Зошто да го мразам Арсенал? Си играа убаво, си дадоа голчиња. Не го мрази противникот, мрази ја играта би рекла. Раката си ја исеков, малиот прст во завој ми е, искршив пола работи низ дома, мислам шеќерот 100ка ми рипна. Па мајко му стара, не можев уште едно Ливерпул сценарио од пред некоја година да гледам. Честитки за Арсенал сосема заслужена победа. Море ако, да се научат да не потценуваат и секогаш да играат како да е 0-0. Како да не ја научија лекцијата од Ливерпул... Како да не знаат каков тим е Арсенал. Како да не знаат дека партал ги направија сите после поразот од нас. Де бе Алегри, мајко му стара, МИСЛИ! Затоа ја носиш главата на раменици. Ајт да бегам, дишам битно е, не ме мавна инфаркт.
Милан првото полувреме играше премногу опуштено,Арсенал тоа го искористи, но фудбалот не трае само 45 минути. Во второто полувреме, Милан се врати и одигра одлично. Не падна психички, туку успеа да се одбрани. Браво момци, покажавте колку сте јаки. Арсенал воопшто не ми омразен тим, туку напротив, но ете годинава се слаби. Се на се, одличен и возбудлив натпревар, неизвесен до последната секунда. Далинското настрада, сестра ми исто така, еден тон изеден сончоглед и едно бедоксинче...ама и четвртфинале . И секако, збор на натпреварот - ноштално! Броеше некој колку пати го употреби зборов коментаторот .
^ Мене коментаторот ми го креваше уште повеќе адреналинот, коа викаше: има уште време, има уште време, дрн дрн дрн. Леле, па ептен некако анти-Милан ми беше. Ме нервираше гадот За волја на тензијата
Aми кога неутрален гледач(читај повеќе накај Милан ) кине живци,секоја чест девојки Ах,бе на млади години без нерви останавме
И јас кажав претходно дека се надевав потајно за понатамошен пласман на Арсенал ама еве не успеаја да дадат уште еден гол за да добијат двапати по 15 минутно продолжение. Пенал дали имаше или немаше не е важно.Тоа не ја оправдува лошата игра на Милан.Очајни беа вечерва.А богами и голманот на Милан спаси опасни топки.Ај,повеке срека следната година.Ама битно Милан абер нема од Англиски екипи прво Ливерпул,па Манчестер и сега пораз од Арсенал. Tоа е тоа.
Што сакате,јас навивач на Реал си ги изедов ноктите и ми прескокна срцето неколку пати од силна желба Арсенал да продолжи напред.Не сум некој подржувач на топџиите ама сум приметила дека во Лига на Шампиони секогаш ги бодрам многу и им се радувам на головите.Ми беше криво што онаа година така неферски испаднаа од игра. Инаку честито пласман росонери.Иако никогаш не сум ги сакала Милан,би сакала со нив да се паднеме во финале.Така да јас прогнозирам Реал Мадрид - Милан финале на ЛШ а победник секако Реал .
Срцето ми застана кога Ван Перси шутираше пенал. Ќе пукнев, мајке ми. Која нервоза, и без нокти и без лак останав . Колку штета претрпев вечерва, крај нема, и не само јас и тие околу мене Девојки, Миалн беше лош првото полувреме, ама не и второто. Во второто беа одлични, требаше да играт и во првото така. Арсенал, второ полувреме, беа тапа.
Eх немој така да зборуваш. Милан си победи повеќе од заслужено првиот пат, зошто неферски? Вечерва Арсенал беа одлични а од Милан сите потфрлија. Од Силва, до Робињо, до Ночерино... ИБРАХИМОВИЧ Тие се клучни играчи. Ибра вечерва беше пресебичен, ама минатата утакмица беше ѕвер. Се на се на вага кога ќе ставиш, Милан и тоа како ферски си продолжува понатаму.
