Мене среќа не само таа, и Гетафе ја имав 0-2 гола и 1-2 заврши Ај денешнава може ќе биде, а Јувентус многу знаат да заебат или нерешено или победуваат, ама не се знае кога-како Битно они пораз немале, а 93858275285728572 ремија.
Па богами ако Јувентус мисли бод по бод-титула гадно се лаже. Јуве 1, Милан 3 и се така па погодете кој ќе освои Јуве со брзина на желките одат до титулата
Дечки што мислите дека ќе направат Интер и Катаниа ? Ги имам уплатено на прилично голема сума и ми е страв
Реал - Еспањол 5-0 Стрелци - Кикица, Кедира, Кака и 2 Игуаин Мен оф д меч Рикардо Кака Страшно добра игра покажа. Дај Боже од сега па натака се вака да игра.
Кака беше одличен, само вака нека продолжи и му се препишува златната топка , повторно Искрено се надевам дека ќе остани во оваа форма, и дека понатаму ќе прикажува игра, како вечерва.. несомнено беше најдобар !! ми се полни душата кога игра одлично и дава голови..
Прекрасни беа сите, Кака најдобар, Игуаин конечно се разбуди, Роналдо стандард..јас многу се надевам и на Мората од младинците, од поодамна до пратам, се надевам ќе му дадат повеќе шанса хаха
Многу чекаа, и така веќе се е загубено. Друго, одлична и убедлива победа на Милан, браво . Момците годинава ме изненадија од тоа колку се добри. И трето, мило ми е за Кака, тоа е тој, за жал не е повеќе во Милан, но каде и да е, сакам да биде тоа и што беше, па макар и во Реал . И така, се чека ЛШ, да го потврди Милан пласманот во четвртфиналето . едит: Најти, ма шта се дешава со твојот Интер, вака ако продолжат збогувајте се со пласман во ЛШ, на арно не ќе да е работата . Битно го тепавте Милан, нели .
Кака е прекрасен играч, штета што скоро стана незбележлив, Милан не е тоа што беше без него. Но браво за играта и голот денес, иаку ич не ги сакам Реал, мило ми е. Него Мики прв на листа бил, а
Одличен натпревар.Знаев дека против Еспањол ќе паднат повеќе голови,сум приметила дека редовно ги полниме.Да,дефинитивно играч на мечот беше Кака .Ви велам јас дека Кака и Игуаин треба да се секогаш во стартниот состав.Срамота е играч од калибарот на Кака да седи на клупа или да игра само 15-10 минути.Овој пат го покажа тоа,браво .Во никој случај не треба да си оди од Реал. Игуаин е навистина кошмар за Еспањол,ако не се лажам во есенската пресметка постигна хет-трик.Роналдо стандардно одличен.Презадоволна сум од момците,само победи нижат .
Tи невесто ми ги читаш мислите мене за фудбалов Истово ќе го пишував и за Кака и за четвртфиналето. Кака е играчиште, кога игра, игра колку за 3ца. Многу ми е мило што блескал, не го гледав натпреварот, но сите потврдија. Се надевам дека ќе блеска и понатаму, иако бев лута кога замина, не можам тој човек да не го сакам, толку придонесе за Милан. Го разбирам и до некаде, се помирив со фактот дека не е веќе меѓу Росоњерите. Шта се Интер тиче... Абе мене ми е досадно вака, озбилно. Не е во ред за Италијанскиот фудбал олку Интер да падне, тоа може на цел Италијански фудбал да влијае. А и искрено поинтересно ми е кога очите си ги вадам со Интераши, кога е неизвесно, а не вака една Катанија да не можат да ја победат. Морам да признаам дека ми недостасуваат старите Интер, да ми биде уште поќеф кога ги победуваме или кога покрај тесна борба ние освојуваме титула. Не дека ги сакам, ама сакам пак да се вратат во форма за кога Милан ќе ги победи, да имам со што да се курчам Сакам во Италијанска лига да се компетентни за титула многу тимови, како во Англија, а не цело време да се знае Милан или Интер, евентуално Јуве.
Од сега се дружам со фанови на Интер , Баерн и Барселона .... И фала што ја пој*бавте темава омилената ми . Соработката заврши Челзи за никаде .... И тако то да сме живи и здрави ние .
Гледам,гледам...особено коа игра Реал Мадрид,дечките се феноменални.Денес богами ги пое*аа Еспањол.5-0 Плејер оф д меч Кака,само така нека продолжи!Заедно со Роналдо,Игуаин и остала компанија има да гаазат
Зошто уште го спомнуваш тоа со Милан? Толку боли, пораз од потпросечен тим? Зашто искрено, јас го заборавив - победа, која особено во ваква црна серија се покажува засега драгоцена. А иначе, Интер не оди догодина во ЛШ.
Не, воопшто не боли, особено кога Милан е на врвот од табелата, на чекор до пласаман во четвртфинале во ЛШ, туку, вие таа победа од уста не ја вадевте иако никаде го нема Интер . Туку, се согласувам со Спаркс, ех невесто, мислењава скроз исти за фудбалот . Поинтересно е кога Интер е појак, кога Милан го тепа и оп титулата од пред нос им ја зема . Неизвесност, нервози, малку андреналин, вака се знае. Добро би било и уште 2-3 тима да се во неизвесна трка за скудето, пример Рома, Удинезе итн. Мурињо назад во Челзи?! Одлично би било да се врати . Уште Кака да се врати во Милан и би била презадоволна .