На секој друг тим му признавам и победа и се, на Манчестер не можам. Секогаш ми се вадат со некои пе*ерско голче во 89 минута, или пенал. Оваа сезона додуше и не ги следам нив, само на Челзи сум фокусирана, но претходните сезони срамота беше тоа што го гледав. Легнал манекенон Роналдо на земја и офка, па ајде пенал и јуху 1:0 победа.[/quote] Се согласувам со тебе, не дека Манчестар како тим ми е еден од најомразените ама аман веќе стално се вадат така, јакиот тим, аман блјак И да, Челзи моментално има појак тим и далеку подобри се, така да сигурна сум дека овој пат ќе ги исфрлат Манчестар. Па кога беше финалето во Лига на шампиони кога играа еден против друг, Челзи имаше далеку подобра игра и реално требаше да ја земе титулата, но како и обично овие се спасија на пенали. Ништо ново!
Добро сега секој си пишува субјективно и е пристрасен за тимот за кој навива. Реално оваа сезона Манчестер е подобар од Челзи, тоа се гледа и по позициите на табелата. Но немора да значи да ако Манчестер е прв на табелата дека ќе го победи Чезли сега во полуфиналето. Сепак на Челзи му остана само на таа титула да се надева, така да мислам дека ќе биде тешко да се прогнозира за овој натпревар. Ама малку претерани се и изјавите дека Манчестер секогаш победувал со плачење и слични ствари. Епа со плачење и глума не се земаат толку титули колку што досега има освоено Манчестер. А за финалето во Москва неможете да кажете дека Челзи повеќе заслужил да освои титила, зошто нијанси беа во прашање. Знаеме дека тогаш пеналите го одлучуваа победникот, така да негледам како Челзи заслужил повеќе да биде шампион. Значи едно е да навиваш за некој тим, ама треба и малку реално да се согледаат работите. Ај сега јас да напишам дека Барселона нема врска од фудбал и дека на плачење добива, само затоа што навивам за Реал. Не иде. Конкретно за Реал и Барса, ако играат полуфинале се надевам и сакам Реал да помине, ама ќе видиме.
Навивам за Челзи и за Милан, а како тренер го сакам и почитувам Мурињо.Овие два тима ми се во срцето , и можеби делувам пристрасно, но сепак си стојам на тоа дека Манчестар стално се вадат. Не го оспорувам тоа дека порано не беа подобри, беа, но сега веќе не се. Не е тоа што беа. Еве иако сум за Челзи, мислам дека оваа сезона Арсенал се далку подобри и повеќе сакам они да ја земат титулата отколку Манчестар. И моментално од Челзи истотака факт е дека и Барса се подобри, ама факт е дека и Челзи имаат добар тим, и изненадена сум за оваа со резултатите што им се дешава покрај ваков тим, а истото се дешава и со Реал. Искрено јас мислев дека оваа година Реал ќе гази се и дека ќе ја земе титулата во Шпанија.
Јас откако почнав да гледам фудбал си навивам само за едни - АЦ МИЛАН!!! Значи зборувам за време уште пред Кака' (Смачено ми е да објаснувам дека не сите женски навиваат за Милан само заради Кака' што беше). Едноставно секогаш кога ќе помислам на вистински фудбалери пред мене се Малдини и Инзаги. Малдини е жива легенда алал да му е. Следам и Англиско и Шпанско првенство, ама немам тимови што ги сакам, само Милан е таков. Тим што најмногу го мразам е Интер, значи иако ми е мило што Пандев игра за таков престижен клуб, Интер нема го сакам па не знам што да е! Не го сакам заради многу фактори, едноставно не ми играат убав фудбал. Исто Лузерпул, овој Ливерпул де, заради финалето во ЛШ кога од 3-0 стасаа на 3-3 и победија на пенали. Оваа година во ЛШ што е до мене може да победи било кој, освен Интер. Титула да не фатат уште еднаш, уф колку не ги сакам
Финалето во Москва, го зезна Дрогба и целата возбуда што Челзи по се, дојдоа до финале во Лига на шампиони. Не оспорувам јас лично дека Манчестер биле добар тим, секако титулите се освојуваат со заслуга (повеќето), но од последните години вистина е тоа кое го зборувам.
