Па реков и јас погоре дека тешко за да се оствари оваа работа, но само прекоментирав што прочитав.А причините што ги пишуваат се точно но не верувам дека се толку силни за да го напушти Реал Свесни сме сите дека не оди тоа така лесно
Ете така, се разбравме. Него, ме нервира Миланов, еј! =.= Во многу лош момент најдоа да ги фати криза, кога и ЈуБе е неубедлив, ама некако реди резултати. Удинезе е многу тежок противник, особено на гости, но се надевам дека ќе го победат, само ЈуБе да не се одлепи повторно како доминантен во Серија А! =.=
Роналдо не верувам дека ќе си оди од Реал, барем не засега, а тоа што прочитав дека Реал не го отстапува Бернабеу зошто нејќе да ги гледа како се радуваат стварно ви нема врска. Дали ви текнува на 2004 кога Барселона не го отстапуваше Камп Ноу за финалето на копа дел реј зошто Реал беше дел од него? Тоа не се важи никако хахаха. Ајде малце и на друга страна да се свртам, баш сакав Ливерпул да тепа денес, ама и не покажаа некоја добра игра :/
Перо порфавор... Запази реченицата- Како што сами си рекоа има 61 година и е невработен. Да беше некој и нешто, барем да беше вработен, да се зима во предвид што тој кажува, ама ве молам бре од таков непознат лузер за кого јас лично прв пат слушам да се перципира мислење... мизерија. Како и да е еве една негова лична изјава: http://sportdenes.com/fudbal/primer...ер-клементе-го-преферира-реал-пред-барса.html И ако е толку успешен и толку компетентен да зборува зошто е уште невработен после ваква изјава? http://betpoint.com.mk/?p=6482 Цитирам Веке имал неколку понуди, јеа рајт. А за тоа дека Роналдо сакал да се врати во Јунајтед, и јас како и Најтвокер не верувам додека тој самиот не даде таква изјава а не рекла-казала муабети. И да се врати мене ми одговара бидејки покрај Реал навивам и за Манчестер Јунајтед, уште од 7 одделение. Реал го засакав одкога Роналдо отиде таму да игра. Ма ги сакам и двата тима, каде и да е Роналдо ми е сеедно.
Што е со лошиов пренос на Телма, лошиов коментатор Бранко Илиевски, и уште полошата игра на Милан, поточно на Ел Шарави? Па и Мексес бе. Абе ај. Ако ме заебе само Милан на ливчето (а богами моментално и така е) многу ќе се наwутам.
Го оговарате Реал додека не сум овде . Прво,Реал не сака да им даде на Барса да играат финале на Бернабеу под притисок на навивачите затоа што Барса во 2004 не дозволила да се игра на Камп Ноу.Прво информирајте се а потоа зборувајте. И не ми се верува дека Роналдо ќе си оди од Реал.Тоа се само празни муабети,вие ако верувате на секоја гласина.
Аман,ми се побрка мозокот место овде во Македонска ракометна репрезентација сум пратила мислење Сакаме реприза Реал дали ќе си оди со 2 или 3 бодови помалце,вечерва не коментирам..Баксуз! И,да видов за тоа 2004..Памти па врати. Ама не бе,тоа нема везе ќе се реновира на Бернабеу Инаку,Гвардиола знае како е да се освои финале од купот на кралевите на Бернабеу!1997
Пошто Хај одлучила да да постира само дел од изјавата на бившиот стратег на Атлетик Билбао, сакав да ја постирам целата изјава зошто ми се виде доста интересна http://supersport.com.mk/fudbal/shpanij ... rotiv-site
Абе Боа читам не се важеле неговите коментари, стар били и невработен Инаку не одлучив намерно да пострирам дел од изјавата туку само тоа пишуваше во статијата која јас ја најдов. Лелеее 2-0 .ц.цц. ќе се убијам Знаев дека така ќе биде, уште првите 4 минути се виде колку несериозно играат и се ладат.Битно елитата седи на клупа.Али ајде знам дека на крај ќе ги згазиме.
Чисто не, со 1.35 коефициент во кладилниците и Осасуна за противник, ќе ја совладаат има уште цел саат. Да додадам: како што Милан вечерва беше 1-2ка, така и Барса. ВАМОС!
^ Осасуна има 3 податоци кои и’ одат во полза вечерва: 1. Пораз во последните осум натпревари, огромен притисок и мотивација да се скрши лошата серија (сепак зборуваме за Осасуна, квалитетен тим), особено против неприкосновените во Шпанија; 2. Домашниот терен, каде Осасуна ретко кикснува; 2б. Освен што е домашен, и замрзнат е. За тим кој негува брза игра (Барса), замрзнатиот терен е смрт. Така што, ако вечерва победи Барса (а не верувам), тоа ќе е вистински потсетник за тоа колку моќен тим е. Коефициентите не одлучуваат ама баш ништо.
Ако вечерва Милан тепаше со прилично недоволно добра игра, и добро знаеме со кој состав и без кои играчи против Удинезе што е уффф, јак тим да признаеме во полн состав, и е моментално прв на табелата, и израмни водство во второто полувреме и + даде уште еден гол за да биде 2:1, тој што го одбрани играчот на Удинезе да влезеше ќе беше 3:1 и други шанси на Ел Шарави и Мексес, може и Барса што за Осасуна е охохооооо светлосни години понапред И Милан гостуваше кај Удинезе што немаат пораз дома па победија, не?! Коефициентот не одлучува, ама и предиспозициите во полза на Осасуна богами не одлучуваат ама баш ништо.
^ Сепак, анализираш пристрасно, како што јас си правам за моите тупи Интер. Ќе видиме, многу зависи и од тоа како Осасуна ќе се постави во второ... Може сега да изгорат од толку желба во првово полувреме, па второто да си заспијат по 60 мин игра.
Милан игра без Ибра и Пато, и изненадена сум што победи воопшто. Се плашам за во среда, за Лигата, што како ќе биде. Се тешам што и Арсенал се тапа, па некако имам надеж.
Па навивачи сме или што сме Најтвокер?! И така ми остана телевизорот на телма, ќе си гледам и Каљари со Палермо, и таа ја иам на моето ливче што го заеба само Атлетико Мадрид, сосе оваа и Атл. Билбао незапочнати Јуле тебе те чекав бееее искрено за мене потешка утакмица беше оваа, отколку таа со Арсенал.
Слушам ве полни Осасуна .Време ви е да се збогувате со титулата.Ама добро не е Барса Реал па да и даде 7 гола на Осасуна .
Прекрасно бе Милане , алал да ти е Со овој состав чим успеа да издвои победа, па искрено им нема рамен