Многу ми беше слатка сликата,затоа. Инаку нека има поздрави де, ние сме си вечни ривали, а и ќе си ги делеме трофеите, вас купот, на нас лигата, така ќе сме задовони сите.
Старбакс оди види,јас имам уште послатка.. Плавуша еве ја твојата ситуација.. Моментот кога ќе те падне само една утакмица со коефициент 1.10
Абе па како очекувате Роналдо на 16-17 години да изгледа исто како сега.Само забите му се различни,друго се си е исто.И преубав е,ама добро за вкусови не се коментира.Јас кога ќе се сетам колку лудував по него за време на светското првенство.Само гледав клипови од него,слики ставав на поадини .Сега малку оладив ама пак си го сакам. А и не е муабетот неговиот изглед затоа што сите имаме различни вкусови ама што е одличен фудбалер одличен е.Вчера најдобро го покажа тоа,каков гол вау .Додека Меси како да го немаше во сабота .А Смајли барселонска химна на Бернабеу нема да слушнете затоа што и вие не ни дадовте да играме и ние нема да ви дадеме.El club blanco no olvida . Туку ајде доста со Реал и Барса оти навистина очекувам бан во секој момент .Јас за Арсенал ќе навивам во среда.
OMG Не ми се верува еј, во ситуација на немоќ навивачите на Барса се фаќаат за физичкиот изглед на фудбалерите на Реал Да, да истите оние фанови кои до вчера пишуваа дека фудбалерите требале да знаат да играат фудбал, и дека физичкиот изглед не е битен. Оние кои на Кампот освен џуџиња и симпатичнните фаци на Чави и Фабрегас, не виделе друга лепота Да, да оние кој плукаа по Роналдо демек бил манекен, а не фудбалер. Одлучете се, зошто сте контрадикторни сами на себе. Ај сега малку уживање http://www.youtube.com/watch?v=3XwtLvNoxVs
Иииииииииииииии аха, импресионирана сум од Санчез Море море, ако дава голови и понатаму како што е убав, супер ќе биде
Уефалона own: own: own:. Само за Санчез секоја чест,одличен на овој натпревар .Меси ми се чини како за Аргентина да игра,абе ви кажав јас дека без Чави и Иниеста го нема никаде.
Знаев дека овој ќе биде резултатот, добро е ливчето. Ама сепак, тапа натпревар. Дани Алвеш го неќам и никат нема да го сакам. Фала Богу се најде овде да асистира на Меси и овој даде каков-таков гол. Алексис Санчез секој натпревар се подобар! Чиста игра, умешност.. секоја чест. Добри интервенции на Виктор Валдес. Ееех да ни беше и на Ел Класико.. Инаку. Овие судии веќе ми се преку глава. Претераа сега со судење во корист на Барселона. Незнам за што станува збор. Еве велите Уефалона, јас чисто се сомневам во тоа, ама никој не може да тврди зошто вакво судење има. Секогаш признавам и пораз и нефер игра. А! Ќе заборавев. Давид Виља ненормално многу фали! Царе враќај се, без тебе никаде..
^ХMм Блек не очекував ваков коментар од теба за играта на Меси..Одлично играше денес,извонредни асистенции.За првиот гол кој е заслужен а ? И како ја руши одбраната на Леверкусен,свака му част,штета што тогаш не реализира,каков гол ќе беше тоа И го руши рекордот,што е уште побитно Имаше одлична шанса при крајот,чиста позиција,ама се реши да им даде шанса на другарите Како и да е слободно може да се каже Барса во четврт финале лалалла..
Хаахах па чекајте нема да биде интересно ако на почетокот испаднат. Моментот ќе биде од Реал Иначе браво за Санчез(морам да признаам) Дани Алвеш циганот нека се откаже од фудбал, колку не го бива, се форсира со сила. Меси, хахаха ајде дојде до топка и тој конечно-ако ова е најдобар играч, тогаш нешто не е во ред со светов, или со мене (зборам за неговата игра оваа сезона општо, се виде колку не би успеал во друга лига, а тоа не е најдобар играч). Како и да e, само да си искоментирам онака.
Боже немаше да прекоментирам ако не налетав на вакви коментари за играта на Меси.Очигледно е дека на интернет сте штракале а не сте гледале утакмица Фудбалер не си само ако даваш гол Меси имаше прекрасни асистенции, за првиот гол на Алексис тој бше креаторот и уште многу други асистенции кои не беа искористани мада на тацна им ѓи сервираше Ај чао, пријатно!