Исто и јас значи не сум јас од Челзи за вчера ги знам играчите се до трет состав За мојот мил анти челзи фан не знам што ти згрешиле до толку да не жалиш за Анчелоти ? [Анализа] Први сме во... Низ вековите и турбулентниот развој на клубот (кој не знам дали сте знаеле но е “дизајниран” како клуб со цел да игра на Стемфорд Бриџ, т.е. е еден од ретките клубови кој прво имал стадион па бил формиран, за разлика од повеќето кои се формирале па барале стадиони за да ги наречат свој дом - но за тоа во некоја наредна колумна...) Челси има и неколку факти и рекорди во кои сме први, и покрај тоа што многу екипи – наши ривали - сакаат да го оспорат фактот дека Челси зад себе има сепак “ДЕБЕЛА” историја. Во домашното првенство Челси ги бележи следните интересни рекорди: Заедно со Арсенал, Челси е прв што на 25 Август 1928 играл со бројки на дресовите, во меч против Свонси Таун. Челси е првиот тим во Англија кој патувал со авион во натпревар нагости во домашното првенство, кога играле против Њукасл Јунајтед на 19ти Април 1957. Првата екипа во најсилната англиска лига, што играла натпревар во Недела (пред тој ден никогаш не се играле натпревари во недела) на 27 Јануари 1974 против Стоук. На 26 Декември 1999 Челси е првата екипа која извадила почетен состав составен целосно од интернационалци (без британци и ирци во поставата), во мечот против Саутемптон На 19 Мај 2007 Челси се првата екипа која го освоила ФА купот на новиот Вембли стадион Челси се и последната екипа која победила и освоила ФА куп на стариот Вембли пред неговата реконструкција. По завршетокот на сезоната 2007/08 Челси е тимот со најголема позиција на УЕФА ранг листата со системот со ПЕТГОДИШЕН КОЕФИЦИЕНТ кој се користи при распоредувањето на клубовите во Европа во однос на Европските клубски натпреварувања (ЛШ, Европа Лига/Куп Уефа), а и првиот воедно Англиски клуб на кој тоа му успеало во 21 век. Во сезоната 2009/10 (минатата сезона) Челси стана и првиот тим во ПЛ кој има постигнато над 100 гола во една сезона. Во продолжение следат рекордите кои Челси ги бележи на клубски – бизнис/спортски план: Највисоката бројка на гледачи на Стемфорд Бирџ кои го гледала Челси на домашен терен изнесува 82,902 гледачи во натпревар против Арсенал, на 12 Октомври 1935. Иако се смета дека околу 100,000 гледачи имало на Стемфорд Бриџ, на 13 Ноември 1945 во неофицијален пријателски натпревар против Советскиот Динамо Москва. Овие бројки секако се врзуваат за капацитетот на нашиот дом – Стемфорд Бриџ, од едно време кога тој бил без седишта и трибини кои собирале 100,000 гледачи – пред неговата модернизација. Модернизацијата на Стемфорд Бриџ се одвива забрзано во 1990 – тите години, и моменталниот капацитет изнесува 41,841 седишта. Челси имаат освоено најмногу поени во ПЛ во една сезона - 95, притоа освојувајќи ја. Челси имаат примено најмалку гола во ПЛ во една сезона – 15. Челси имаат постигнато најмногу победи во ПЛ во сезона – 29 – во сезоната 2004/05. Челси имаат постигнато најмногу “чисти мрежи” (натпревари без примен гол) во една сезона - 25 – во сезоната 2004/05. Челси имаат најдолга серија на натпревари без примен гол на старт од сезона – 6. Со севкупна победа(во 2 натпревари – дома/гости) од 21-0 над Jeunesse Hautcharage, во Купот на победниците на куповите на УЕФА, 1971 Челси го држи рекордот во Европските натпреварувања. Челси го држи рекордот во најдолго време без пораз дома во Англиската ПЛ со траење од 86 меча дома, од 20 Март 2004 до 26 Октомври 2008. Челси го држи рекордот на најдолга серија гостински победи во ПЛ – 11 , од 5ти Април 2008 до 6ти Декември 2008. Сега, знаете каде да ги упатите “неверниците” во нашата историја, и оние кои ви се противат, кога водите дискусија за вашиот омилен тим. Погледнете го адрес-барот и пратете им го линкот, тоа треба да им ја “затвори” устата на ривалите кои се сомневаат во нашата дебела историја во ПЛ и Англија воопшто. Фактите си ја кажуваат приказната сами ... Ова ко за тебе
