Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Разликата е во тоа што...ние тепавме кај ВАС дома, а вие кај НАС дома не тепавте.
     
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ма не,имаше 2 чисти поништени гола на Санчез.

    Инаку,вие мадристи па стварно сте чудни.. :^)
    Сте биле оштетени :^) ,точно дека игравте добро,признав тогаш еве и сега, ама оштетени..
    Јас тој поништен гол не ви го рачунам бе,па имаше таму прекршок од Рамос..
    и да оној тотално неспортски пораз на Пепе над Меси,немаше суспендија..
    да?Само поради едно-Извини,не беше намерно..?
    Хмм.. :^)
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ау ама се лути овие Каталонциве, како ние да сме им криви што изгубија.
    Одиме до крај Мадристи, Ла Лига е наша.
     
    На LilBaby, SunFlower94 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    ^^ А заборавивте на една ситуација кога свиреа офсајд за Осасуна, а немаше офсајд :^)

    Како и да е, Барса беше оштетена, требаше да земе барем бод.
    Ама срцево ми се полни што гледам дека конечно барем на некоја утакмица ќе свират против Барса. Доста ја форсираа, и во Лига Шампиони и во Ла лига и во Купот.

    Туку сега е дозволено да се пишува против судии м? Нели пишувањето и зборувањето против судии беше одраз на губитниците?!? Зборови на вашиот ценет Дани Алвеш, кои и те како му се удрија од глава.

    ПС - Плавушке на Реал исто му поништија чист гол кога играше на Камп Ноу во купот. Реал баш на Камп Ноу на истиот натпревар прими гол во 49 минута иако беа предвидени само 46, а истиот тој гол бил запишан дека е даден во 44 минута, за што нормално судијата си доби и казна. На Реал на тој натпревар му исклучија и играч без потреба, така да, кога веќе пишуваш биди барем малку реална ;)
     
    На SunFlower94, BlackSwan5 и starbucks им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само не мешајте баби и жаби. Ел Класико со утакмицава немаше врска. Коментирајте си ги утакмиците на Барса пошто гледам дека тоа ви е пасија, ама Реал не мора да го мешате де. Еднаш прокоментирајте како гледачи, а не како фанови на Реал, брејјјј... не сте вие криви воопшто, туку ние си праиме муабет дека бевме оштетени и вие мешате утакмици од минатото каде сте биле вие ради Барса оштетени. Не бива.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Значи смееме да коментираме само кога е Фарса оштетена?


    Бидете фер, признајте си го поразот.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Не, туку не мора да го мешате Реал во утакмицава, ја ко што знам играа Барса и Осасуна, Реал нигде го нема меѓу нив. Тоа што бил Реал оштетен од Барса е стопати прокоментирано и јас го признав пеналот на Ел Класико тогаш, ама тоа е Ел Класико меѓу Реал и Барса и тоа бидна, прокоментирано е, во ред е. Јас сигурно нема да го спомнувам ова оштетување кога ќе игра Реал со Леванте и ако е Реал оштетен, да спомнувам за Барса итн.
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Реал во четврт-финалето на Копа дел Реј беше оштетен и тоа многу ама не ни очекувам од вас да си го признаете тоа некогаш.
    А Плавуша не е мешање на баби и жаби туку сите тие работи се поврзани една со друга.И ајде барем еднаш признајте си пораз и признајте си дека Реал оваа сезона ве јаде.Гледај како игра Реал а како Барса.А не сега со судии да се вадете :) .
     
    На BoaVista и starbucks им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не, Реал дефинитивно не не јаде. Јадење е да освои и лига и куп. А ја ко што знам, купот ќе е на Барса, а за Лигата ќе видиме иако Реал има најголеми шанси да ја земе. Тоа е вистината. Крај.

    А ако баш збориме за кој кого јаде, ќе го гледаме Ел класико само отвори статистика и види дали Реал ја јаде Барса.

