Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Aбе дечки смирете тоа тензиите.Има уште 10 кола,ќе видиме што ќе се случува.
    Туку ни еден не прокоментира за недосудениот пенал а? :D Без зборови сте..

    Грешкички..Блек дали за тебе еден поништен гол и еден недосуден пенал во 90 минута при нерешен резултат се ситни грешкички?Хм..(Еспањол и Осасуна..ме мрзи за други да набројувам)
    Да да огромнА грешка е што на Рамос и Озил им доделија жолти т.е црвени картони,при 1-1 и тоа 2 минутки пред крајот.
    Па вакви огромни грешки не можат ни да се споредат со ситната грешкичка на судиите што во 30 минуткА не досудија чист пенал за Виљареал.. ;)

    Реал ’грми’ на судијата, а овој не досуди два пенали за Виљареал!
    [​IMG]
    Првиот пат кога Арбелоа го повлече Нилмар за дресот, што можеше да се види од хеликоптер, а потоа истиот играч направи сличен прекршок и над Марко Рубен. Но, Ромеро воопшто не се осмели да досуди пенал.
    Јас не го видов вториот недосуден пенал,па не коментирам за тоа,ама за ова првото,е мајке ми ќе ве пецкам за тоа :wasntme:
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Прочитај ги горните постови,ако не ги сфакаш пак ги прочитај ако треба 10 пати.

    Рековме,имало судиски грешки и ке ги има.Барса била оштетувана,Реал бил оштетуван ама не така како реал синока...
    Ајде бе,два жолти картони и да не си истеран од игра?
    А да спомнам за судиските грешки за со Реал и Барса во Лига на Шампиони на пример лани или пак со Челзи?Признајте веке еднаш
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Пеликунке изгледа ти ги скролаш моите постови-.-
    Јас имам пишено на темата дека во ЛШ минатата година Барса помина со помош на судиите.Имам пишено дека сакам оваа година да играме со Челзи,да ја тргнема таа дамка,кога имаше 3 недосудени пенали за Челзи ;) Па и кога беше оштетен Реал на Ел Класико има пишено.

    Двата жолти картони,ах бе ах!
    Па го гледаше ли ти вчера натпреварот или само на rezultati.com По увидената грешка,од порталот е повлечен жолтиот картон во20 минута,кој го доби Кани,а сето тоа го пренесува и официјалниот сајт на Реал Мадрид.

    Што мислиш играчите на Реал нема да реагираат на тоа,туку така си продолжуваат со натпреварот,како ништо да не било.
    Ма дај,Мурињо би го фатил судијата за гуша уште истата секунда. ;)
    А,тие видеато што очигледно го има поставено фан на Реал,па дај не гледаш ли дека е отсечен делот каде што се прикажува кој го прави прекршокот :?:

    И што толку се буните за стартот на Рамос,па ова мене и накај црвен ми оди.
    http://www.youtube.com/watch?v=zO8_zAWQ ... r_embedded
     
  4. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Мурињо - казнет
    Фариа - казнет
    Рамос - казнет
    Озил - казнет
    Роналдо - казнет
    Пепе - казнет
    Лас - казнет
    Каљехон - повреден при остар дуел за кој немаше ни фаул !!!!

    Срамота за фудбалот е ова, ама кога е во прашање Реал Мадрид , не е проблем !!


    *Каталонски СПОРТ: Барса на -6.Оваа Лига?? Оваа Ла Лига ќе ја освоиме ........ и нив им е јасно дека до крајот ќе ја имаат сета судиска помош и се ќе биде на нивна страна


    Флорентино Перез: И покрај се , ние нема да се откажиме.

    Едно видео кое кажува се:
    http://www.youtube.com/watch?v=6IP95-_KKjg
     
    На lovemebaby, SunFlower94, Pelikuna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.445
    Штом се казнети значи има причина. Зошто секогаш кога губи Реал криви ви се судиите?
    Ве читам и ви се чудам, Реал никогаш не е виновен, судиите се тие кои го нема да дозволат да ја земе титулата. Оваа оправдување го смислувате уште сега или што? Исто како на Милан што им беа криви судиите во Лондон што овие беа дрва.
    Реков, штета ќе биде да им се лизне титулата на Реал, ама тоа нема да биде заради судии туку заради лошата игра.
     
    На Hiii, Smilly и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Џули а кога на Барса така им имат исклучено два играчи поради банална причина ? Причината е лесен фаул на Рамос и саркастично аплаудирање на Озил.Да,да и за Мурињо,Роналдо,Пепе,Игуаин има добра причина.Која е таа толку добра причина бре цел тим да се суспендира? Ајде ако не пак само Касиљас да го остават на голот и другите сите во соблекувална.
    Спореди колку Реал има црвени добиено а колку Барса.А немој само да ми кажувате дека Реал биле агресивни играчи и животињи.Па никој не го нокаутираа за такви одлуки да донесува судијата.И Барса прават остри стартови,сум ги гледала.