Од 2005та гледам редовно фудбал и си навивам за Милан, претходно пратев фудбал и си навивав пак за нив ама не бев редовен гледач, значи ова редовен значи речиси ниеден пропуштен натпревар на Милан. Нели росоњерка За тие што не знаат росоњери се навивачите на Милан Женските што не гледаат фудбал не можат да ја сватат таа љубов кон некој тим, со цело срце чекам да почнат натпревари, сум се смеела, сум викала, сум плачела како мало дете, сум сонувала дека сум била на натпревари и и бев нервозна цел ден зашто е само сон. Имаме ритуали при гледање фудбал, татко ми како со синови да гледа фудбал, чат пат и комшиите се бунат од нас Не ми се исполни желбата да одам во Атина на финале Лига Шампиони во 2007ма, а толку посакував ах. Не можев карти да најдам, мислам карти што не беа над 300 евра. Омилени ми се Малдини легендата, Гатузо ѕвериште, Пирло, од новиве Пато, Ибра си го ценам иако ми требаше време да го засакам и да заборавам колку го пцуев во Интер кога беше, а ми отиде минатата година во друг клуб љубовта Бориело. И да не спомнувам дека омилен фудбалер ми беше, а и ми е Кака. Не е убав, не ми е лепотан, ама фудбалер со чисто срце, фудбалер пред кој се топам кога игра. Јас не искачав цела недела кога тој си отиде, плачев 3 дена дома. Ама се е пролазна работа, така и останувањето на некој фудбалер во некој тим. Иако Кака отиде во тимот кој ми е најомразен. Датум за паметење 26.04.2008, денот кога бев на Сан Сиро. Аууу да не беа сликите јас немаше да ги помнам некои од моментите Си бев на цела тура, си бев во соблекувални и случајно видовме отворена врата за на терен и едно 5-6 луѓе киднавме од водачот и искочивме на терен. Кога застанав и се свртев 360 степени на тревата на Сан Сиро мислев ќе се помочкам од среќа. Штета не бев на подолго во Милано и не отидов на натпревар. Што не значи дека нема да одам еден ден! И да дома мојот ѕид го краси шалче и дрес од Милан вреден 90 евра, толку ни за штикли не сум дала Имам и знамиња 2-3 огромни. И малку погрешив за името позади требаше легендата на милан Малдини да стои, сепак јас одбрав Кака
Друже ако збориме за минато и Ливерпул е најторфеен клуб во Англија заедно со Манчестер ама од кога е оформена Премиер лига немаат титула јез да они имаат минато ама глеј им ја сегашноста играа во Лига европа и испаднаа во 1/8 финале и годинава имаат реални шанси да не се пласираат во истата Имаше една изрека не живеам за минатото, живеам за иднината затоа што таму планирам да го поминам остатокот од животот. И ова со титулите и нема некое големо значење освен ако на навивач на Челзи само за да го иритираш ќе му кажеш немате трофеј во ЛШ или пак немате историја, па што ако немаме историја кога последниве 8-7 години всушност Челзи се меѓу 10 најдобри екипи во Европа.
Еее вакви фанови поштувам не некои јас сум за манчестер јеее победивме фрчат статуси на фб го додаваат тимот во име а не знаат ни во која лига се Блазе си ти се надевам и мене ќе ми се оствари сонот да идам на Стемфорд Бриџ Тери заљубена сум во човеков и Торес исто ама Тери не плачам ни за љубов колку што сум плачела лани Интер елиминацијата и Финалето на ЛШ
-Финалето го зезна Тренерот на Челзи што му даде на Terry да шутира пенал иако он е дефанзивец и никад не шутирал пенали - Која дебела историја во последни 3 год само се појавуваат иди интернет види од 12-16 место се држеле сите сезони ... - WTF? - A другите што викаш ЕДНА СЕЗОНА имал ова она рекорд па тоа незначи дека и другите тимови немаат сигурен сум дека секој тим има рекорд некаков некоја сезона со најмалце голови или ова или она сакаш факт Nottingam forest , Aston villa , Blackburn , Liverpool , Manchester , Arsenal , Everton , Stoke City , Sunderland , Wolfs имаат поголема успешност во Premier League него челзи - All-time FA Premier League table http://en.wikipedia.org/wiki/All-time_F ... ague_table еве линк види кој има најмногу голови и победи и чуда тамо - http://top-10-list.org/2011/03/10/top-1 ... all-teams/ те молам забележи кој се тимовите пред Челзи (челзи се на 10то место ) Rossonerka ги заборави Марко Ван Бастен Сидорф Роналдо И Роналдињо -Marko ne go znam mnogu ama slusav kako mal koga dedo mi go gledase i se divese (И џабе се расправам дека Челзи и Интер се тапа кога 95% од членовите навиваат за нив ...)
