Одлична игра на Реал Мадрид вечерва, комплетно од целиот тим сум презадоволна Морам да искоментирам и за Милан, одлични беа против големата Рома ....за Ел Шарави немам зборови, детево е цар , се надевам ќе биди стартер против Барселона , ако е така без гол неврви за Ибра се знај, како и секогаш Е сега лошо е што Тиаго Силва се повреди :/ изгледа нема да игра против Барселона ... а пак добро во сето ова е што Бонера изненадува, во одлична форма е , така да ќе го замени Силва и да се надеваме ќе се прикаже во одлично светло
Леле ако вечер Интер го збрца Јувентус ќе се онесвестам од среќа хахаха Иначе видете го голчиштево на Крауч..ги искина вчера Ман. Сити http://www.youtube.com/watch?v=awnoJ4o8dK0
Све ќе пропуштам ама утакмици како Јувентус-Интер никако! Како да кажам, двата тима ги мразам, повеќе Интер иако по некоја логика како росонерка требаше да бидам повеќе за Интер вечерва. Ама не бев. Онака воздржана во стил кршете глава, ама мило ми е што Интер беше поразен сред Торино зошто се прчеа дека ќе победеле на гостински терен, чиста двојка а-у...да не беше х-1? Добри беа првото полувреме, ама второто ептен попуштија. Толку многу шутирања на гол, а само 2 гола паднаа. Ја фатив на две ливчиња и 1 и 0-2 гола, а можеше да биде и 3-0 и да беше асален пораз, ама ај. Мислам дека вечерва утакмицава беше повеќе за престиж, отколку за поени. Како и да е, убаво што уште еднаш им го покажаа местото на нероазурите. За Милан-Рома не верувам да искоментирав овде, ама немам посебен коментар. Добро вртење на утакмицата. Влагање во второ полувреме оп пенал, нормално се погодува. И готово чим е 1-1 појакиот тим нормално добива самодоверба за 2-1 и тоа е тоа. Браво во секој случај, а Тијаго Силва тешко да игра против Барса, а е еден од клучните играчи!
Дојдов само да кажам,ДЕЛ ПИЕРО СЕ ВРАТИ!!! И симнувам капа на Касерес за голот,секоја чест,играчиште! FORZA JUVENTUS,FORZA RAGAZZI!!
Вечер лига на шампиони, да видиме. Ги имам АПОЕЛ-Реал 2-2&3+ (се надевам ќе искочи, е ај да не со волку послаб противник ) и Бенфика-Челзи 1 што е доста ризична според мене. Го имам и Тотенхем во ФА купот со Болтон 1, а за утре најпознатата утакмица Милан-Барса 0-2 гола и Марсеј-Баерн 0-2 гола двете се заебани утакмици. Не знам што да кажам во врска со утрешната Милан-Барса ... попарена сум. Милан дома тешко да прими гол, истотака тешко и да даде, и да биде ќе биде 1-0 или 0-1, најминимални шанси за 2-0, а 0-2 не верувам зошто ако примат 2 гола уште дома слободно можат дса се збогуваат со ЛШ зошто во Барселона гол не даваат, и да дадат 1 преку сила ќе е, а ќе им требаат 2 за продолжетоци и 3 за да продолжат - невозможна мисија. Денес кога бев да уплатам, сите различно уплатиле. Кој 2-3 гола, кој Т2 2+, кој чиста 2ка, а коефициентот беше 1.80 што е потценувачки за Милан, и покрај фактот што нема баш врска тоа, сепак. Утре им е мајката на Милан, што и да прават нека дадат се од себе, додека се на домашен терен. Тијаго Силва нема да игра, кој и да стават на негово место нема да е тоа-тоа, климава одбрана и поголеми шанси за пораз на домашен терен. Нападот каков и да е, добар е, нека се фокусираат на одбраната!
Луѓе пишувајте типови во темата за обложување,овде е само коментирање на утакмици . Реал вечер ќе победи,во тоа сум 100% сигурна .
Утре ќе биде жустро на темата . Битно Мадристите ќе бидат на страната на Росонерите . Каталонци држете се, утре напаѓаме .
Вечер Реал само да си победи друго не треба иако сите очекуваме победа, сепак не се потценува противникот, бидеќи во фудбалот се е возможно HalaMadrid! со нетрпение чекам да дојди утре јас верувам во мојот Милан , еуфоријата барем кај мене е на високо ниво ! http://www.youtube.com/watch?v=6tVs0g7xQTA A lot of people think that because we're going to play against Barcelona, we're not going to move forward to semifinals. But Barcelona is scared about us because they know that we can beat them. FORZA MILAN! Thumbs up if you think that Milan can beat Barcelona. Секоја чест за тој што го пишал ова , потполно исто мислење како него имам .. јас се молев Барселона да ни се падни , го знам Милан, знам дека ќе даде се од себе, пред се знае да се одмазди А што и како ќе испадни на крајот ќе видиме утре ! ForzaMilan! ForzaRossoneri!
