Тик так, тик так! Уште малце...Росонери спремни за навивање? Почнав да гризам нокти, немирна сум, уф... Ќе биде густо вечерва
Плавуша, ама што играч најде да цитираш молим те. Значи ставрно ми е антипатичен играчот, врти-капа ми е, ниту пак ми важи за играч за кој би се тепале клубовите, ниту е класа ниту некогаш ќе биде па макар уште и во Англија да отиде да игра. Така да, тој едино може само да збори за Меси и Роналдо, ама факт е дека никогаш бил ниту ќе биде како нив. Нека се радува што играл во Барса, и дека играл против Роналдо некогаш. Инаку за вечер ми мириса на ГГ 3+, или на 2-3 гола. Ќе даде Милан еден гол сигурна сум во тоа, ама Барса пустата нема да остане на тоа. Осеќам дека ќе биде 2:1 за Барса, ете тоа е мојата прогноза за вечер.
За утакмицата гризеш нокти,или за Милан ? Ако гризеш нокти за Милан,не дека сакам да те разочарам,но мислам дека и најоптимистичките навивачи си знаат дека на Милан му се минимални шансите,но предност им е тоа што со секој нерешен резултат освен 0-0 тие одат
^ Од возбуда . Сепак се работи за битен и голем натпревар. И поради фактот што јас како фан на Милан воопшто не ја потценив Барса, туку напротив сум свесна каков противник има Милан вечерва. Но да не заборавиме дека ова е Милан, а не Леванте. Без потценување и вакви прогнози, бидејќи и некни Барса ќе го згазеше Милан, Меси ќе го наполнеше со голови, а тој ни до голот неможеше да се доближи. Почекајте, после натпреварот ќе коментираме. Сега, во овој момент сите опции се возможни .
Ууууууууу, што утна Меси. После Бензема ви е во уста, а вашион само да ја допреше топката недостасуваше. Туку коментаторов ме изнасмеа од старт, вика: `Изгледа Меси чекаше Абијати да ги подотвори нозете, за да може да шутира во тој мал простор меѓу нозете!` Двосмислено,а? Ајдееееееее пенал!
Епа ај некој нека рече дека не беше пенал, дека имало помош од судиите итн. после непостоечкиот аут за Милан. 1:0 Иначе, Пујол т.е. пештерко јак еееееј, агресија, ѕверка! ЛЕЛЕ НОЧЕРИНО КОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА БАШ ТИ ЌЕ ЈА СТРЕСЕШ МРЕЖАТА НА ВИКТОР ВАЛДЕС???? 1:1!!!!
Не бе, не е ич форсирана Барса. Не еден, туку два пенала! Ај ако даде Милан уште некој гол, ќе гледаме и трет пенал.
Меси само од пенали дава голови! Циркус, 2 пенала. Барса почнува да ми станува најомразена екипа исто како Јунајтед. Горда сум што Милан даде гол од игра, а не од пенал. Јаките тие . Од денес сум за Реал!!!
После Меси бил најдобар фудбалер?После Роналдо давал голови само од пенали...?? Имам два предлога: 1:Да се предаде комотно титулата на Барса...зошто другиве екипи џабе играат... 2:Предлагам Барселона да се прекрсти во Уефалона
Наградно прашање - Колку пенали да и се досудат на Барса за да може да помине понатака? Уф што ќе ми биде ќеиф во 90 + да примат гол.
Епа сега не знам дали беше баш за пенал, ама туку-така не можеше да пројде. И Барса целовреме напаѓа, пишувате ко да не фаќа топка, па мора од пенал да даде гол ццц. А првиот пат беше чист пенал, па што сакате зборете. Вториов, секако немаше да пројде неказнето! Ќе видиме во наредново полувреме баш. И полека Абате со Пујол, ќе се испотепаа. 2-1
Епа ќе мора во 90 + да и дадат гол, инаку како на друг начин, вака ќе нема време да им досудат уште еден пенал . Не се нервирам што Милан губи, туку се нервирам за двата пенала! Плавуша, точно, напаѓаат, ама не без погодок, така да во овој случај Милан е подобар. Еден пенал, во ред, ама два??? И коментаторот убаво си кажа дека Барса е екипата која има постигнато најмногу голови од белата точка. Ова веќе кажува нешто!
Ќутуци,уаааааааааааааа Барселона. Срамота е бе веќе,само со пенали се влечат.И она џуџето само од пенал може гол да даде .Ми се гади од ваквото влечење на Фарселона. Браво за акцијата и голот на Милан .
^ Немаше Плавуша,и фан на Барселона си призна.Само не знам до кога вака. Затоа толку фановите беа сигурни дека ке поминат оваа фаза... ЕДНО ГОЛЕМО УААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
^ Како што реков, првиот пат имаше ЧИСТ пенал кога го испобуткаа Меси што беше тоа се утепа чоекот вториот пат, можеби не како за пенал, ама сигурно ќе беше некако казнето.
За вториот мислев пенал...Ама ова е веке смешно луге.Да не знаеш дали да се плачеш или да се смееш. Единствена желба:Да Примаат гол во последна минута за да се изедат од мака и тоа од Ибрахимович да биде постигнат