се разочараф од Реал жими се ! лелеј абе на Апоел до 70 минута да немојш гол да му дајш? шо игра беше она бе ? цели збркани .. незнаеја шо каде кој како хаха хах јас мислам дека пред утакмицата се бидени преопуштени у фазон кој се апоел за нас ама се збркаа... а за Апоел секоја чест особено за нашиот Тричковски ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕ УТРЕ БАРСАААААААА!! Милан на колена едвај чекам пак да играме со Реал
Ни џокер повикај судија нема да ве спаси од нас Ќе се сретниме во финале лига шампиони... а и за три недели во ла лига http://www.youtube.com/watch?v=kKBf3uoh7Ek "Mourinho vete al teatro" "Mourinho sal del banquillo" Поздрав до фановите на реал хахах
Ај со деца за фудбал ќе расправаш.Ти им расправаш за Европа,они за Америка зборат.Не,бе Реал употребува судии во Ел Класико,јас досега пак во заблуда бев дека тоа е Барса .Фала што ми кажа како стојат работите. И нема ти што да се разочаруваш во Реал,поарно глеј си ја Барселона кога губе од Гетафе и Осасуна и тогаш се разочарувај.Бтв со в се пишува .И чекајте си Ел Класико вие,немам ништо против.И јас си чекам,сите си чекаме ,Вас уствари само на Ел Класико ви остана да се надевате .
Реал ептен трупци испаднаа, штета АПОЕЛ што немаа душа во второто полувреме и овие го искористија тоа, инаку 0:0 ќе завршеше, првото полувреме беа одлични како тим што прв пат игра во ЛШ. Затоа Реал го казни тоа и фудбалот е 90 минути. Бензема го оправда тоа што го утна кога Игуаин му подаде прекрасна топка, со своите 2 гола, така? Јас да бев Бензема и да го утнев празниот гол од 2 метра, ќе си излезев комотно. Идиот. Најлесен противник, и пак мораа да спасуваат гз. Браво за голманот на АПОЕЛ - штета што одбраната им попушти во второто полувреме. Остај тоа, Венгер смета дека Барса е фаворит за трофејот и дека Милан нема никакви шанси. http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=90
Порано беше интересно да се дискутира за фудбал. Денес се се сведува на Реал и на Барселона И така реално се неспоредливо поквалитетни од останатите тимови. Нека им дадат да играат само еден натпревар на неутрален терен, па победникот нака биде шампион на светот и на унуверзумот. Дури нека се испозаколат на тој натпревар ако сакаат. Нека остават останатите тимови на раат да си играат Примера и Лига на Шампиони
Абе све сте се разочарале, ама затоа сте го играле 2 & 3+ сите, и сте очекувале да даде минимум 3 гола. Така да, ако до 70та минута (според некои аматерски ваљда пропорции) не дале гол - утакмицата таму не завршила, се игра 90 минути. Така да, ем сте фатиле спортска, и вашите очекувања, ем мрчите. Разбирам, слаба точка.
Прв болд:Во Шпанија знаеме дека последниве неколку сезони борбата за титула се сведува мегу Барса и Реал и затоа велам дека не е посилна лига од Англија во која секоја сезона се борат 3-4 екипи за титула од почеток а во Шпанија од самиот старт се знае кои ке бидат на врвот. Тоа што моментално има повеке тимови во завршницата од Еврокуповите не значи дека е најсилна лига.(Тоа го спомнав општо) Втор болд-Да,неспоредливи се во однос на Валенсија,Виљареал,Атлетико Мадрид.Ама од следните сезони се надевам дека ке имаат сериозен ривал во некои од тимовите кои ги набројав. Не се согласувам за само еден натпревар да се одигра.Можеби на Реал/Барса ке им се погоди лош ден па нема ништо да направат а другиот тим ке победи на срека. Што се однесува до коментарите на фановите на Барселона ги скролам секогаш зошто знам што можат да кажат:Ние сме најјаки,ке ги победиме Реал,и да ги победат што к*р и онака не е нивна титулава..Човек и да не ги мрази ке ги замрази заради фановите. За вчерашниот натпревар мегу Апоел и Реал Мадрид читам коментари дека едвај стигнале до водство.Не знаеме која била замислата на Мурињо нити па на тренерот на Апоел.Но штом стигнаа до овде значи не се толку слаби колјку што мислеме.Беа сензација сезонава. Вечерва Форза Милан Никое мислење па ни на Венгер нема да ми смени мислењето.Се надевам дека Милан ке победи вечерва.И апсолутно никој не ја одбранил титулата во Европа па нема да биде тоа ни Барселона Спојлер (секако освен ако не излезе на терен и Платини па да им помогне да освојат во најлош случај)