    И не,не ни се судиите секогаш криви.Со Барса во декември си поштено изгубија,дома во купот поштено си изгубија,5-0 поштено си изгубија но ова вчера беше срамно и жално.Не беше играта воопшто лоша,тежок натпревар но имаше шанси да дадат гол ако не беа тие глупости на крајот.Па се гледа од авион дека ова е само со цел на Реал да му се намалат бодови.Да ви кажам да си изгубат без исклучени играчи и без такви напумпани одлуки нема да се нервирам.Ама вака...

    Арно си напишал Гути на твитер.

    Ако Барса толку ја сака титулата каваљери сме и ќе им ја дадеме ама срамота е да се краде

    Ајде сега нека се радуват,јеееее |( .Немој сега и мене црвен да ми дадете поради ова.
     
    На LilBaby, SunFlower94 и Pelikuna им се допаѓа ова.
  7. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Какви смешки сте со плачкиве за судииве :P

    Најреално да збориме, судиите најмногу и единствено од сите тимови во Шпанија ги фаворизираат Реал Мадрид и Барселона. Не ни сакам да потенцирам кого повеќе затоа што разликата е минимална и варира од натпревар во натпревар.
    Овие тимови се двата највлијателни и помеѓу трите најбогати во светот, затоа и никогаш не ме чуди помошта која ја добиваат на теренот, како во нивната лига, така и во Европа (и покрај тоа што во нив играат најквалитетните фудбалски поединци кои во моментов постојат).
    Ако вас не ви чини судењето, што да речат на пример Валенсија, Билбао и останатите од пониската класа како Мајорка или Сарагоса.

    Симпатизерите на Реал, нека се потсетат колку голови Кристијано Роналдо има дадено од пенал, посебно на Бернабе. Не дека Реал не би победил во голем процент и без тие пенали, ама сепак се судени. Како баш од сите други тимови, токму за Реал има пенал на секој втор натпревар? Нека се потсетат колку пати судиите им прогледале низ прсти за картоните, а реално се меѓу тимовите кои го играат најостриот и најнечистиот фудбал во цела Европа. Верувајте дека ви се малку сите овие казни кои досега ги имате добиено. Незнам зошто судијата не е обвинет што Касиљас двата гола од слободни удари ги прими на страната која тој ја чуваше.

    Симпатизерите на Барселона нека се потсетат дека фудбалот на крајот на краиштата не е балет, дека фудбалот е сепак машка игра. Нека им текне колку се големи плачковци и свилени нивните миленици. Како со МАМО МАМО, OНОЈ ОНДЕ САКА ДА МЕ ТЕПА, да им се обраќаат на судиите. Ќе ги растурат буквално сите со играта на теренот, меѓутоа ќе се жалат на било каков старт на противникот. Ко божем фудбалот треба да се игра без фаули и без контакт игра. Недај боже да биде фаулиран Меси, тогаш сигурно е спремна некоја меѓународна завера за да му се скршат двете нозе.

    Поентата ми е дека е срамота да се жалите на арбитражата, затоа што нема друг тим на светов кој има поголема привилегија кај судиите од овие два. Играјте фудбал и помирувајте се со неуспесите кога ќе дојдат. И тие се за луѓе.
     
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    додека реал победува абе цареви сте кога ке ви забијат гол плачите ко пи*ке,абе незнам кој повеке не поднесувам кога ке почнеш од коњот мурињно па ке завршеш до роналдо....и ако им е бе они газат раци влечат дресови абе уреду е играта се продолжува а кога ке им забијат гол мината две при крајот е тогаш и ваздухот им е крив...и да ви кажам играта со вилареал ви беше катастрофа едвај гол дадовте 70-та минута (да не зборам колку беше валиден) али кој губи има право да се љути....јас само знам дека мелен на душа и очи ми е кога гледам како барса игра фудбал....
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.513
    Допаѓања:
    251.445
    Потпишувам!
    Од почеток до крај, сосема точно.
    Така е, џабе мрчите и од двата тима кога и за Реал и за Барса, судиска помош има.
    Факт!
     
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Блек,ви пушува на официјалниот сајт на Реал Мадрид,дека Рубен нема добиено 2 жолти.
    Па играчите таму најдобро знаат кој има добиено жолт и Моу,ако имаше Рубен 2 жолти веданш ќе реагираа.

    http://www.youtube.com/watch?v=fMYPQRio ... r_embedded
    Еве ви видео,каде јасно се гледа дека 1 жолт дека не е за Рубен ;)
    Маркос Сена добива жолт поради приговор,а режисерот направил техничка грешка како што се гледа на снимката.
    Немојте веднаш да напаѓате без причина ;)

    П.с Гути,баш краде Барса,со два недосудени пенали за ВиљаРеал :rock:
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не знам Смајли нешто многу грешки и недоумници се појавија во една утакмица,не е чиста работа.