Aх,ах,ах...феминки. Вечерва,зар има потреба да се коментира ? Реал..5+,евентуално 3+ Тричко има да им забие еден гол,па шо сака нека биде! А за дербито меѓу великаните во Среда,срцето ќе ми препукне! Ако јас тропам овде дека ќе гледаме Ел Класико,како што се ближат часовите,не можам да си ги соберам нервите.Се молев само не Милан,само не Милан.Ама бидна што бидна.Сепак не се сомневаме дека ќе биде убав натпревар за окце за неутралните,а за росонерите и каталонците,ако не видите на темата по натпреварот,добро е ,сме преживеале. За Ел Класико не ми старв колку за дербито утре,барем кај првово сум сигурна на победа. Се молам на фер судење,да не падне крв на темата Милан е голем тим,и ќе бидам презадовлона ако го напуштиме Сан Сиро со реми.Па дури и 1 до 2 гола е добро.Милан игра без клучни играчи,како Тијаго Силва,ама пак Милан не е само Силва,како што и Барса не е само Меси. http://www.youtube.com/watch?v=HKVo8TRFxFE Еви ви едно загревање,за дербито утре Аби побарал од својот колега Кеита на крајот на мечот со Милан,да ги замени дресот со Ибра и да му го даде нему.Абиии Ibrahimović: "Želim da Barcelona osvoji Ligu. Želim da osvoje oni, kao i sve druge ekipe u kojima sam igrao." "Messi je broj jedan, a iz dana u dan sve više napreduje." -Богами Ибра,и ти напредуваш во изјавите Спојлер п.с Каде е Боа?..фалиш ма!
Уфффф едвај чекам, адреналинот ми е на многу високо ниво Мадристи, вие сигурно сте многу посмирени Инаку, Неста на местото на Тијаго Силва? Ај да го видиме и тоа... Ибрахимовиќ: „Подготвени сме за Барселона.Ова е мечот кој сите со нетрпение го очекуваа уште од денот на излекувањето.Се чуствуваме подготвени да играме против Барселона.Незнам што ќе се случи утре но знам дека сите ние ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас.Ова е меч во кој сите треба да дадат се од себе, вклучувајќи ме и мене.Ќе играме против најдобриот тим во светот во последниве 5 години. Утрешниот натпревар нема да биде ист како оној од групната фаза, знаеме дека сега не можеме да си дозволиме пораз“. „Средбата со Барселона е многу важна за мене, за тимот и фановите.Да се надеваме дека нашата традиција во Лигата на Шампионите ќе продолжи.Треба да ја играме нашата игра против Барселона.Не сум голем фан на дефанзивниот фудбал но тренерот е тој кој што ја поставува тактиката.Ни треба добар резултат дома за поголема самодоверба во реваншот. Ние сме единствениот тим од Италија во Лигата на Шампионите, и се надевам дека ова ќе важи и во полу-финалето“. Изјавава е за почит. Златан Ибрахимовиќ: "Играње за Барса беше мојот сон. Иако во Барса бев само една година, чест ми беше да играм за најдобриот тим на светот. Меси е број еден тој секој ден е се подобар и сеуште е многу млад, воопшто неможете да знаете каде му е крајот" Хахаха абе Меси срцка си стварно Е, има една лоша работа за Барса. Многу препознатлива игра имаат, мислам дека сите им ја научија веќе. За Милан останувам на своето, битно е да се одбранат, нападот си е добар.
не 3+ не 5+ чак и до 7+ реал може да дојде... Една еуфорија ме има фатено пред утрешниоф натпревар... што повеќе се ближи натпреварот ја понервозна сум... Ама има да победиме шо сака нека е !!! Им верувам ја на моите момции А италјанциве се опасни коа ќе се повлечат и почнат со нивниот „дефанзивен фудбал“-нефудбал само топки во аут и такви триста глупости... оваа утакмица утре е потешка дека Барса е на гости... утре ќе победиме минимално...ама коа ќе ни дојдат на гости печени се готово Има некој информација дали Алексис утре ќе игра?
Hala Madrid <3 Се радувам на победата на Реал макар и над Апоел. Какви асистенции на Роналдо,Бензема се врака а богами и Кака...Следниот натпревар ке биде само формалност...Бидејки се сомневам дека Апоел ке ја стигне таа негатива од 3 гола. За утрешниот меч мегу Милан и Барселона ке бидам повеке за Милан,зошто Барселона здодевни веке станаа Се надевам дека нема да има "судиски грешки" како и секогаш.
Значи во почетокот не бев задоволна од играта на Реал,без напад,без идеа,премногу некако збркано делуваа.Знаев дека нема шанси без голови од страна на Реал да заврши или евентуално на Бернабеу ќе ги победевме,не бев загрижена за полуфинале.Така и се воспостави,засилија последните 20 минути и оп 3 гола ,извонредни асистенции.Шахин некако не ми се снајде во средината,Чаби си е за таа позиција и добро е што се паднавме со лесен тим додека го нема.Очекував и повеќе голови против Апоел ама добро е. За нас се знае дека си имаме полуфинале.Туку не знам зошто Барса се толку убедени дека ќе го тепат Милан и ќе го елиминират .Чиниш со некој аутсајдер играат,изгледа заборават за каков клуб се работи.Јас имам некоја интуиција дека Барса ќе отпадне,не знам зошто . Ајде утре навивам за Милан и мислам дека ептен ќе се радувам ако победи.Воедно и да и врати на Барса за онаа педерска победа во групната фаза.
Тој Џокер ќе го искористат против Челзи .... Барса се во страшна форма сеа и ќе биде доста тешко на Милан да тепаат против Барса , но чуда се дешаваат.... Овие па Реал се надеваат да не помине Барса оти се знае што ќе се деси ако дојдат у Финале (Тролоололо) Бенфика ме разочара , очекував подобра игра
Е што ќе се деси де .Како онаа година во купот да не ги тепавме,не бива невозможна мисија е Барса да се победи.Не е тоа,туку сакам баш сега да испаднат.Да не стигнат до полуфинале,а камоли финале .