Браво Реал,ги победивате ЦСКА и Апоел,сега сте многу јаки. Тук,Бензема многу потешко беше да се промаши тоа,човеку!Празен гол,на близина од 2 метри.Добро си вели коментаторот И тоа ама го победивте Апоел,до 75 минутка се мачевте да забиете гол. Ако играте вака и против Минхен,ќе се збагуваме од Ел Класико финале The Day D.. Овие од Реал се посигурни дека Милан ќе тепаат отколку што каталонците веруваат на пласман во 4финале Венгер,се моли да не тропа глупости!Мака му е што Милан им ги руши надежите за пласман меѓу 8те најдобри,па сега... Сега баш,дека нема никакви шанси,не може да се каже тоа.Како што видовме Милан на Камп Ноу нападна во 88 минута и за две минутки 2 гола.Дека Барса е фаворит,се сложувам,ама дека нема никакви шанси,не би рекла! некоја женска инутиција ми вели дека вечер Барса тепа
Сега ако победиле, зошто победиле. Ај да ти пуштам резултати од 2009 година кога нели бевте во полн ек со освојување на титули какви резултати сте постигнувале: Group F 16/09/2009 19:45 Inter - FC Barcelona 0:0 29/09/2009 19:45 FC Barcelona - Dinamo Kiev 2:0 20/10/2009 19:45 FC Barcelona - Rubin Kazan 1:2 04/11/2009 17:30 Rubin Kazan - FC Barcelona 0:0 24/11/2009 19:45 FC Barcelona - Inter 2:0 09/12/2009 19:45 Dinamo Kiev - FC Barcelona 1:2 Убедливи се победиве, свака ви част. Еве ти од ланската сезона: Sep 29 2010 FT FK Rubin Kazan 1-1 Barcelona Nov 2 2010 FT FC Copenhagen 1-1 Barcelona Apr 12 2011 FT Shakhtar Donetsk 0-1 Barcelona Champions League (Quarter-finals) Шахтјор бил во четврт-финале, а ти дали знаеш уопште за тимот дека постоел и дека некогаш играл во Лига на шампиони, а ете стигнал до таму. Така да, многу потценувачки и кон АПОЕЛ гледате, стварно еден дебитант во Лигата на шампиони, а вие кога играте нерешено со вакви тимови или дури и губите, ондак опростливо е за вас. Двоен аршин, нели? А Рубин Казан изгледа слаба точка им е на Барса.
Лил не се важи ова,ти си го измислила.Признај си . Па како може Барселона да постигнува вакви резултати со слаби тимови.Па тоа никад не се е десило,она сите ги мачка на леб . Абе фанови на Барса што толку ви е трн во око што Реал не дал гол до 70 минута.Како што знам еден натпревар не трае толку.И јас во почетокот не бев задоволна ама на крајот се исплати за сите пари,какви голови .Ама знам,вие така нервите си ги смирувате за вечер .
^ Ах да, ова е само еден продукт на мојата болна имагинација да гледам како Барса губи. Guilty! Многу лошо е да кажеш дека некој е непобедлив, дека не е*е жива сила, најјачи е а имаш резултати што го побиваат тоа. Пошто НИКО НИЈЕ СИГУРАН, овај непобедлив. Така и они. А со Гранада 5:3 мислиш пенали играле, али и Валдез знае како со Гранада, нели? За атер за Креспо, мојата прва и единствена фудбалска љубав и неговите сјајни моменти што ги имаше таму, вечер навивам за Милан.
Незнам што толку сте запнале Реал , де Реал ... Јас сум задоволна, се виде дека не сакаа да го испустат противникот на домашен терен, така да 0:3 воопшто не е лош резултат кога играш против Реал,а си аутсајдер ! А вие Каталонци , со кого играте вечер бе ? Милан го спуштивте на толку ниско ниво , како во 1/16 фин. да го надигравте и победивте со огромна разлика... ForzaMilan!
Океј, не ги сакам Интер ама зошто е потценуван во слаби 'тимови'. + гостување кај Интер,и тоа реми,за ваш е лош резултат? Како и да е,вие очекувате Барса да нема пораз ЕПа јас не.И демек Реал не губел против слаби тимови... И овие порази од мали тимови,не се ништо во споредба со успехот на Барса таа година. Освои се што можеше да се освои! А она за Апоел Паа...бевте многу слини дека Апоел нема да знае на кај да се свтри,а прво полувреме испадна дека вие не знаете на кај да се свртите... Нели ќе имаше многу голови,ова она. Ах да,супер изговор,гревче би било Апоел да си го добие од кралевите на домашен терен. И Бензема и Роналдо кога промашија 100% шанси за гол,се жалеа на лошиот терен,изгледа во крвта ви е тоа (се шалам) Ани,никој не го потцени Милан,тоа е супер клуб.Ама добро кажа Гвардиола,за да победима во ЛШ мора да играме со најдобрите. Се читкаме вечер,се надевам со насмевка ќе пишам не темава.
