НИКОЈ НЕ РЕЧЕ ДЕКА ТЕРЕНОТ Е КРИВ, ТУКУ ДЕКА БЕШЕ КАТАСТРОФАЛЕН !!! И никој не бара оправдување дека нерешено испадна на крај.. така требало да биде
Јас не верувам дека Кака би се вратил во Милан , реално гледано шансите се испод 10 %.. Кака го сака Милан, таму се прослави, со Милан освои се што можи да освои еден фудбалер , секогаш ќе дава оргомна поддршка за Милан , и јасно е и Милан го сака Кака за се што стори, но нема да се врати ! А тоа дека Милан сака да игра како Барселона не е возможно, оти Милан секогаш ќе биди една класа ако не повеќе пред од Барселона... Барселона последниве години се прослави, а Милан од кога постои е традиција и квалитет
А премногу внимание им обраќате на сите шпекулации. За Кака не верувам дека ќе се врати во Милан.Ретко кој попопуларен фудбалер се враќа од таму каде што дошол.А и има скоро се постигнато со тој клуб,така да не ми се верува да има некои амбиции со Милан.Тој многу пати изјави дека сака после многуте повреди конечно да се докаже во Реал.А е на одличен пат тоа да го направи,игра извонредно оваа сезона.Така да малку ми нема смисла да се враќа на почетокот баш во овој стадиум од кариерата.Можеби ќе се пензионира во Милан но сега да отиде таму,не верувам. А за Роналдо.Па јас не знам уште каде не го испратија човекот.Според новинарите досега требаше десет клуба да промени .Помирете се,Роналдо барем засега не си оди од Реал,особено поради тоа што е на пат да освои титула во Ла Лига и ЛШ.Си има добра плата,си дава голови,го сакаат навивачите.Така да јас мислам дека не би ја прифатил понудата на Сити а и земајќи го во предвид тоа што Сити е конкурент на Јунајтед.Нема шанси,не го пуштаме Кики од Реал .
Значи ме нервираат коментари од типот дека Роналдо ке заминел во Сити и тоа само заради пари.Пари тој има колку сакаш зошто ке му се повеке? Тој сака да освојува титули а Сити не може да го оствзри тоа,барем не неколку следниве години па ако сакаат и Пеле да го вратаат од пензија.Тоа е реалноста зборете колку сакате.И како рече некој погоре и порано имал понуда од Сити па ја одбил. А ако се врака во Англија ке оди во Јунајтед,бидејки за разлика од некои фудбалери фановите се уште го сакаат Роналдо а исто и остана во добар однос со сите во клубот така да..Ако сака тој школа со негово име сам ке си отвори има доволно пари за тоа.А Перез не лупнал за џабе толку пари за да го даде на екипа од рангот на Сити. Исто и за Кака,шпекулации шпекулации...Колку интересно што се појавуваат баш секогаш за време на Европски и домашни натпреварувања.Типично за да им падне самодовербата...Додека не видам еден од овие двајцата во друг дрес макар и нисколигаш нема да верувам.
Зошто да не се врати? Во моментот кога Кака требаше да замине од Милан на клубот му беа потребни пари, па Кака на еден начин беше жртвено јагне кој требаше да му помогне на Милан. Кака кога си отиде од Милан плачеше, несакаше да замине и никогаш не се вклопи во Реал, ако гледаме реално, па така да јас верувам дека можно е да се врати. Понудите се пратени. Кака, Пато и Ибра, е тогаш нека му ја мисли Барса, Реал и остала компанија .
Манчестер Сити топка да не фатат, пораз до пораз, па еве во 55та и од Сандерленд 1-3 губат. Ех, токмаци бе! И Арсенал губат
Осасуна-Реал 0:2 Бензема и Роналдо ги дадоа головите. А овој Месут Озил многу се покажа оваа утакмица?! Лајк. едит 0:3 Хигуан.
Абе вака трансфер пазарот е една берза за која утре не знаеш што ќе се случи а не па да знаеш дали некој фудбалер ќе се врати или не во некој претходен тим. Не викај НЕ 2 пати. Кака убаво кажа Џули беше жртвено јагне Кака, за среќа негова не отиде во Сити, бидејки Сити нудеше и повеќе пари, но Кака е еден од фудбалерите што има некои свои барања кои се пред висината на сумата. Отиде во Реал зашто тоа било негова дамнешна желба. Сакаше си отиде таму, си исполни желба да игра во кралскиот клуб покрај ѕвездите. Иако златната доба на Кака беше и ќе остане во Милан. Дај боже да се врати. Шансите секогаш има, за се во фудбалот. Шевченко штом се врати во Милан, па Кака зашто да не Инаку денес ремизиравме во Сицилија. Само не знам ДО КОГА судиите ќе го регулираат фудбалот. Нели е време после толку грешки да се воведе технологија во фудбалот? Па не е фер. Не е фер судиите да ја кројат табелата во Серија А. Не е... Толку ли се ќорави не ми е јасно
голот на Бензема беше добар браво за прецизноста... а Барса добар меч..играа лежерна игра не се форсираа мн.. се чуваат за Милан ауу едвај чекаммм !
Кој би рекол дека новиов тренер на Интер има 36? На 20 ми изгледа хахаха, конечно младич, само се надевам на следната утакмица нема да изгубат од пенали, како им тргна еееј 5-4, 3 пенали им шибнаа алооооо п.с. добра машна ееееј дечко
И Јувентус поново узврача ударац! Наполи беа отворени ко тинејџерки на екскурзија,секоја чест! Тенорите,Бонучи,Видал и Каљарела! GRANDE JUVENTUS!
Идам специјално на темава да поздравам една драга личност Јипман http://footyroom.com/aston-villa-2-4-chelsea-2012-03/ Како што е веќе познато Торес даде гол после векови и тоа токму на Астон Вила . Со тоа какви такви шанси за пласман во ЛШ . И една генерална препорака до сите читнав чат пат . Не ги земајте во предвид информациите т.е шпекулациите од македонските портали . Зошто тресат зелени , одете си на проверени портали кај што тоа што ќе го прочитате да има врска со реалноста .
Не ја гледав уткамицата на Реал,од причина што сонот ми беше побитен,ама ги видов снимките, и рака на срце убав гол на Роналдо и Бензема. Добро е што Барса го победи Билбао,можеше и повеќе погодоци ама битни се 3те бода. Пике,ни се варти во најдобра форма Фала богу. Тијаго и Машерано повеќе од одлични Ова беше прекрасно! Среќен роденден Афелај ..сакаме да те видиме утре против Милан.
Aх бе Торес Торес,те нема те нема и изникнеш од некаде... Ај да видеме дали ке продолжи со ова темпо. Ами утре имало Лига Шампиони а Ми се гледаат пенали ама ке видиме што ке се случи...
Ибрахимовиќ:"Да ги споредам Меси и Кристијано? Лео Меси е чист талент, додека Кристијано Роналдо е само резултат од напорно тренирање" Потполно се согласувам Утре Барса-Милан, е оваа ќе биде интересна Инаку и баскијциве се добри, а Пике за голман, како ја спаси таа секоја чест, браво!