Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Драго ми е за Челзи ама многу :) .Иако Наполи поради нашиот Пандев ги сакам,сепак Челзи ми се омилени од англиско.Не верував ни јас дека ќе се пласират,затоа што се многу тапа сезонава во првенството.Но супер што продолжија.Трите мои омилени клубови продолжуваат :party: .Реал се разбира над се.Така,да ако се падна со Челзи или со Баерн ќе мора да ги смачка колку и да ги симпатизирам.Ајде,утре ќе дпзнаеме.Вамос Мадрид :) .

    Инаку голема подршка до Абидал,да заздрави.Нема конкуренција во вакви мигови.Анимо Абидал.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Реал има убиствен напад - Мурињо: Челзи го сакам во финале

    Реал Мадрид оваа сезона има убиствена напаѓачка тројка. Роналдо, Игуаин и Бензема заедно искомбинирале 85 погодоци, а до крајот се очекува оваа бројка да надмине 100.
    Кристијано Роналдо досега има постигнато 42 гола, од кои 32 се во Примера, шест во ЛШ, три во Купот на Кралот и еден во Суперкупот. Португалецот минатата сезона, постигна 54 гола, а во Примера со 41 погодок, беше најдобар стрелец.
    Бензема пак, досега има постигнато 22 погодоци, од кои 13 во Примера, 5 во ЛШ, три во купот, и еден во националниот Суперкуп.
    Покрај големите пофалби на сметка на Роналдо, Мурињо прокоментирал и за можниот протвник во четврт-финалето.
    "Не е важно кој противник ќе го добиеме во следната рунда. Очигледно е дека постојат добри екипи, но спремни сме за било кој".

    Специјалниот не пропуштил да го искоментира и пласманот на Челзи, во понатамошната рунда. :inlove:



    :inlove: :inlove:


    "Луѓето не можат да разберат колку го сакам Челзи, и дека ако ги добиеме во четврт-финалето или полуфиналето, ќе бидат одличен противник. Среќен сум што поминаа понатаму, но со нив би сакал да се сретнам единствено во финалето", изјавил Мурињо.

    Инаку На Манчестеровциве им е понижување да играат во Европа Лига и се пренапнати да се борат кога во Премиер Лига е крв до колена ...
    Ама па не можам а , да не кажам срцево ми е полно што сме единствените што влеговме , што и двата тима се понижени , што успеавме :nod: ^_^ :party:
     
    На LilBaby и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Apoel vs Real = (Пфф која среќа најлесниот им се падна , од овие да примиш гол срамота ќе биде)

    Marsei vs Bayern = ( Лесна задача за Баерн да иде во полуфинале)


    Benfica vs Chelsea = (Бенфика ќе води се додека не дојде кај Челзи дома)

    Milan vs Barsa = (Едиствениот што не го посакував ни се падна :envy: , ај со среќа може ќе се одмаздиме)



    Полуфинале

    Real vs Bayern

    Chelsea vs Milan/Barsa


    Final
    Real vs Milan/Barsa
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Aх ааааааааах...
    уште од сеа малку ми е криво што Барса ќе се опрости уште во четвртфинале :lol:

    Искрено незадоволна од ждрепката, малерозни бе, а овие реалци гзлаци
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Значи имаме полуфинале :party: .Не,шала на страна може и Апоел да изненадат ама не ми се верува.Лесна ждрепка,доста со јаки тимови се паѓавме.Иако и да беше Милан или Барса ќе ги тепавме,не се сомневам во тоа.Ама,затоа мислам дека во полуфинале ќе биде малку потешко,јаки се Баерн но ќе ги победиме :muscle: .

    И како сега најлесни ни се паднале.Па и на Баерн и Челзи им се паднаа лесни.Што да правеш кога сите појаки тимови отпаднаа.Сепак,среќници сме :) .Најинтересен дуел меѓу Милан и Барса повторно.Сакам Милан да тепа,Барса да не оди понатаму.

    А во финале прогнозирам Реал и Милан,а сакам Реал и Челзи.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Па кога паѓавте со појаки изминатите 6-7 год испаѓавте у 1/8 финале :lol:


    Сеа со CSKA и со Apoel одма полуфинале :rofl: :rofl:
     
    На JuLleE и Hiii им се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Милан,Лион,Тотенхем не ќе да се слаби ;) :) .А ги победивме сите онаа година.За пред тоа не зборам,Лион си платија убаво што не сопираа во осмина-финале.
    Абе зборите си вие што сакате Реал е шампион оваа година :) :rock: .
     
