Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Вчера беше навистина досадно да се гледа ! Но за една недела Барса ќе покаже како се игра фудбал :D
     
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ма не беше лошо судењето,всушност тоа беше и едно од најдобрите судења сезонава ,ама,јас имам само една едниствена замерка :wasntme:
    Како и да е,Милан и Барса разочараа!Без голови на 'Сан Сиро'.Многу очекувавме од овој натпревар,ама тоа е!
    Ќе играат на реваншиот Пато,Силва и Абате?
    Читам коментари на нет и многу сигурни росонерите дека ќе поминаат на Камп Ноу,ако дома Милан се бранеше што ли ќе видиме на Капм Ноу?!
    Ами кога Арсенал,им даде 3 гол,што ли ќе направи Барса? :wasntme:
    Не ме сваќајте погрешно,не дека го потценувам Арсенал,а ниту пак Милан.
    Милан има простор да изненади тоа се знае , а доколку Милан помине понатаму мене нема да ме изненади зошто сепак Милан е еден голем клуб ;)

    Гвардиола: "Тоа што Милан е задоволен со 0-0 е голем комплимент за нас"

    За вчерашната игра на Барса,баш зборував со другарка ми од клас,и се сложивме дека сето тоа беше на некој начин тактика на Гвардиола,демек нема да ја игра Барса препознатливата игра,и оние шутови како што кажа некој овде 'шутира кој ќе стигне'(демек го губат трпението Барса) мислам дека се обратна психологија на Пеп.
    А и Фабрегас што цел натпревар си седеше на клупа,не би рекла дека е случајно!

    Барса на Камп Ноу ќе игра на се или нешто,има Барса што да загуби..а особено што ла лига веќе ни отиде од рака,Пеп се ќе направи да се пласираме понатаму во ЛШ.
    Видечемо,биче интересантно. :)

    Тук,Јипи и Барса ми стои дека играа по таа такитика.Не покажаа што најдобро можат вчера!
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    ^^ Смајли не беше тактика на Барса да не се форсира и да не игра. Кој бре ќе поверува дека не сакале да дадат гол во гости и да си ја олеснат работата :wasntme: Па уште ако и за противник го имаат Милан :o

    Не можеа да играат. Факт!
    Милан тактички ги уништи со тоа што имаа страшно добра тактика и одбрана синоќа, ги исекоа клучните играчи на Барса и не можеа да мрднат. Иниеста не се виде на натпреварот, не од што не знае да игра туку од што беше изолиран и добро затворен. Меси едвај се пробиваше и едвај создавше шанса за шут. Во второ полувреме станаа свесни играчите на Барса дека неможат да ја играат нивната игра(да влезат со се топка во гол) па почнаа да шутираат од кај ќе стигнат.
    Милан потфрли само во нападот, уствари во завршувањеето на нападите каде што пропуштија две чисти шанси за гол на почетокот на натпреварот.

    Судијата беше одличен :clap: Не потпадна на притисок и провокации.

    За наредниот натпревар ќе биде ептен неизвесно. Не би давала некоја поголема предност на било кој тим иако многумина ја фаворизираат Барса пред се зошто игра и на домашен терен. Ама пишав и претходно, при ваков резултат, домашниот терен е нож со две острици, имајќи го во предвид значењето на голот во гости. Што ли ќе се случува ако Милан прв постигне гол на Камп Ноу ? А има Милан капацитет и играчи за такво нешто.

    Како и да е, очекувам тешка борба, доста неизвесен натпревар, ама пред се очекувам добро судење, да не се повтори приказната со Арсенал, Челзи и Реал од пред некоја година.
     
    На SunFlower94, JuLleE и starbucks им се допаѓа ова.
  4. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Да де ама затоа индиректно ги пецкаш фановите на реал :lol: (остај тоа е моја работа да ги пецкам сите на форумов)

    Ама уживај си ти .. дури пецкаа тие и јас пецкаф па шо ?
    Кажав дека немам план повеќе да се карам... ти колку сакаш контрирај ми ;)
     
  5. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Шанси полно де едните де другите во напад.. ама не ми беше интресна утакмицава некако..
    ми се чини и дека на судијата ко да му беше досадно :D
    А онај коментаторон од уста не го изваде Алексис :inlove: .. со тој негов обид да го убеди судијата да покаже на белата точка хахаха :)
    иначе најмомент вчера ми беше 87 мин. кога голот од едната страна беше празен а топката беше пред голот ама Tello не ја стигна побрзи беа од Милан... само чекор му фалеше :@ хуух
    ама не е битно на домашен терен во среда ќе биде :*
     
  6. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Тимот на Барселона поднесе официјална жалба до Уефа за лошата состојба на теренот на Сан Сиро.„Каталонците“ тврдат дека теренот бил катастрофален и опасен по здравјето на нивните фудбалери.

    Или со ова индиректно праќаат жалба до уефа : судијата е крив , не застана од наша страна !


    За ваков тим од ваков калибар , ова е срамота !!
     
    На SunFlower94, JuLleE, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Искрено теренот беше катастрофален ... парки земја излагаа на секое шутирање...
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    До теренот ќе да е ;) .