    Дискусијава нема крај.
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Oстај ги нека плачат. Веќе не коментирам.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Не, не, тоа е тешење, откако почна да ви се лизга од раце титулата во Ла лига. Ама ако, тешете се ;)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не ве јаде а сепак е пред вас ако победи утре 10 бода :rock: .И не рачунајте на титулата од лигата затоа што нема шанси да не стасате,ние онаа сезона се помиривме овој период дека ќе ја изгубиме а разликата беше помала.А ти беше таа што прва спомна за Ел Класикото.
    Епа сега кога губете од слаби екипи со Ел Класико ќе се вадите ;) .
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Кој бил подобар Реал или Барса? Има ли подобар начин да се увиди тоа, освен двобој т.е. дуел? Нема. А тоа е Ел класикото каде Барса одамна го има изедено Реал.
    И не е тешење тоа со лигата и купот, туку тоа е 50-50.
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Уште ова од мене.
    Реал е подобар оваа сезона,нема тука што повеќе да се зборува.На Ел Класикото двапати поштено победивте а 50 пати со судии,глума и плачење.Затоа тоа не е никаков доказ дека Барса подобра од Реал.
    А лигата е 80% а купот 20%.Жити се,Примера покрај ЛШ е најбитно натпреварување,за кое се игра цела сезона.Ама вие си зборувате како ви одговара на вас.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Плавуша како може да споредуваш куп со лига?? Освој милион купови, ако лигата ја немаш, или евентуално ЛШ, чао пријатно!
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Грешка си Плавушке. Ел Класико не е ништо повеќе од еден обичен натпревар, кој ние навивачите го правиме да биде спектакуларен. На Ел класико не се освојува титула нели ;) Титула освојува оној кој е прв на табела во Примера. Така да, сите овие муабети ви се само тешење и ништо друго.
    А реално оваа година Барса со оваа игра не ни заслужи титула во Ла Лига :)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мислиш ако Лига на шампиони немаш, евентуаааааааално Примера, така? Немој да ми кажеш дека Примера е појака од ЛШ, немој молим те! Да, лигата е појака од купот, ама ко ќе видиш едното го има Барса, другото најверојатно ќе го земе Реал и тоа ти е пола-пола. Едно имаш ти, едно јас. Е кое колку е јако, тоа отпосле се дискутира. Битно 50-50 е.
    А тоа 80-20 се измислени проценти, нема такво нешто :|

    Боа, ние фановите меѓусебе ги гледаме само Реал и Барса како други тимови воопшто и да не постојат во Шпанија. Затоа е и толку спектакуларно и самите ние го правиме, затоа и реков дека може да се увиди кој е подобар, фановите може да увидат. Ама добро, различни гледишта на работите.

    Едитирам, забораваме дека и Барса и Реал се први во група во ЛШ. Да видиме кој ќе ја земе таа лига па ;) може да биде некој сосем трет! Пример..................Милан :wasntme:
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    А онаа сезона ни се смеевте демек само куп сме имале кој не вредел ништо а вие сте имале титула од Ла Лига.А сега обратно зборете,абе што зема Барса тоа е поважно :lol: .Примера и ЛШ мислам дека се исто важни.
    А за купот што би рекле шпанците no canten victoria пред време.Можно е да изгубите од Билбао ;) .
     
    На BoaVista и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Дааа, баш од Билбао, еден тим...ај добро, не збориме предвреме.
     
  20. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    ^ Примера и ЛШ ги споредив како две најбитни, ако си се збунила да ти појаснам. Немој тука да ми кажуваш 50-50, иди прашај некој да ти објасни. А и, прашање е дали тој куп ќе го земете со ваква игра..хах

    Едит: А сега Билбао го потценувате..а Осасуна, Гетафе..тимови ли се? :rofl: :rofl:
     
    На starbucks и BlackSwan5 им се допаѓа ова.