Реал игра многу добро на оваа утакмица. Јас сум презадоволна од играта до сега. Ако продолжат вака и во второ сигурно победуваме. Ептен го притиснаа Леванте во неговиот шеснаесетник,11 корнери до сега за Реал, 80% посед на топка. Страшно добра игра. Само уште резултатот да го поправат и ќе биде супер ЕДИТ 2-1 за Реал Кикица мој најубав ЕДИТ 3-1 Кикица мој каков голллллллллллл Уф неможам више, ако прочитате некаде дека е силуван КР7 да знаете дека сум ја
Porto 4 - 0 Leiria Цело време 0 : 0 , потоа Порто во 65мин. 1:0 и на крајот последните 10мин. уште 3гола даде...неможам да се начудам :geek:
Леле мори мајко.. Јас вчера ви честитав за титулата,така да не се надевав Леванте да тепа денес. Ах,и немав план и да гледам,да си ги чувам нервите,за во Вторник. Ама мора да се види резултатот..гледам 0-1..вау После гледам изедначиле 1-1 Му велам на брат ми де пушти да видиме резултат.. 2-1 ..де пак 3-1 -- е сега не ни пуштај сигурно е 4-1 ...4-2..супер!
Страшно добра игра на Реал Мадрид,извонредни голови на Роналдо и Бензема .Што повеќе да кажам,извонреден натпревар.Секоја чест и за Леванте,одбраната им беше многу добра ама со Реал не се може.Се на се,ми беше милина да гледам фудбал вечер.Реал можеше и повеќе голови да даде,земајќи го во предвид тоа колку шанси имаа но и ова е повеќе од одлично.И имаше еден неправедно поништен гол на Реал.Ама сепак 10 бода предност .
Прекрасна игра на Реал Мадрид вечерва.. Роналдо wooow каков гол .. немам друг коментар , едноставно уживанција е да гледаш ваков фудбал !
Пфф После 3 години без титула и сега коначно ќе земат една и одма цел фацебук го испишаа ..... Реал земаат титула оти Барса си играаат играчки , не затоа што се нешто боље од Барса.... Тоа е тоа едниот Ла Лига , другиот Куп Интер
Абе остај, тешење, палчење, све има после 10те бода Барса си играла играчки, ахам, поверувавме. Исто како што Реал си играше играчки последниве три години, за да осети малку и Барса што значи титула
Лесно е за Реал и Барселона, можат да го купат било кој фудбалер, па само прашање на време се титулите. Се прашувам дали некој вечерва го гледаше финалето на Купот на Африка. Радоста на фудбалерите на Замбија е нешто за што вреди да се гледа фудбал. Тотални анонимуси, а успеаа да ги совладаат и Гана и Брегот на Слоновата Коска. За мене они се хероите вечерва. Репрезентацијата која го остави срцето на теренот. Репрезентација која во светот на фудбалот не вреди ни половина од неделната плата на Кристијано Роналдо.
А вас оваа бројка ви значи Колку сте ми само слатки кога ве читам Редно е и вие да ја почувствувате таа радост
А вие дали сте тажни поради вашиот пораз од Осасуна и поради тоа што судиите за ПРВ ПАТ не беа на ваша страна па бевте оштетени? Дали осетивте како е да се изгуби поради судии? И дали сте тажни поради недостижните 10 бода? Само да си кажам де... Срцки они
Не бе,скокаме од радост на поразот од Осасуна.. Пике удри во автобус. Дефанзивецот на Барселона Жерард Пике предизвикал полесна сообраќајна незгода. Шпанецот кој бил на пат кон „Ноу камп“ со својот автомобил удрил во автобус, сепак не предизвикал значителна штета. Инцидентот се случил во центарот на каталонската престолнина. За среќа нема ниту повредени, а за да стигне до крајната дестинација вереникот на Шакира повикал такси. Пике веројатно брзал на еден од последните тренинзи пред патувањето во Германија, каде што во вторник бранителот на насловот во Лигата на Шампионите го очекува првиот натпревар од осминафиналниот двомеч со ослабениот Баер Леверкузен. Среќа што не е повреден.
Леле,леле сега ќе се фалиме за титулите кои ги освоила Барселона последните три години.Епа ако нема со што,со тоа .Седите мирни и не се многу фалите со нешто што поминало,затоа што ако почнам да ги набројувам титулите на Реал ќе ми помине денот. Реал им даде да се порадуваат малку овие години а сега е на пат да си ја врати титулата и местото кое му припаѓа во Шпанија.Ви кажав јас,Барса е мода која минува и избледува.Всушност како мала кога гледав фудбал и не знаев дека постои таков клуб.И ве молам уште еднаш не ги ставајте на исто ниво купот и лигата затоа што лигата е далеку поважна.Читав јас на фан страните на Реал минатата сезона кога Реал губеше од аутсајдери дека сите пишуваа коментари од типот "Си заслуживме,со право нема да ја освоиме титулата".Па ајде и вие бидете малку реални и објективни и признајте си а не тука да ми ставате слики од претходните три години и титуличките на Барселона .Секоја чест на исклучоците.Голем дел од тоа да бидеш навивач е да знаеш да си признаеш пораз и неуспех.
Вие сте легенди, ви нема рамен . Девојки секоја чест, со месеци се докажувате кој е појак, оваа ќе му дојде како што е постаро дали кокошката или јајцето . Туку кажете Милан ќе ги мачка Арсенал во среда, нели ?
Еми се жалевте дека Ла лига била класика ...па Барса да ја направи поинтересна,немојте толку да се радувате,де. Наредната година пак класика,што сакате не е Барса Реал три години да.... Уф,не! Forza Milan!!