^ Јас ја играв утакмицата и разочарана бев зошто не фатив спортска како што викаш ти, 2-2&3+ ја имав очекував гол уште во првото полувреме, не дека се јаки Реал, ами дека е слаб АПОЕЛ бре. Е вечер ќе се гледа фудбал, а не вчера. Изгубени минути од мојот живот беа тоа.
И Барса имала слаби резултати и нерешени и од многу глупи тимови губела не викам не... Од секогаш сум за Барса и стално ги следам натпреварите... Вечерва и јас сум уверена дека ќе победиме а и безцелно е да се препуцаваме глупо ми е да се карам Реал ова Реал она Барса ова Барса она.. ко мали деца... знам дека мадридистите секоаш ќе ја критикуваат играта на Барса па така и ние така оди тоа БАРСА СЕ САКА,БАРСА СЕ ЉУБИ И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ !
Aуф вие од Реал не отпишавте бе од ЛШ..абе пуста надеж да не играте финале со нас Извинете вака ама Арсенал и Барса.. не би рекла. Барса е далку потежок противник за Милан од Арсенал. Баш на тоа мислев Блек,Реал (што се вели) имаше 100% посед на топката и не можеше да даде гол. За разлика од овие другите кои одвај ја допираа топката,само 2 додавања и толку беше. Толкав посед на топка а само 3 гола,не ќе да е од 'добрата' игра на Апоел Лил,јас пак мислам обратно.Утакмици од ЛШ ретко кој пропушта,збрувам за љубители на фудбал. За разлика од Ла лига каде мрчите за судии, а Браса е оштетена сезонава..ауф многу! Па дури и голем број не ги гледаат утакмиците на Реал(и помошта што ја добија сезонава од судиите) а камо ли пак на Барса(недосудени пенали,поништени голови,исклучени играчи..) И да уткамицата на Реал со ВиљаРеал,сите плукаа по судиите за играч со 2 жолти Па ја гледаа ли уткамицата,се жалат дека ни во макдеонската лига г го немало тоа. Ама ако,се додека Реал промашува такви шанси,и дава голови во 75минти..ние ќе си седиме со насмевки и ке мрчиме ,а вие..па вие пишувајте колку мрчиме за гол во 75 минутка и тоа против 'аутсајдер'. Батали ова,кај се росонериве?(исклучок Плавуша) И пред вакви уткамици ги нема,пак фанови на Барса и Реал ја полнат темава.
А и Боа ја нема нешто . Види вака Смајли очигледно вие нема никогаш да признаете нешто за Реал,ниту пак јас за Барселона.Ама според мене така е,Барселона губи и минимално победува од слаби тимови а вие овде три страни напишавте за тоа што Реал го победил Апоел во последните минути.Според мене нема потреба од тоа.Зошто за џабе да се трупа темата со глупости и безвезални пречкања.Па има уште многу тешки утакмици да се коментираат,вие сте се фатиле за промашајот на Бензема како слеп за стап.Се,случува фудбал е.И промашувања,автоголови,дури и порази од слаби екипи се случуваат.Во фудбалот голема улога играе и среќата и моменталната форма на тимот.Не знам стварно што сте запнале толку за Апоел.Ајде еден коментар да напишете ама цела дебата да се отвара за ова,стварно е смешно. За вечер јас кажав дека ќе навивам за Милан,што е нормално нели.Јас пак воопшто не мислам дека ние ја потценуваме Барса туку вие го потценувате Милан.Нема предвреме зборење,вечер ќе видиме што ќе се случи.Ама глупо е што уште сега си правете пресметки.Милан да не прими толку голови оти на Камп Ноу нема шанси...и така натаму,и така натаму.Не се ослонувајте многу на тој домашен терен,Камп Ноу нема некаква магија да направи за триумф на Барса.Се зависи од играчите и од играта.Нема отпишување,се може да се случи.Нека победи подобриот амин .
Девојки тука сум, ве читкам од време на време. Не можев да се активирам деновиве, дедо ми почина баш кога Реал играше со Виљареал и знаете како е . Ама ве следам и натпреварите ги следам редовно. Ќе се вклучам поактивно и со коментирање деновиве . Поздравче до сите и се надевам дека вечерва ќе ја разгорите темава ЕДИТ Ми паднаа во очи коментарите дека играчите на Реал биле трупци, и стварно не би сакала да личам на фан на Барса кој после секоја утакмица вади статистики за посед на топка(па и кога Барса губи, битното е дека била подобра според статистиките де), ама еве морам да ја споделам статистиката од вчерашниот натпревар. Повелете Јасно се гледа кој доминирал, јасно се гледа дека Касиљас воопшто не ни имал работа вчера, јасно се гледа и поседот на топка(кој мене не ми значи многу), јасно се гледаат нападите на гол, шутевите покрај голот и шутевите во рамкоте на голот, така да немате ама баш ниеден аргумент со кој ќе не убедите дека Реал биле дрва. И кога се нема аргумент се фаќате за промашувањето на Бензема(кое секако дека беше промашување на векот) ама такви промашувања има милиони и најчесто од познати играчи.