    На SunFlower94 и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ..Не бе не! само со Милан не... :@ Туф што ќе се прави, ќе биде густо на темава...
    Аман кај најде од сите баш со росонериве! Не се лесни противници,ама остај тоа па после Барса нив најмногу си ги симпатизирам..
    Овие Реаловци каква среќа имаат бе,жалам за Апоел..Тричко :doh:

    Ништо ајде,финале Ел Класико ;)
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Патем се збори за 1/8 и 1/4 финале кој противници се паѓаат на Реал , не во групите


    А Реал се додека Барса е во игра нема да биде шампион ..... освен ако не се повредат Иниеста,Меси и Чави
     
    На JuLleE и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јипи многу пецкаш,ае ае :) .Добро го исфрлам Милан пошто беше во групната фаза,а Лион и Тотенхем не ли се јаки ? Што е вистина,вистина е.А и не ги потценувајте многу слабите екипи,понекогаш играат во подобро светло од појаките.За џабе Манчестер и Сити не испаднаа од аутсајдери.Кој си е јак,против сите си е јак.А и кој да ни се падне кога само слаби екипи останаа,кои патем ги исфрлија фаворитите.

    Да,бе Барса многу јаките :lol: .Од Гетафе и Осасуна губат :D .Не сакам да се паднеме со нив затоа што нејќам пак да се нервирам за судии и да гледам како играч на Реал добива црвен картон за ништо на секој натпревар.Ама од друга страна па и сакам,за да ги победиме конечно.Ама не ги минуват Барса Милан а пак и ако по некое чудо ги минат со Челзи ќе паднат.Барем ќе им се одмаздат за тоа од пред неколку години.

    Прекинувам со дебата овде.Ќе ве побарам кога Реал ќе стане шампион :) .
     
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ех Барса го мина Милан во групата по овде нема да може..? :D
    Милан има многу повредени играчи,а Барса,па сите знаеме во каква форма е,така да ќе има петарда :wasntme:
    И сакам да се паднеме и со Челзи да ги добиеме поштено,да ја тргнеме дамката од лани.

    Финалето нема сомнеж Барса -Реал,е тоа ќе биде право финале. :devil:
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Многу сакав Милан да се падни со Барселона
    Милан има нерасчистени смеки, а сега ја има таа можност да им врати, а јас вреувам дека ќе го стори тоа !!

    имам некое претчуство во финале ги гледам Реал - Милан !! :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    1. Лион и Тотенхам не се јаки , гледаш од Апоел испаѓаат и 7место на табела се

    2. Збориме за Барса против Реал дуели , И реал изгубија од Спортинг Гњоњ или како и да се викаше или пак од Алхо или нешто од трета лига изминативе сезони ...

    3. Манчестер испаднаат од Наполи и Баерн јаки екипи и Базел и Бенфика како средни екипи...

    4. Збориме за Реал како против јаки екипи од типот Јувентус (прво испаѓање) Монако (второ испаѓање) Јувентус (трето испаѓање) Арсенал (4то Ипаѓање) Баерн(5то испаѓање) Рома (6то испаѓање ) Ливерпул(5-0 победа) (7дмо испаѓање ) Лион (8мо испаѓање) Барса(9то)

    Се додека не се појави против CSKA и Апоел каде коначно во после 2001 ќе стигнат до финалето со напомена дека може да бидат изненадени од Баерн

    И многу се нервирам кога некој ми се прави шампион и горд уште ЛЕЛЕ СМЕ ГИ ТЕПАЛЕ АПОЕЛ
    готово сеа шампионски заслужено еллелел

    ма ајде .... :fubar:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Презадоволна од ждрепката :) Рално Реал доби можеби и најлесен противник, фала Богу еднаш и мој Реал да има среќа со ждрепките :) И на Баерн и Челзи им се паднаа лесни противници.
    Најтежок дуел Милан - Барса.


    Јипи не можеш да ја споредуваш играта на Лион и Тотенхем од оваа година со предходните две години, зашто очигледно е дека Лион е паднат во форма годинава, па затоа и се наоѓа позади Апоел. За Тотенхем минатата година ти прв пишуваше дека е незгоден противник и дека е силен тим и не предупредуваше да не славиме предвреме, ако добро се сеќавам.
    Друго, не доби само Реал лесна ждребка. Иста таква доби и Баерн, па и Челзи.
    И да мило ми е што добивме послаб противник (зборам за Апоел, за Баерн знам дека нема да биде лесно посебно имајќи го во предвид фактот дека финалето на ЛШ ќе се игра на Алијанц Арената), зошто никој нема да ти даде медал за заслуги ако до финале ги поминаше Челзи, Милан и Баерн и во финалето си изгубиш од Барса (а овие стасале до финале преку Марсеј, Левски и Стеауа)...
     
    На SunFlower94 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да,точно Лион и Тотенхем беа појаки онаа сезона,сега ако се ослабени тоа нема врска.Јас зборувам за онаа сезона.Така да Јипи не ти држи вода првото.
    Сега не збориме за Барса и Реал дуели.Затоа што се е кажано во врска со тоа.Не е Барса појака иако има многу пати победувано,пола од тие пати со судии.Досаден муабет.
    Манчестер испаднаа од Лига Европа,тоа ако не се слаби екипи.Што укажува на тоа дека противникот не треба да се потценува,како што кажав можеби Апоел ќе изигра подобро од Баерн на пример.
    Добро,седум пати сме отпаднале од јаки екипи и? Тоа значи дека сега поминуваме само затоа што ни се паѓат лесни екипи? Нема врска.Реал оваа сезона растура.Не се џабе на 10 бода предност во лигата и имаат само еден пораз.Знаеш што значи да имаш само еден пораз во цела сезона,и едно нерешено.Иако во Шпанија се слаби екипите сепак не е лесно да победуваш постојано.