Аха, онаа година си пишала, извини не прочитав добро. Мислиш ли на тоа дека му дадоа картон на Ван Перси заради тоа што не го "послуша" свирчето на судијата? Абе, таа и кога играа со Челзи, Дрогба кога почна да вика пред камера се едни од најнефер судени натпревари воопшто. Море, каде е Росоњерка да коментира, дај нека пише арна дека е, да не ја мислам
На овој натпревар бев неутрална, не навивав за никој, ама сметам дека е штета било кој од овие два тима да испадне во оваа фаза. Лоша ждрепка, тоа е. Милан реално заслужи да помине. Се виде дека многу опуштено влезе во натпреварот, Арсенал тоа го казни и го направи мечот повозбудлив. Ама како што рече Најти, Арсенал играше добро само 45 од 180 минути. Честито Росоњери, сосема заслужено поминавте, па да газите се пред себе понатака (освен Реал се разбира )
Стварно, сигурно и она ги трпи последиците од натпреварот Инаку Боа, Ибра ако отиде некад од Милан во Реал земајќи го фактот што има играно и во Интер и во Милан и во Барса, што не верувам да се случи ама казвам ти хипотетички нали, ќе ми биде исто толку мака како кога Ето од Барса отиде во Интер, земајќи го фактот дека пред Барса играше во Реал. Па и бетер ќе ми биде да ти кажам. За Ето -> Реал-Барса-Интер... Милан? Не! Најти, могуче и до тоа да е
Ништо,се случува збунка.Да,да баш на таа мислам,каде се видело и чуло да се дава втор жолт т.е. црвен на клучен играч поради таква банална причина.Ама ај да не разврзувам повторно за Барса и судиите.Се е кажано во врска со тоа.Ама сепак многу нефер судење беше,вечерва барем поштено си изгубија. Инаку што ви се тие муабети за Мурињо и Роналдо.Нема шанси Роналдо да премине во Челзи,јас не го пуштам .Сериозно,не верувам дека ќе си замине.Ако се веруваше на шпекулациите досега веќе ќе променеше пет тимови.Мислам дека Кристијано има таков карактер што доколку не освои се што може да се освои нема да си замине.Што е до мене би го пензионирала во Реал ама којзнае . Мурињо мислам дека има поголеми шанси да се врати во Челзи ама сепак посакувам подолго да остане во Реал.
Еј навистина, Роси ја нема? Да се јави на рецепција, молам . Да не ја мислеме овде, со оглед на ситуацијата нели .
Добро е добро, малку срцето ме стега Значи морам да кажам дека спасивме гз. Првиот натпревар го изигравме совршено, шампионски. НО дојдовме со мисла ахаа ги скршивме овие минатиот пат и сеа ќе е така. Арно ама арсенал се спремале. Имаа фантастична игра во првото полувреме. Мислев не 5 гола, 6-7 дека ќе ни дадат. На 10 минути ние голче примавме, јас дома се препотував. Среќа се вративме во второ полувреме. Не беше одлично, но добри бевме. Морам да кажам имавме лоши поединци, Робињо ужас, а Ибра ко да ја продал утакмицата. Оваа игра не беше добра дури и си велев ако изгубиме ако ни е, зашто сме смотани глупави идиоти. Ајт добро е ќе се спие помирно
Арсенал заслужува пофалба, одлично изигра прво полувреме, а ако гледаме во целост на двата натпревари Милан пак е подобар Незнам што се сличува со Ибра, ај со Робињо познато е денес убо игра утре не.. али имаше многу изгубени играчи.. фала му на бога се свестија на време Одиме 1/4 финале !! FORZA ACM
Е не е ова Италија па и Берлускони малце да заигра со своите способности да сврти меч ко никој ако види дека тоа не го можат играчите, само ќе се сетам на Лече-Милан 3:0, затим 3:4 така нешто беше Малце да се нашалиме на своја сметка, јас си се гордеам со нашиот мафијаш, не знам за вас Еве го срцката Крудели за мечов малце накратко засега само ова го има http://www.youtube.com/watch?v=MPXvPLhk91g
Знаете зошто губеше во првото полувреме? Ај погодете Кога дојде и третиот гол си реков не е можно пак истото, да водат и да изгубат, 49та минута, а Арсенал веќе има 3 гола, ама сепак издржаа, среќата беше на нивна страна вечерва. Иако мене ми е тешко да го гледам овој Милан, јас сум стар фан на кој му фалат старите добри играчи како на пример Кака, а овој Ибрахимович не можам да го гледам, многу ми е одвратен, ко Жељко Бебек да му е татко. Во секој случај мило ми е што Милан продолжи понатаму, и сега за идните натпревари треба малку да се свестат и да не мислат дека се најнај и да играат опуштено. Можеби во Италија да, ама Лигата на Шампиони не е шала.