^ Не ги потценувам Интер, напротив навивам за нив, ако добро знаеше и си била фан на Барса од тогаш, јас ги напишав сите натпревари што ги играше тогаш вашата Барса во групи. И самата кажа, порази од мали екипи. Веројатно подобро е да ги победиш АПОЕЛ со 3:0 и головите биле дадени во задњи 15 минути (ако толку ви е мерак за тие 70-75 претходно ), отколку Рубин Казан да ви е слаба точка. Јас никогаш не потценувам некој тим, затоа што во фудбалот се е можно. И не знам кој овде пишува толку самоуверено за својот тим. Самите рековте дека Реал има појаки противници во Примера во иднина, а вие послаби па пак една Гранада ви го сврте паметот и ви даде 3 гола. Затоа секогаш го играте 3+ Реал. Не знам зашто де. И ако 3+ не се многу голови, ондак не знам вечер колку ќе се силите.
^ Јас секако ќе пишам со насмевка, кој и да тепа мене ми одговара А за Гвардиола морам да не се согласам, за да се победи во ЛШ не мора да се игра со најдобрите, чист пример е Реал што играше со тим кој првпат во своето постоење стига дотука и едвај 3-0 го тепаа Барса да беше, несомнено повисок резултат ќе извадеа, мислам сигурно не би го утнале она што го утнаа Бензема и Роналдо, па човече мене ми е криво за тој неинтелигентен потег кога ја прими топката и требаше само да ја насочи во голот. Ццц. И денес никој не ги спомнуваше неговите 2 гола, туку сите викаа „виде ли што утна Бензема бе немогуче еј“. Вечер, едвај чекам. Не верувам да паѓаат многу голови, може и воопшто да не падне гол, само се надевам Меси или Ибра нема да го утнат она што го утна Бензема, мислам не се до толку.
Да бе немаше кај да се свртеме,гледам Апоел нон-стоп напаѓат . Јас вчера Касиљас дали еднаш го видов,а баш сакав така да си плакнам малку очи .Не бидете смешни,ако Реал не можел да створи добар напад не значи дека немале каде да се свртат.Јас како што гледав само Реал напаѓаше ама многу некординирано.А и заборавате дека го немаше Алонсо во средина,според мене еден од клучните играчи.Нападот зависи од средината,а нашата не беше нешто најсјајна вчера.Ај доста веќе,се радувате не бива Реал изгубил ,па нели вие зборувавте дека е важно само да се победи а не е битно со колку голови.Кога Барса одигра 2-0 со Викторија Плзен мислам беше .Или како што кажа Лил двојни аршини. Не бистрам веќе политики,си кажав се што имав.Ќе дојдам вечер кога Милан ќе ве намачка како еурокремче на лепче.Поздрав . Едит Само уште ова.Хахахаха Барселона не би го промашила она што го промашиле Роналдо и Бензема .Да ама затоа Меси пенали промашува .
^ Извини вака, ама вечер нема да има мачкање на лепче. Вечер ако има победа од било која страна, ќе биде едвај извадена и многу блага, зошто ова се јаки тимови. А не комбинација како вашата, кога можевте да мачкате на лепче и 6-0 па првиот гол ви беше во 74та. Ајде се читаме вечер.
Е многу провоцирате.Пак мора да ви врнам а и јас глупа паѓам на провокации . Плавуша ќе има мачкање на лепче.Па и Арсенал беше јак тим ама отиде во неповрат,така и Барса ќе иде.
Ретки се оние што ја потценуваат Барса, а го подигаат Милан, обично обратно е. Првиве или се мадристи, или оптимисти или фантазери. Вечер не знаеме што ќе се случува, само си претпоставуваме кој како. Што е до мене, вечер може Милан да победи онака 1-0 има веројатност, а и сакам да победи, зошто Барса ќе победи во Барселона 100% и со поголема разлика, сакам да кажам јас мислам дека Барса ќе оди понатаму, колку и да сакам Милан да оди не може со Барса според мене и тоа е тоа. А и мило ми е Барса што ќе оди, не ми е жал, бар знам јаки утакмици имале двата тима, се бореле до крај, а и среќа треба. Што и да биде вечер, само Милан да не примат 2 гола, зошто таа негатива нема да ја пополнат на Камп Ноу.
Победуваат 3:0 и ќе се најде мана, зашто не ги дале во претходните 74. Прво, пола од вас овде се кладам дека не ја гледале утакмицата, сеедно ми е дали ќе негирате или потврдите, али најбитно сте виделе дека до 70 минута немало гол и знаете што се десило цела утакмица сигурно. Ете ви ги вашите резулати годината кога бевте најјаки таа година, од Рубин Казан сте изгубиле и нерешено сте извадиле, а да ве прашам во која лига играат и каков пласман имаат во првенство дали една од вас ќе ми одговори тоа без да се консултира со чичко Гугл. Шахтјор сте ги победиле 1:0 во четврт - финале , woooow каква победа. Знам, изговорот може ќе биде, тогаш не сте навивале за Барса. Aко не ви е доволно 3:0, играјте си следен пат дека 0-1 голови ќе паднат на реваншот со АПОЕЛ, `сигурно` ќе фатите тогаш.