Јас од него ништо атрактивно не видов вечерва.Не ми е тој Меси кога покрај него играат Чави и Иниеста.А за третиот гол е најзаслужен,колку и да не го поднесувам шупакот Алвеш.Меси ја само втурна топката во голот,срамота ќе беше тоа ако го промашеше. А за судиите,не знам што не ви е јасно.Очигледно ја фаворизираат Барса,иако додуша баш сега немаше којзнае колку голема помош за Барселона но сепак се фатив за глава кога му дадоа жолт картон на играч на Леверкузен за ништо.Ама добро е,можеше и црвен да биде . А Барселона оди во четврт финале,тоа е јасно.Но се молам да отпаднат понатаму,со ваква игра реално не заслужуваат да играат полуфинале а камоли финале.
Играта на Барса- пола саат се подаваат, надевајќи се дека обраната во еден момент ќе попушти(од досада) далеку од добар фудбал беше прикажан денес.
Ауу БлекСвон дај те молам колку и да ги мразиш Барса коменатрот за овој натпреварот ти е тапа.Реков јас дека ништо не си гледал.За голот што го постигна Меси пак тој беше виновен бидејки направи прекрасна акција, ама прекрасна и мина како стрела покрај германците па подаде и топката веднаш му беше вратена и оп-троп ГОЛ! Ај не ми се коментира на вакви глупи реплики.Толку од мене
Бреј и мене ептен ми е чудно за Меси што коментирате.. или се договарате вие реаловци тука да коментирате против Меси,демек како тој најдобар играч бе... или не гледате утакмици или е до мене луѓе,јас изгледа не гледам добро :geek: Рекордите се поставени за Меси да ги руши едитирам-Чек и да ве демантирам,Меси првин прекрасна топка упати до Дани,а тој пак на прекрасен начин кај Меси и тоа ви е Барса Сакав и за судиите да прокоментирам,од почеток стварно добро почнаа.Ами второ полувреме некако слабо,слабо.Имаше таму поклони за Барса ,ама и чудно ми е како не беше суден слободен удар кога го спростреа( ) Меси два играчи на Леверкусен.. признајте,и за Леверкусен имаше поклончичи,за Валентин Ах и да ја пофалам прекрасната асистенција на Алвеш,и секако играта на Санчез Абе 1-3 многу си го сакаме овој резултат бе
Добра игра на Барса вечерва. Но сепак не е таа Барса од лани, факт. Како и да е Барса сосема заслужено оди понатаму (иако не е официјално, ама 99 посто е веројатно дека ќе оди). Баер Леверкузен не беше лош, ама ситни грешки ги доведоа до пораз. На Камп ноу нема веќе што да бараат. Туку незнам зошто толку го напаѓате Дани Алвеш. Ја лично го неќем како играч зашто глуми ужасно многу, ама дека е квалитетен фудбалер нема дилема. Денес беше добар, освен оној себичен слободен удар, ама се извади и за тоа кога при чиста ситуација за гол не шутна и му асистираше на Меси. Судијата добар, немам замерки. Епа ај честито Каталонци, да не викате само дека сме лоши и само критикуваме.
Е,и тоа. Прво полувреме за малку ќе се откажев од гледање.Досадни се веќе со тие пасови,на средина на терен си ја подаваат 50 пати топката. Хај немам должност да ти се правдам дали сум гледала или не.Јас си дадов мислење за натпреварот и според мене е така.Не реков дека Меси воопшто не го бива туку се губи кога не игра со Чави и Иниеста.Сто пати ли треба да го повторам тоа за да ме сфатете и да го прифатете моето мислење.А за играта на Барса не реков нешто екстремно лошо,дури Санчез и го пофалив за прекрасните голови.Ама вие сте навикнати само да си пишете "Барса беше супер" и крај на муабетот.Секоја чест на она што го напиша Аврил,потполно реално и објективно. А да,и реплика е ако ти реплицирам на тебе а јас само си напишав мислење.Ти ми реплицираш на мене.
^^ Боа да не ти удрило винцето во глава? Просто не ми се верува Се шалам Се бранеа многу Баер без напади па затоа играта делуваше така, па 80% топката беше кај Барса, а Меси ќе ве молам не ми го чепкајте Точно е дека Барса не е како лани но со толку повредени играчи, тоа е...
Па еве де оваа е реплика, реков дека не коментирам на вакви реплики али ај дека си ми мила само за крај една реченица.Мислав вака до сите не само до тебе. Толку ли е потребно секоја радост да си ја уништуваме? Нема смисла веке оваа, затоа и избегавам да коментирам Ајде поздрав до сите.