Јуле па темава е фудбалски натпревари и може да се пишува за секој тим. Ја ако не пишувам за Реал, незнам за што би пишувала во темата. И незнам стварно што толку ви смета коментирањето за Реал на темава? Ајде ако не сите да си пишуваме за своите тимови во темите што се направени за нив и оваа тема слободно нека се затвори. А сега продолжете да коментирате за останатите тимови, јас се повлекувам од темава.
Мислам дека нема потреба од волку преувеличување, ако темава е само јас навивам за Милан, Реал..досадно би било. Нормално ќе има подбуцнувања кога се работи за надобрите тимови во светот. Секој си има право да ги го каже своето мислење, ако некој има различно од вашето, и не се согласува незначи дека треба да се скока одма. Секој си има право да си го искаже својот став, ако Јуле мисли дека Милан ќе земе, не значи дека и Блексвон треба исто да мисли.
Ајде доста кавги, кој бил подобар. Не гледате дека играат за кладилниците, особено Реал и Барса. Ремито сега на Реал, и претходно на Барса со Валенсија, беа чиста местенка за кладилниците. А добри се сите тимови, и Реал, и Барса, Милан... ама се е местенка, сватете го тоа Се е за пари
Џули мојот коментар беше на шега и тоа испад го кажав повеќе на шега а твојот напротив не беше.Одма ми реплицираше демек за Реал се однесувало и ми наведе некакви факти кој против кого тепал.Ти малку преозбилно сфати.И правиш споредби меѓу Арсенал и ЦСКА.Чекај малку,има уште реванш,не е завршено осмина-финалето.Важно Реал не извади негативен резултат туку реми.А и да ти кажам време му беше малку да киксне затоа што е еден од ретките тимови,ако не и единствениот оваа сезона на кој му се бројат поразите на прстите од едната рака. И ќе си пишувам за Реал затоа што навивам за тој тим како што и ти пишуваш за Милан,Смајли и Хај за Барса итн.Ако на некој му смета тоа слободно нека ми ги прескокне мислењата.И нема потреба да рипате на секое мислење кое е малку на шала напишано .
Тоа никој не го негира, не само за оваа, туку и за минатата сезона. Сепак, импресионира „интересот“ на Миланезите со „просечен“ клуб како Интер, нели ( )... It makes you wonder, златна...
Mуабетов... Mојот, а и на останатите беше на шега, од играчка на плачака отиде. Jас, ете признавам го пишав мислењето во афект, може малку претерав, но никако не сакам овде да се карам со форумџики кои ми се особено драги. A на оваа тема сите си ги сакам . Mир...може ? Aма признајте, жени и фудбал, па мора да има и вакви ситуации, да се раздрмаме малце . п.с Mилан сепак ќе е шампион
Јуле пак сискаш цело време ве читам, не коментирам несакам во конфликт да влезам со никој.. секој си има свое мислење и ајде нека иди сабота .. Милан да го прегази Јуве !!
Златен, Милан и Интер да се последни во групата, да се пред испаѓање, пак ќе си бидат крвнички непријатели, тоа е факт. Секогаш Росоњер ќе се радува кога Интер губи, исто како што секогаш навивач на Интер ќе се радува кога Милан губи Утре да те видам за Милан да навиваш, заради муабетов, океј?
Вечер натпревар за мерак, и тоа дома . Ајде бе за инат да го победиме Јувентус Инаку за навивачите на Интер, ако дозволите преземена песничка на шала малце Kratka pjesmica o interu. Probali smo pobjediti Lecce, Od sebe napravili smeće. Milito je čak pokušo i sam, A Miccoli rekao:"e, ne dam". Ranieri nas doveo u Rim, Da ispadnemo gost fin. Kući nam Novara došla, Sa tri boda kući je ošla. Bologna, pa zar i ti, A šta ću, ajmo nula tri!
^ Ахахахаха, ЗАКОН! xD Пиле, се радувам кога Милан губи САМО кога од тоа директно „профитира“ Интер (а сезонава, Интер си е далеку, далеку, во бездната ) ; Во спротивно, изгубил - изгубил. Во спротивно, јас гледам Интер што прави (а тој па кутриот, кревок и напатен, губи ли губи - утре против Наполи ќе е уште потешко, ако против Беласица, Турново и Кожуф им беше тешко пред ова ). А инаку, вечерва што и да е, само Јуве да не е.
Браво за Ночерино тоа беше одбиена и автогол за Јувентус, а срамота за судиите што поништија чист гол на Мунтари, топката влезе сосе Буфон НЕ МИ СЕ ВЕРУВА! Јувентус играат многу послабо од Милан! ПОБЕДА! Мунтари главеееееееееееен
Нека победи Милан, да биде дечко ми расположен вечерва, болен фан е на Милан. Инаку навистина многу добра игра имат Милан.
Зар судиите не видоа ? Како и да е мислам дека поништениот гол на Мунтари нема да доведе до криза ... и да Милан е многу подобар !
Прв пат ми се случува да сум волку индеферентна на натпревар. Јуве многу се занесуваат дека немаат пораз (а немаат врска нерешените резултати ), па ајде да осетат еднаш. Милан не ги сакам многу, иако на оваа уткамица добро се држат, страшна одбрана + оштетени се. Како и да е второво полувреме ќе биде по жестоко . Сеедно ми е кој ќе тепа, сепак ја ги милувам Интер од калчото
Аман бе,кај гледат овие судии! http://www.youtube.com/watch?v=Hq7mhKI5pFU -Јасно се гледа дека топката е половина метар внатре! уф,ќе биде лошо ако овој гол би бил пресуден.
Можам да прифатам пораз, да ги искритикувам за лошата игра, ама неможам да сватам неправда, видена со голо око пред себе, ќорави ли се, нефер ли се, сеедно ама не е само што оштетуваат тимови, што налутуваат фанови, туку фудбалот го оштетуваат. Убаво напиша еден Новак Ѓокович на статус вечерва: Зошто нема технологија во фудбалот? И јас не знам зошто. Но треба да се воведат промени, зашто судискиве грешки станаа секојдневие. Срамота!
Значи не е работата дали влегла топката на мунтари или не ... да топката влезе во голот на буфон но мунтари беше во офсајд поради тоа што видал беше зад линијата на теренот да беше видал во терен голот ќе важеше ......... затоа и голот беше поништен како и да е ги поделивме бодовите па на крај ќе видиме кој ќе го освои скудетото