирај, сигурно ќе дојдат Буфон и Сторари да ти помогнат :P
     
  2. Miss20

    Miss20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    хахахахахахаха Богами како сте тргнале ќе мора да ги викнам :P
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вечер Милан ако ги тепа на Удинезе според мене ќе биде wow :o славам! Со кој состав играат, само фараонот и Инзаги ми се надеж, другото така, на среќа...всушност никој не ни игра денес ко ќе размислам подобро, а Удинезе се трети. Се мислев дали да ја играм Х или 2, и сепак се решив за 2, им треба оваа победа на Милан, а и може да се деси да ја извојуваат де :wasntme:

    Одиме на победа! Едвај чекам да почне утакмицата, нека се покажат другиве малце доста беше едни те исти за Милан, тимот не е 5 души. Ај да ве видиме и другите малце покажете се.
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Титула на Бернабеу..посебно задоволство!! ]:)

    'Real Madrid ne zeli da se finale Kupa igra na Bernabeu zbog mogucnosti Barceloninog slavlja na njihovom stadionu'.

    глеј слчајност-Баш тогаш ќе се реновирало на Бернабеу,yeah right! |(

    останува да видиме во Понеделник...
    ******************
    п.с Мурињо со нова фризура :o
    [​IMG]
    мода или пак поради суеверие..
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Честитки за Манчестер Јунајтед! Не беа брилијантни, но одиграа онолку колку што се бараше од нив за победа, плус за нив игра моментално најдобриот централен напаѓач на светот, Руни...
    За споредба, Ливерпул до 2-0 играа толку кукавички, повлечено, ноншалантно... Тоа чудо невидено е! А, и да, сфатив кој му е идол на нашата легенда вели4е... Па Кујт, се разбира! Такво дрво во модерниот фудбал ретко се гледа, и да не беа сосема различни во физичката градба, немаше да правам разлика кога топката ја има Кујт, или наш вели4е... Важно е да го забават нападот, да подадат назад, но сето тоа под услов претходно да НЕ ја изгубат топката... СРАМОТА!
    Судиите денес си ја завршија работата совршено, немам никаква поплака за нив... Но ете, и денес мораше Манчестер да има 12. играч... Неговото Височество, Кујт! -.-
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Лелееее све ќе напраат од пуст комплекс да не ги тепа Барса пак дома ццц. Нека реновираат што да речам. Смешки еј :D И едно не можам да сфатам, како покрај толку високи играчи на Реал Мадрид, ниските на Барса пак ги победуваат бе? Брејјј :?: Како и да ееееее :rofl:
     
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Долгите нозе манекенски им се плеткале.Туку што читам манекенчето повторно сака да се врати во Манчестер :wasntme: Уште кога играше за гаволите не го преферирав мајке ми... Ама ај нека се врати од кај што дошол :D

    Вечер ќе ги мачкаме ли пак на Осасуна :wasntme:
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас тогаш ги следев Манчестер активно за разлика од сега, и добар беше таму, се вклопуваше. Нека се врати, сигурно повеќе ќе го почитувам отколку во Реал. Е тек тогаш Реал има да пропадне :rofl:
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Реал без Роналдо може повеќе отколку Барселона без Меси. :)
    Баш неодамна покажаа статистики, според кои Роналдо најчесто погодува во победи на Реал Мадрид од повеќе гола разлика, односно кога победата е веќе јасна.
    А Меси многу често знаел да погоди за победа од 1 разлика. :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ajде бе фудбалски стручњаци,што ве нема да искоментирате за овој меч а за претходниот испишавте страници и страници,ајде да слушнам мислења. |(
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Јас искоментирав, и тоа започнав со честитање. =.=
     
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Абе кај и да оди автоматски го замразувам клубот :D Но по ми одговара да се врати во Манчестер, мада тешка работа.

    Туку се изнасмејав бре http://sportvesti24.com/index.php?optio ... Itemid=104 Ама го изруга ејј ...на 13 години требал да се едуцира сега доцна било хаха :rofl:

    ^
    Мхм не знам за тоа но Меси не верувам да бега од Барселона, супер му е.За разлика од Роналдо кој при крај му се живците, се жалел дека го исмеваат...Не знам што рекол точно бидејки не можам да ја најдам статијата но главно муабетот е тоа.