    Ајде и да бил за Сена првиот,да поверуваме.Се случува грешка.Е тогаш прашање е зошто Рубен не доби жолт картон за протест и бунење кај судијата (кога Сена доби жолт а камерата го снимаше Рубен) а Озил доби црвен поради саркастичен аплауз.Имаше катастрофални грешки во штета на Реал,никој не може да ме убеди во спротивното.

    За ова погоре дека Реал и Барса се најпомаганите клубови од страна на судиите не би се сложила.За Барселона да,ама за Реал не.И како тоа сме најпомагани а во повеќе наврати сме незадоволни од судиите.Како тоа најпомагани а црвени има колку сакаш за Реал,суспензии исто.Нема врска тоа што е кралски и богат клуб кога постојано е обесправуван на клучни утакмици од кои зависи титула.
    Претходно Смајли што ги кажа тие ситуации,демек судење во корист на Реал.Нема врска.Со Валенсија водевме со еден или два голови повеќе (не се сеќавам точно) и на крајот продолжението траеше повеќе отколку што треба (што не е фер) и Игуаин не одбрани со рака,прегледајте го убаво клипчето.Серхио Рамос,кога играа против Бетис исто не одбрани со рака туку се потклизна и топката го погоди во рака.Само за тоа на Чаби се согласувам дека беше пенал ама се случува грешка.Не е тоа нешто драстично,повеќе клубови имале таква ситуација.

    Не знам вечер како ќе играеме со пола тим суспендиран меѓу кои Пепе и Мурињо ама ќе биде,ќе победиме.Реал може и со неправди да се носи,не ни е прв пат.
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ^ Toчно дека немаше чисто судење,потпишувам.
    Реал беше оштетен,ама што со пеналите што не ги досудија за ВиљаРеал?
    Признајте,дека Виљареал е оштетен..и тоа многу.

    За вечерва Реал дека ќе тепа не се сомневам,ако играат преполовени,имаат лесен противник + на домашен терен.Ќе победите ;)
    А Барса,има тешко гостување,Мајорка никогаш не било лесно гостување за Барселона.АМа се надевам на 3 бода.Немој Барса сега да киксенш,немој!
     
  14. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ново правило во фудбалот-само Рамос смее да игра со рака,а сите останати смеат само со нога и глава(не и со другиот дел од телото)!!

    Каков 2жолт за Тијаго(црвен) жити се? Од кога за игра со рамо се добива жолт.. :x !
    И тоа во 55 минута!
    Ах,бе Мадристи вие плукате по судијата што Рамос доби 2жолт поради животниски старт и тоа во 88!
    Што да кажеме ние што останвме со играч помалку и тоа во 55..за игра со рамо! |(
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Бевте обесправени ама драго ми е...ќе лажам ако кажам не :) .

    Реал држи се.Засега супер е ама тој автоголот на Рамос не го видов оти даваа реклами.Во иднина без такви грешки.
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Смајли си правиме уан мен шоу на темава,или во случајот ту мен шоу :D .

    Да кажам дека ми е многу драго што Реал победи и тоа со ни помалку,ни повеќе со 5-1.Се надевам дека им се врати самодовербата и отсега натаму без киксови.Иако ни следат помалку тешки натпревари,јас сум оптимист и верувам дека ќе победиме во нив.Вечерва сите заслужија пофалба од мене,така да браво дечки :clap: .А Барселона гледај и учи а не само по 2 голчиња :lol: .Сега што ги гледав едно по друг воочив страшна разлика во играта.Барселона се некако надвор од таа нивна препознатлива форма,ова го кажувам најобјективно.Дали оти Чави го немаше,ама ми беше многу празна нивната игра :?: .
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А ко божем Пепе е прв што игра со рака? :?:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    АХАХАХАХАХАХХАХ леле овие од Барса зборат за играње со рака? Не кажувајте вицови, уште малце Бускетс за голман ќе го бараат :D
     
    На lovemebaby и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  19. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Блек 8) ..туф,не ни дозволија да си продолжиме со шоуто :D

    ^Бускетс,ах да!Ама види и тука има разлика..Бускетс секогаш е казнуван за тоа,исклучок натпреварот ми се чини со А.Мадрид ама тогош топката се одби во нозете на играч на А.Мадрид кој имаше огромна шанса за погодок!Тоа е предност во фудбалот,и затоа немаше судено ништо за Бускетс ;) (барем јас ова така го толкувам)
    А кога пола тим на Мадрид игра ракомет,нема ни жолт,а камо ли пенал ;)
    П.с Гути на твитер имаше пишувано за ракометот на Рамос...да не е жално,би било смешно.

    Ајт честитки победата.Јак тим нема што :rofl:
    Добро бе,ови од Сосиедад знаеме дека се лоши,ама па до толку!
    Кко и да е,Реал не ги остави гостите да се заминат без погодок,ах бе Рамос Рамос.. :rofl:
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Важно сите голови ги даде Реал :) .

    Е ајде де Рамос до кога ќе го бамкате за таа игра со тело,не со рака :!: .
     
    На ani22 и SunFlower94 им се допаѓа ова.