Кој тоа не ја вадел од уста? Те молам најди ме, подвлечи и покажи? Во заблуда си пријателке, што и не ме чуди, вечен комплекс ви е Интер, независно дали е прв, петти или десетти, и независно дали го има или не.
Мене како фан на Милан повеќе ме боли тоа што неможам да тепам 5 партии дота по ред ... АМАН ВЕЌЕ ! 1. Первезии Јас да застанам у одбрана на Јуле , сакаше да каже дека кога Интер тепаше Најти пишуваше тука и на фацебук едно 100 постови како и голем дел на фацебук фанови а сега демек никаде ги нема А Интер сега паднаа , сите знаат тоа и да лошо беше што изгубивме од нив а не бевме една од тие екипи кој си украдоа поени од Интер , кој патем грешки како од Интер и Лацио и онаа првата ја памтам со Удинезе нерешено .... е тие да ги победевме поготово Лациот (кој патем 4 години по ред ги газиме оваа година само 1 поен сме извлекле) ќе бевме на прво место со однос како Реал -Барса.... ама ете екипа како Палермо која со години ни прави проблеми сега 6 поена им влече без гол да ни дадат.... или пак против Рома дома итн итн ... Италијанско е најинтересно оти се борат 2-4 екипи мислам (незнам колку поени имат 3ти и 4тио ) ....јас мислам дека Интер -Милан ќе заврши со победа бидејќи Интер и така се аут сезонава барем нема да дозволат Јуве кој е поомразен од Милан да им освои , плус тука Чељавицана ќе почне да дели Поздрави на у ходник на екипине и Милан ќе си прави пресврти и победи Гоод ГАМЕ Титула је наша
^ Да, по таа „политика“ се оди, ако не е Интер шампион, барем тим од Милано да е. Плус, факт е дека Јувентус е најомразениот тим во Серија А.
Не ми го чепкајте вие мене Најти Туку вечер Арсенал-Милан... Потајно се надевам дека Арсенал ке успее да ја дополни негативата над Милан и да се пласира во следниот круг. Ноу хард филингс фанови на Милан али еве го подржувам Арсенал сега
Леле вечер Милан. Ја имам на ливче ГГ&3+, Зенит исто, Бате Борисов 1 и Челзи скапаниците 2ка. И сепак мислам дека најризична е Челзи, а најнизок коефициент Читам Робињо им порачал на Арсенал да заборават на 1/4 финале така е брат, нека сањаат слепците Мора вечер уште една победа во Англија динггг...се мислам дека овие Арсенал ќе се засилат, ама тоа нема да им успее против Милан. Они се понижени, посрамотени, ќе сторат се за да го исправат тоа. Ама таа млада екипа убаво има волја, туку има ли игра? Како и да е... едвај чекам вечер. И Барса нека не им бега толку на Милан па Реал се луди човече, јест да сум анти-Реал ама никад ме немаат заебано на спортска бе еј, комотно лупај ги 1&3+ ако играат дома, 2&3+ на гости. Освен против Барса, оф корс Интер и Челзи пропаѓаат, веќе ми се допаѓаат Chelsea are you down, down, down, down, dooooown! п.с. Денес дознав дека мажот на една професорка имал негде 50тина % акции во Наполи, значи го имал пола тим, 100пати прашав дали се работи за истиот јак Наполи од Серие А и ми потврдија. Уау!
^ ^ Најти, Јипи веќе ти одговорил . Плавушке не ти стиснав лајк, само заради Челзи, немој така мор, тие ми се втората љубов од фудблот Туку ја читнавте изјавата на Мурињо? Вели дека би се вратил во Челзи, во пакет со Роналдо . Што велите на ова Мадристи?
A јас пак читав друга изјава од Мурињо дека не се врака во Челзи.Јебига си знае чоекот.Еднаш го избркаа од Лондон,ако има барем гордост не би се вратил.Тој ја сонува менаџерската позиција на Јунајтед и сите го гледаат за заменик на Фергусон. А и доколку има вистина во првата изјава за Челзи па кај иде Мурињо ги зема и најдобрите со него.Само не знам зошто го мразат некои Роналдо,гледајте ја играта а не карактерот.И јас признавам дека некогаш е плачко али си има човекот јака игра.
И ево га почиње! Мм росоњери идеме вечерва на победа и кај топџиите дома! 1-0,хм ако нека им е!Да се порадуваат и тие малку,душички. Добро игра Арсенал,многу добро,ама неможат тие со росоњертите бе! Ептен добар натпревар до сега,ќе паѓаат вечерва голови FORZA MILAN!!