    Инаку не коментирам за Манчестер-Ливерпул бидејки немав можност да гледам.Нема смисла сега да погодувам што како било :)
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Да си оди заради немање живци и исмевање од некои квази-имиња во фудбалскиот свет, и тоа во ситуација кога си лапа 100 илјадарки во евра неделно?

    Ооо, верувај, не! :lol:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Знам де :D :D :D ама чекам и од останатите овде :P ајде јавете се...

    Фала за честитките.

    Инаку за Роналдо сето ова е шпекулации..Ама ако замине Мурињо тогаш ке ги повлече со него и Португалците во тимот.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ама Меси не сака да си оди од Барселона, а Роналдо сака од Реал :wasntme: Тадааааааааааааам!
     
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Не сака.
    Реал е на добар пат да земе титула во Примера, да ја прекине доминацијата на Барса, а и во ЛШ почнаа неприкосновено.

    + пак ќе го додадам факторот наречен 100 илјадарки во евра неделно.

    Тадам - мадам, тоа ти е. :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Ќе видиме за тоа. За овој и да не сака ете, се шпекулира, значи има нешто, се пуштил некој муабет, не е џабе зборењево. Што не спомне некој дека Меси ќе си оди од Барса? :^) Значиииии Роналдо го фатила некоја носталгија можеби :P
     
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Епа баш спомнаа летово за Меси, и тоа верувала или не, дека ќе оди во Интер. И на тоа се огласи и самиот Меси, кажувајќи дека во иднина можно е да оди во Италија, но засега се гледа само како играч на Барса.

    Не верувај на медиумите, а особено не на шпанските и англиските медиуми... докажано во илјада наврати. :)
    Ако се водевме по медиумите, Снајдер уште пред зимата беше новото заслиување на Јунајтед, а сега Тевез, нели, беше нов играч на Милан. И уште низа други (трансфер) шпекулации за промоција на весниците. :)
    Ништо од тоа.
     
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Еве Најти најдов :)

    Роналдо пред шокантно враќање во Јунајтед?
    Ѕвездата на Реал Мадрид Кристиано Роналдо сака да си замина од Шпанија и да се врати на Олд Трафорд.

    Причината за тоа е некоректниот однос кој го има на секој стадион надвор од Бернабе, каде секогаш неговите потези се проследени со свирежи, а последен доказ за тоа е „пречекот“ кој го имаше на „Ла Ромаледа“ во Сарагоса.
    Лошиот однос на публиката кон него како и непочитувањето од страна на новинарите и шпанската публика го натерало Португалецот да размислува за напуштање на тамошната Лига, пишува Ел Мундо Депортиво.

    Во ерата во Манчестер Јунајтед, најскапиот фудбалер на планетава веќе имаше ваков сличен проблем после распавијата со Вејн Руни на Мундијалот во 2006 година.

    Арогантниот карактер и грозните гестови кон противничката публика предизвикуваат бес кај публиката надвор од Бернабе. Домашната публика пак е лесно резервирана кон него поради неговиот однос кон соиграчите. Роналдо оваа година дури ја нападна и публиката на Бернабе, порачувајќи и дека не треба да свират туку да аплаудираат и дека таквиот однос него го иритира.

    Португалецот неколку пати истакна дека му недостасува Манчестер Јунајтерд а особено Фергусон па медиумите во Шпанија пишуваат дека воопшто нема да биде изненадување доколку Роналдо побара да се врати повторно на старото место каде го достигна врвот на славата и го имаше статусот на неприкосновена ѕвезда.
     
    На Nightwalker и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Пиле, не велам дека не пишуваат за тоа, само велам дека се шпекулации. :)
    Ако едно нешто знам за фудбалов, тоа е да не верувам во ниедна најава за трансфер, се’ додека самиот трансфер не се случи.
    Патем, Роналдо уште при самата промоција во Реал истакна дека ако некогаш си оди од тој тим, тоа би било само за да се врати во Јунајтед. Ако така гледаме, тоа значело дека уште не заигран за Реал, тој сакал да си иде. :lol:

    Тоа и ви велам, не верувајте на се’ што се пишува за фудбалот. Ако ништо друго, и јас како навивач на Интер слатко се смеам со се’ што се пишува за тимот. :lol:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.