До виното ќе да е Се шалам секако, ама секад признавам и честитам победа која е заслужена Ама кога Барса победува со судии е тогаш прва напаѓам и коментирам, така да си знаете А за Меси, време е да признаете дека не му оди во последно време и дека Меси не е Меси без Чави и Иниеста.
Е ајде од сега ние што не сме фанови на играта за Барса, ќе ќутиме, зошто нели не сме гледале. Ако не ми се свиѓа ќе кажам и тоа е мое мислење, без разлика дали на некој му се допаѓа или не.
Меси вечерва беше Меси ,и Иниеста, и Чави во исто време Ах и изјавата на Гвардиола - "Messijev život je fudbal. On je tako sretan kad igra." Tуку Иниеста не беше баш добар,хм па сепак голем притисок за него,не е потполно заздравен
Надвор од дома го гледав натпреварот знаев дека нема да е лесно, ама знаев дека Барса ќе тепа. Мноооогу далеку ќе оди Барса во ЛШ, верувајте. 3:1, солиден резултат. Познатото трио Чави-Меси-Иниеста, препознатливата игра, тоа е тоа. Многу добра игра на Алексис Санчез. Жал ми е за пропуштените шанси и нормално најмногу за стативата на Меси, исто и за многу сличната шанса од иста позиција и така. Добри беа Леверкузен, ама не толку за да бидат со четврт-финалето, како Барса. На домашен терен со онаа публика, солиден пораз си добија. Фер судење. Auswiedersehen! Што убаво ви намигна Меси на крај, мњах!
Плавушке се гледа дека не си гледала дома,кај го виде Чави жити се.. Туку што ме потести за стативата,уф колку само среќа имавме за 2 цм ќе примивме 2 гол. Ау каква шанса беше тоа..стативата сојузник на Барселона
^ Па кој беше тогаш тој на негово место ? Јас во кафич гледав и не приметив такво нешто, ич не се примети дека го нема Чави иста беше играта со или без него.
Ајде заврши Меси и компанија.. следува Милан - Арсенал... тука очекувам добар фудбал, обострано.. и се разбира победа на Милан едвај чекам да дојди 20:45 h ..
^ Блексвон, ако оваа констатација ти е само зошто не сум приметила дека не бил Чави, туку друг на негово место што ја заврши работата ИСТО како што ја врши он, е браво. Јас пишав дека не гледав дома и од 10 метри растојание во кафич и супер и сум видела. Играчите не ги гледав многу кои се, ама играта ја гледав и си претпоставував кој би можел да биде, затоа и пишав Чави, не знаев дека нема да игра само за Пике знаев. Да бев дома, друго ќе беше. Разлика во позицијата немаше, исто ја одигра кој и да бил Фабрегас или Бусќец. Ич не ни приметив дека Чави го нема, исто беше се. Коментар - што бараат воопшто да го пуштат оној Алкантара да игра во ЛШ. Втор коментар сега ме потсети Ани, ќе игра Ибрахимовиќ 100% така? Трет коментар - ако така мислат навивачите на Реал и покрај она што го пишав и сметам дека е сосем океј и разбирливо, кој и да беше ќе се збунеше, ама ок, тогаш јас веќе не коментирам на темава нема потреба. Срамота е ова што го праат некои тука, пишуваат секакви мислења за да добиваат лајкови од сонавивачите. Јеј! Поздрав од мене.
ХАХААХХАХ It's funny 'coz ние бевме тие што не гледале. Nothing personal, ептен ми дојде смешно. ПС: Мњах!
^ Ај сега ќе добиеш 3 лајка, каде ако не во темава, биди среќна јееее. Мњах и од мене, и од Меси! Ајт со здравје!
Јас имам право на која тема сакам да пишувам, ако сакам ич нема ни да ги погледнувам другите, тоа е мое ЛИЧНО право, како и правото на лајк. Да не идеме офф, ако имаш нешто подобро да расчистиме по лп, нејќам да се уништува мојата ОМИЛЕНА тема.
Океј си е тоа ако не си гледала убаво ама ти со таква сигурност кажа триото Чави-Иниеста-Меси што воопшто не ни даде до знаење дека не си ги гледала убаво играчите.Не беше баш исто ама ај.Сакаш да кажеш дека Бускетс или Фабрегас па и Санчез играат исто како Чави? Мое мислење е дека не ги знаеш убаво играчите,не поради збунката туку тоа го заклучив од повеќе твои коментари.И што сега,на крај секој си има право на мислење.
Плавушке ја стварно незнам зашто толку лесно се нервираш и зашто се земаш при срце? Ситуацијата како што ти ја наведе беше смешна, зошто Чави не играше, и ок е некој да се нашали за таков коментар. Не е ништо лично, нити пак верувам дека е заради лајк, а исто така не верувам дека некој има нешто против тебе, едноставно смешно испадна и тоа е тоа. Нема потреба за нервози
^ Дадов до знаење уште на почетокот на постот, каде пишува дека не гледав дома, и потоа пишав каде гледав и на кое растојание. И мене ми беше толку слична играта што помислив дека е тој. Чекај, не го знам играчот само зошто не знаев дека нема да игра, и го помешав така? Глупости, ама ако. Задржи си го мислењето, твое си е. Санфлауер94, богами и повеќе од очигледно е дека ти е омилена тема :geek: Боа, не е фер до толку да се преувеличуваат работите, како да не се земат при срце? Да бев за не знма, Валенсија пример и да не приметев играч тоа никој немаше ни да го примети, и да приметеше немаше ни да обрне внимание, а вака сите рипаат. Не личи на ништо ја уништуваат темава. Кога не приметив, не приметив што да правам исто ми дојде. Тоа ме прави никаков фан, ништо не знам за тимот ни играчите, појма немам од фудбал, само се правам паметна итн. Како човек да не земе при срце кога тука го навредуваат за нешто што не е така? Како и да е јас веќе не коментирам на темава евентуално ако дојдам тоа ќе биде да пишам некој коментар за утакмица што ме заебала на спортска или нешто така.
Зошто пак на форум да си го задржувам мислењето? Јас никаде не те навредив,само констатирав и сеуште стојам на тоа мислење дека не ги знаеш баш убаво играчите.А дали ќе пишуваш на темата или не тоа си е твоја работа.Да не одам многу офф,толку од мене.