Јас пишувам Челзи се меѓу најдобрите 10 во Европа последниве 7-8 години ти ми даваш линк каде Реал Мадрид е прв а мислам дека тоа не можно ако се земи превид последните 7-8 години но се манува ситуацијата затоа што листава е направена според трофеите и не ми е јасно што бара Челзи тука нели Челзи нема историја Во твоите мислења гледам многу омраза кон Интер и кон Челзи, за Интер можам да разбрам дека навиваш за Милан а што имаш против Челзи или и за Манчетер навиваш/ Како и да е нема потреба веќе да се дискутира за оваа тема, никогаш нема да се разбериме. Манчестер победи, Арсенал нерешено и Тотенхем нерешено.
Едно прашање само Дали си пратиш ситуација или пак гледаш натпреварите на Реал ? - Листата е според успеси голови и чуда (и трофеи ) и не сум за манчестер за астон вила сум ги мрзам челзи бидејки минатата год 2-1 ги тепаат астон вила и тоа се извлекога со офсајт и 3-3 кај челзи од 0-2 направија а манчестер сакам да ги тепаат челзи затоа што сите навиваат за тој факе клуб кога ке направи некоја победа а кога ке испадне никој нема исто беше и со Bayern Inter сите за Bayern ке гази ова она , и тепаше интер и сите леле интер зверки од секад за нив ова она
Фејк клуб? Тука станува збор за прави навивачи. Јас сум со овој клуб од кога знам за фудбалот и никогаш не би се откажала од него. Royal blue ми е во крвта. А за финалето, Дрогба сам е крив што доби црвен картон. Не е тренерот тука крив. Да се контролираше, Тери немаше да биде во таква ситуација. Фала што ме просветли дека е дефанзивец.
Која ситуација да ја пратам и гледам наптревари на Реал еве ти одговор и убаво пишав јас, само некој треба да прочита.... За тоа и зборувам друже, што бара Челзи во листева кога викате дека нема трофеи и историја. Омилени ми се навивачите кои навиваат за повеќе тимови ме интересира ако некогаш играат Астон Вила- Милан за кој ќе навиваш
Полека бе смири си ги страстите како прво. Викаш ги заборавив а? Јас не набројував фудбалери, си ги кажав омилените, Ван Бастен иако легенда, за почит, не сум го пратела неговото време. Другиве ги сакам, ама не ми се во списокот на најомилени. Ако сакаш да се расраваш за фудбал толку има фудбалски форуми тука не ти е местото. Жените се далеку поцивилизирани кога гледаат фудбал, а не сега најде девојчиња и ќе се правиш колку си ти само паметен и се разбираш во фудбалот. Јаоооооо фраерчиште им реплицирал на сите жени и им кажува факти wow.
не сум фраер , да бев фраер немаше да седам на форумов и на други форуми а ако погледнеш малце поназад ке видиш ја пишав според мене кој би победил и од тамо ми реплицираа и се разви дискусија за тимовите и не се разбирам толку у фудбал а што неможам да пишам нешто лошо и да изнесам факти за некој клуб? извини нема више тебе да ти реплицирам , гледам одма рипаш чим некој нешто ти пише ае више не ти реплицирам
Што не кажа вака од почеток па одма ќе те сфатев Прво сочуство за вчера 4 загубена утакмица и дополнителни комликации за скудето . Дали сте постигнале 100 гола во сезона да бидам попрецизна 104 ? не ми треба историја ми треба тим кој игра со срце .... Кој се подигнал од дното имам чест за бидам сведок кога Челзи ќе ја освои ПРВАТА ТИТУЛА ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ а тоа не би го давала за ништо на светов.. Челзи допрва пишува ИСТОРИЈА знаеш и самиот дека Челзи има сила дека во последниве години односно откако се под кормилото на Абрамович се тргна кон врвот... Кога и да се отвори муабет за фудбал прво што слушаш е ---- Немате ЛШ лалал АМА ќе имаме и тогаш ќе им ја затворам устата на сите кои го оспоруваат квалитетот на Челзи .. Ешли Кол ---- Играч во Англија (за многумина најдобар лев бек на светов ) ( мета на Реал Мадрид едвај се тргнаа од него ) Робен,Шефченко ,Торес, Дрогба,Зола се само дел од легендите на фудбалот кои решиле да дојдат во Челзи тој тимот без историја де од кај знаеш може планирале да си ја уништат кариерата затоа и дошле ... Да е во криза Челзи сезонава во криза е и тоа поради вашиот Анчелоти кој отпушти многу играчи а тие дупки не ги пополни и немавме клупа тука се придодава и падот на Дроба па ни Чак Норис да играше во Челзи не ќе можеше да го спаси тимот од толку порази.. Ако толку ги мразиш Челзи што останува за Интер можам само да си претпоставам
Росоњери жалам што вчера изгубија вашите. Нероаѕури, им се приближуваме полека на оние на врвот. Forza Inter