    Знаев дека Барса имаат навика да се фрлат во телата на спротивните играчи ама ова е нешто поразлично :D .
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Озбилно се жалеле до Уефа :o За нареден пат нека им постелаат на црвен килим да играат.

    Туку еве една слика која јасно покажува зошто бил лизгав теренот :D :D :D

    Barcelona's tears water San Siro pitch
    [​IMG]

    И уште нешто :D
    [​IMG]
     
    На ani22, JuLleE, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ^ Ау, колку ми беше смешен потегов на Ибра значи вчера, се ваљав од смеење. :rofl:
    И викав на мајка ми, онаа ногана ко некоја пијавица му се има закачено и овој со сета сила и терет се отарасува и ја фрла демонстративно.

    Иначе, за прв пат во мојата кладилничка историја денес отидов фино лепо си подигнав пари ко господин. И такој, еднаш среќата ги прати упорните. 8)
     
    На JuLleE и Smilly им се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Леле Боа,се убив од смеа вчера на ситуацијата од сликата :rofl: Ја дадоа во добар кадар,цела уткамица вежбав стомачни ,а еве сега ти си ја постирала,и пак брфнав :rofl:

    На Барселона најмногу и пречи мокар терен, зошто играат брз фудбал со кратки додавања, затоа Челзи, а сега и итаљаниве си играле со прскалките пред утакмица. :wasntme:
     
  12. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    251.394
    Кака се враќа во Милан!!!
    Нема посреќен човек од мене, во моментот скокам од среќа :$ .
    Што убава вест. Се враќа таму каде што припаѓа :) .
    Берлускони се попали човекот, сака Миалн да игра како Барса :D .
    Ако, ако, само така :rock: .

    Убава вест Росонерки и Росонери ^_^ .
    http://www.mk-acmilan.com/index.php?opt ... 4&Itemid=2
     
    На Plavusa.17 и Smilly им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Немојте бе вака да ни правите :) Па и ние си го сакаме Кака. Наш си е :)
    А плус тоа како блесна на последниве натпревари, не верувам дека постои човек кој не би го посакал во својот тим. Докажа дека формата е менлива, ама класата е вечна :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јуле, рацете да ти се позлатат што ја напиша веста од тебе дознав, Кака е Милан школа и ќе си остане и баш ми е мило што се враќа ако е ова точно!!!!
    Јас прочитав за Рафаел Ван Дер Барт, ама за Кака :o Најмило ми е што се враќа каде што припаѓа, а исто ми е мило што Реал останува без таков играч. Хехе и не само тоа, на Роналдо му се понудени од шеикот на Манчестер Сити 80 мил. фунти за да игра таму, 400-500 илјади евра неделно е тоа, плус училиште со неговото име.

    26 милиони евра? Па според моето мислење за него, не би ја одбил понудава и би ми било драго, само што тој играше во Јунајтед, а понудава е од моментално конкурентскиот тим... тоа е исто како на Кака да му понудеа да оди во Јувентус :?: Не му смета многу на Роналдо тоа, броејќи ги парите ќе игра за сите тој. Ако, убаво ја има мојата поддршка за трансферов, и покрај фактот што мислам дека Реал нема да го пушта :D

    http://supersport.com.mk/index.php?opti ... Itemid=129
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    А да не се овие вести само шпекулации :wasntme:
    Така ми личи.
    Конкретно за Роналдо. Демек ќе се враќал во Манчестер, па ќе одел во Челзи, па демек Анжи сакал да ги купи Роналдо и Меси во пакет, па Мурињо тренер на Челзи, ама ќе одел само во пакет со Роналдо, па денес пишуваат демек Мурињо ќе бил тренер на Сити.... Бла бла бла... Само празни муабети.
    Инаку Кикица и претходно имаше понуда од Сити, ама ја одби.
     
    На Pelikuna и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Па мислам дека не се шпекулации, мислам дека понудата е дадена, не пишува дека ќе оди тој или нешто...само дека Сити му понудиле. Ми изгледа дека се упорни... а и види што све му даваат.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Е ајде де, ќе почекаме да видиме. Лично не верувам дека ќе се случи, ама ај живи били па видели ;)

    Едит - туку кладилнициве пак го потцениле Милан со коефициентите. На Барса има 1.25 :o а на Милан 9.50 :o :o :tmi: .
    Па не е Милан АПОЕЛ бре :@
     
  19. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Не знам што повеќе ме радува,тоа што Кака се враќа во Милан или што Реал останува без Кака! :rock:
    Само јас се плашам ова де не се шпекулации.. :worried:
    А овој Берлускони е луд,сега и Гваридола го сакал за тренер на Милан :D Човекот стварно планира Милан да игра како Барса :rofl:
    http://supersport.com.mk/index.php?...ener-na-milan&catid=50:shpekulacii&Itemid=129

    Роналдо имаше дадено изјава дека ако замине од Реал,тоа ќе биде само во Манчестер Ј.
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Што е до мене, за својот тим би сакала тренер како Мурињо, ама не Мурињо. Земајќи го предвид фактот што во неговата кариера постојат Реал, Интер и Челзи, а тоа се непријателските тимови на моите тимови за кои навивам, не, не го сакам во Барса, Милан или Јунајтед. Добро, во Јунајтед и да моли не може да биде, зошто Ферги бил, е, и ќе си остане.