Како не слаб бил Реал, па не е Мурињо малоумен да игра пресинг и да форсира играчи на АПОЕЛ..нормално ќе се чува за полуфинале..искрено и мене ми беше досадна утакмицата, веќе го знаевме крајот, ништо неочекувано, ама затоа очекувам пожестоко полуфинале. Сепак мислам дека Реал е со едната нога во финале
Мessi Messi, manana (hoy) jugamos pa'nuestro futuro contigo ganamos seguro!! -Oти мене до песна ми дојде.. ViSca El Barca!!
Да де ама затоа индиректно ги пецкаш фановите на реал (остај тоа е моја работа да ги пецкам сите на форумов) Реал се во Финале , Баерн дупки се нема да ги сопрат а вечер кој ќе победи тој иде исто у финале ... И што толку околу Реал Апоел ... Кај ќе се замараат реал со Апоел уште напочеток , цело време си кулирааа и на крај си победија ... рутински си беше тоа ... И пфф Сите фанови на Реал се за Милан ..... оф мори мајко .... Јас Милан вечер ја играм GG 3+ ,
Ако уште во 6та минута Меси се лизна, каде се другите 84 + судиско продолжение? Меси, полека чоек! туу за малце еј, се стуткаа сите! Милан се држат, тооооооо! На Ночерино му се игра, и во аут ја чека топката за да ја продолжи играта Ех Санчез за малце ќе поведеше со 1-0. Ауууу Меси за малце еј Леле Ибрахимовиќ Леле лелееееееееееееееее! Па и го дрибла на Пике, море море браво. Што е со него и Пујол? Ајде малце поживо, што е ова
Тука сум и јас, ама не пишувам, туку седам, цркам, грицкам нокти и пцувам пред телевизор. Мајка ми слушалки си стави . Дечко ми подалеку од мене, за Барса е. Толку. После ќе коментирам, сеа имам нокти за грицкање.
^ Сега те мислев Јуле каде си ти да коментираш Иииииииииииииии Санчеееееез за малце пак еј, ама Антонини пријатно ме изненадува, браво бе еј!
Вииииди ти ги Чави и Иниеста, асистентиве нешто се изнервираа, се решија сите да си ја пробаат среќата на голот на Абиати, бреееј ама па и подобро, веќе сите ги научија како играат, добро е што менуваат нешто и тоа многу препознатливо за тимот ама тоа не значи дека кој кај стигне треба да шутира, како што и не значи дека 5 саата треба да се подаваат за на крај може и да не падне гол и џабе акцијата.
Се молат Барса и Милан да не предизвикуваат вакви шокови,мил ми е животот! Милан во напад..оп шанса!Топката се префрла на другата половина,оп шанса за Барса! Не, не и не ..ќе ме убијат овие мене! Теренот,многу лош ми стои!Остај овие од Барса што се исполизгаа,ами и Милан исто. Овој коментаторот катастрофа!! Милан од 30та мин топката не ја виде... убав посед на топка 68 за Браса Ибра,Робињо,Санчез...Чави Валдес♥ Како се држите феминки..? Јас се префрлам на уметничко лизгање,барем да се релаксирам до 2полувреме.
Какви шанси не искористија Робињо и Ибра .. добро е за сега, се држат и двата тима .. тро досадно, Барселона мн ја држи топката мати прај, подава и шутира во рацете на Абиати или аут
Реков јас, нема да има голови овде и да имаше малку ќе беа, не знам како луѓево ставаа ГГ, 3+, Т2 2+, 2-3 гола, ГГ&3+ и такви слични типови над 2 гола. Убава утакмица, ама се нервирав ептен. Како и да е, убаво заврши иако требаше Милан да си осигура бар 1 гол, ама со оглед на фактот што Барса многу повеќе шанси имаа и ги пропуштија, добар е резултатов 0-0, мене ми одговара Милан одбрамбена игра, солидно изиграна, речиси е остварена целта на Алегри освен фактот што не дадоа гол, е само тоа фалеше. Кај Барса, нервозна игра, нормално, целовреме напади и не падна гол. Добро, како и да е, следната утакмица е кај нив, па...