Одговор непоткрепен од факти? Тоа и од тебе го барав, не? А Јипи ко Јипи, секогаш ја прикажува хумористичната страна на нештата. ЕДИТ: 2-0... Wait, what!? o.O
Јас лично не верувам дека Роналдо би отишол во Челзи. А ако случајно отиде во Челзи ќе му откажам љубов за озбилно Не сакам бе да оди од Реал, ама и ако некад отиде не би сакала да отиде во некој тим што некад му бил лут ривал. Неќам да е продадена душа и да игра и за Манчестер и за Челзи. Не иде. Како Ибрахимович бре, играше во Интер, па во Милан. Играше малку во Барса, сега фали уште во Реал да заигра. Туку Арсенал веќе води со 2-0 Ама Милан некако не се замара многу . Како и да е интересна утакмица за гледање за нас неутралните
Имам изјавено дека си го сакам Милан,ама рака на срце прекрасно е да ги гледаш Арсенал во вакво издание. 3-0! Срцки се навивачите на Арсенал,ме наежија.Па и се радував на голот Ма одличен меч Најти,дишеш ли бе?
^ Јас дишам, немам гајле. Него моиве ривали-навивачиња тешко дишат сеа, и се крстат на Ибракадабра да даде гол, па као да пишат после дека они постојано биле сигурни во својот тим, ни за момент не се посомневале во неговиот пласман понатаму и шо ти знам шо.
Најти, жити се, да земам и да пребарувам по темава и да ти ги постирам мислењава, кои добро знаеш дека ги има. Не е толку битно за да докажувам толку, а и не сме мали деца . И да, не дишам, нормално нели. Ама има уште едно полувреме, не е крај на натпреварот, а и еден гол е доволен. Се читаме после натпреварот, а сега одам да мавам далинска и се што ќе ми дојде при рака
Ова е луда утакмица, Арсенал се луди вечерва, ПА ДОБРО БЕ ЖИВОТИЊИ НИЗАЕДНИ НЕ ИГРАТЕ ЗА ЖИВОТ ИЛИ СМРТ, Милан се катастрофа вечерва, НЕ, НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД ПЕНАЛ ЗА АРСЕНАЛ немаше ништо, да МИЛАН НЕКА ГО ЗАЧУВА РЕЗУЛТАТОВ ИЛИ НЕКА ГО ЗАВРШИ СО 3-1, ПА АРСЕНАЛ НИКАД ДА НЕ НАПРААТ 6-1, Милан немаат среќа вечерва а Арсенал многу имаат, да уште повеќе ги мразам од порано и да: АКО НЕ УМРЕВ ВО ИЗМИНАТИВЕ 80тина МИНУТИ И НЕ УМРАМ ВО НАРЕДНИВЕ НЕКОЛКУ, НЕМА ДА УМРАМ НИКАД! п.с. Мексес срце дај одглуми уште нешто утепај некои 10тина секунди мајке ти !!!!!!!!! п.п.с. Второво полувреме Милан игра многу подобро од првото!!!! КОНЕЧНО СЕ ОСВЕСТИЈА ВО 70та МИНУТА ДЕКА ИГРААТ ФУДБАЛ! АЈДЕ ВЕЌЕ ПРОКЛЕТА УТАКМИЦО ЗАВРШИ ВЕЌЕ ЕДНААААААШ ЗАВРШИИИИИИИИИИИИ НЕЦЕЛИ 3 МИНУТИ !!!!! МОЖЕМЕ !!!!!!
Честитки до навивачите на Милан, севкупно земено заслужен пласман. Арсенал играше страшен фудбал, но само 45 минути од вкупно 180, што се премалку за еден тим да заслужи натамошен пласман.
Животов ми се скратил, една од најстресните утакмици што сум ги гледала во животов лелелеле ФОРЦА, ФОРЦА, ФОРЦА! п.с. само ние миланезите пишуваме статуси и се радуваме на пораз од 3-0, ама ако тоа значи пласман понатаму, ДА ќе се радуваме! Уф! Олеснување, ќе спијам мирно тунајт.
Ви кажав дека има уште реванш и дека малку предвреме славите.Со малку среќа Арсенал ќе беше во четврт финале а Милан ќе отпаднеше.Страшно добра игра на Арсенал а особено во прво полувреме,Милан беа како изгубени.Во второ малку притиснаа росонерите ама сепак мислам дека Арсенал имаа големи шанси да продолжат понатаму.Многу ми е криво за нив и баш сакав да победат. Само ова е една лекција дека не се радува предвреме и дека се може да се случи.