    Не се правиме ние шампиони,ниту пак одлучуваме кој ќе ни се падне.Се прашуваш зошто нема многу јаки екипи,за да ни се падне некој во ждрепката? Изгледа оти сите појаки отпаднаа од Апоел,Цска,Бенфика и Марсеј :wasntme: :) .Тоа ќе да е,не сме ние криви.Можеби ако ни се паднеше Барселона или Милан во осмина-финале лом ќе ги направевме.Можеби ќе им дадевме 6 гола.Сега хипотетички може до утре да зборуваме но на нас ни се паднаа тие екипи а тоа не значи воопшто дека други не сме способни да победиме.Сепак мене ми е најважно да освоиме ЛШ а сигурно нема само со слаби да играме до крај.Натаму иде тешкото,полуфинале па финале.

    Знам,дека повеќето не го сакате Реал.Ама барем еднаш бидете реални.Реал е д бест и крај :* .
     
    На SunFlower94, LilBaby и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Не се во Шпанија слаби екипите, доказ за тоа е бројот на шпански екипи во Лига Шампиони и во Лига Европа, 5 вкупно, од кои две во Лига Шампиони - Реал и Барса и дури три во Лига Европа - Валенсија, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
     
    На SunFlower94 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јас не сум задоволна од ждрепките.Ги преферирам Милан не сакам да излезат толку рано.

    Мислам дека финалето ќе биде Барселона-Реал што најмалку сакам |( А што се вели од тука преку тука ми е од борбата помегу овие два тима.

    За Челзи најмногу ми е мило.Убаво е кога ке изгледаш добра и неизвесна утакмица од стар до крај.Како што почнаа мислев дека на Челзи ќе им биде страм да се вратат дома но сепак потсвесно имав надежд дека ќе победат.За Наполи немам коментар.Ниту една добра акција, како на шала постојано шутираа кон голот и добро се зезнаат, бидејки очигледно е дека ги потценија Челзи.
    Кога веќе почнав да спомнам дека Торес ми беше како мува без глава, срцка тој :lol:
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па да,ама нели обично зборат дека само Реал и Барса се борат за титула и дека другите се далеку под нив.Се согласувам со тоа ама пак како што кажа не се лесни екипи.Иако првенствата не се споредуваат,ама послабите екипи во Шпанија се далеку појаки од послабите во Италија и Англија на пример.А Интер,Челзи,Арсенал си редовно губат од тие аутсајдери.

    Па сега ќе се зборува дека на Реал се му било лесно.Да бе,они си уживат,дури ни тренинзи немат.Сами по себе си доваѓат победите.Глупости.
     
    На SunFlower94 и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Милан-Барса, утакмицата на мојот живот, она од кое најмногу се плашев. Моја прогноза е дека ќе бидам повеќе за Милан, ама Барса ќе го надвладее како и да е со појаката игра. Во Милано ќе биде или нерешено, или Милан ќе тепа. Ама во Барселона...ќе го прегазат Милан. Тоа е од моја гледна точка. Дефинитивно ова беше најочекувано, а денес бевме попарени сите, зошто 90% од сите навивачи на Милан што ги знам се и за Барса, освен другарка ми што е исклучок таа е за Милан и Реал |(

    Сити и Јунајтед, поздравени. Јас сум за Јунајтед од Англиската премиер лига, поточно од сите лиги во Англија, ама пошто многу се пуваа дека Англичаните имале најдобар фудбал, не ми е толку мака. Јас останувам фан на италијанскиот и шпанскиот фудбал.

    А за ждрепкава...не знам колку е случајна.
     
  20. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Изгледа само Реаловци задоволни од 'ждрепкава'.
    :o И вака кога ќе размислиш стварно тешко да е случајна.
    Се мислам дека е наместено за толку посакуваното финале Ел Класико!
    Реал лесно го минете Апоел,ама за Минхен,хм кога ќе размислиш овде германците ќе имаат подршка од судиите.Знаеме какви се Германците на тоа прашање...

    'Абате го пропушта првиот дуел со Барса' знам дека не треба да ме радуваат вакви работи ама.. :$

    Шпански медиуми: „Ел Класико“ финале на ЛШ!
    - Реал Мадрид и Барселона имаа среќа во жрепката бидејќи меѓусебно не можат да се сретнат до финалето. Барса има нешто потешка задача од Реал, но ако се тече според планираното, Каталонците во полуфиналето ќе се соочат со победникот од дуелот Бенфика – Челзи – се вели во прогнозите на „Ас.ком“.
    Насловот на Марка по жрепката во Нион гласи: „Ел Класико во финалето во Минхен!“. „Реал Мадрид во полуфиналето би се соочил со Марсеј или Баерн, а Барса на подобриот меѓу Челзи и Бенфика. Сонот за Ел Класико во финалето на Лигата на шампионите е реален! – смета Марка.