Само не ми е јасно како можат да се радуваат на вакви голови и победи. Веќе видено сценарио, да му се одгледа фудбал на човек од оваа ФАРСЕЛОНА...ПУ!!!
Мене најискрено ми е срам да го гледам ова. Незнам како не им е срам на навијачите на Барса бре. Жално ама вистинито, се повторува историјата со Арсенал од минатата година. И незнам зошто уопште се играат натпревариве. Уште сега нека им ја дадат титулата на џуџињата, бар да не се мачат другиве тимови.
Не беше потценување,туку беше реално согледување,но гледајќи од ова како заврши првото полувреме,мислам дека во втората ситуација имаше тегнење,но сепак беше престрого пенал да се досуди,зошто топката беше далеку од Неста и од "влечениот"(не видов кој беше).Ај ќе видиме второво како ќе биде,но сепак мислам дека 2 пенали беа премногу,иако сум за Барса утакмицава.
Аман ако губи Милан,дали тоа значи дека Барса игра со судии Вториот мене ми изгледа на пенал,па прменогу очигледно влечење за дрес,а и два фудбалери на Барса на земјата додека се изведуваше корнерот,тешко дека ќе помине неказнето.мислам,судиите скоро на секоја уткамица досудуваат пенал во такви ситуации,па сега зошто да не за Барса И мене не ми е баш по мерак што не забивме гол од угра,туку од пенал ама.. И дај објаснете ми зошто ако судиите ја туркат Барса во полуфинале,не судат ништо за стратовите на Амбросини,4страта и ништо!! Се чини дека чекаат да му скрши нога на Фабрегас,па да досуди еден беден жолт! И Пеп изјави дека Милан секако ќе постигне еден гол,па сега да не излезе дека лаже.. Убава акција на Милан,која заврши со гол http://www.youtube.com/watch?v=w4mUncpN ... e=youtu.be Еве ви снимка,видете си што како,дали е пенал..според мене да. Заслужено водство на Барселона.
Смајли ма немаше контакт за втор пенал...немаше доволно за да покаже,барем еднаш признај.Нема да ти падне круната.
Јас сум фан и на Милан и на Барса, ама многу симптоматично како сите поддржувачи на Милан во двеве утакмици реагираат како да се фанови човече до толку да си анти-Барса, тоа чудо едно еј! 3:1 и ова да не беше од пенал? Абе ај луѓе не туку наоѓајте причини за мрчење, очигледно треба да е 5:1 да се создаде тишината... шшшшш
Не е дека сме анти фанови на Барса ама ова што се случува веке е смешно.Прво со Челзи беше,не им досудија неколку пенали. После со Арсенал и Реал и на крај со Милан. Татко ми што е судија и фан на Барса кажа дека нема елементи за пенал.Барем за вториот.исто така и од други слушнав.Ама секој со свое размислување.
Неутрална бев во овој натпревар се до непостоечкиот пенал -.-. Значи ми се повраќа, сакам да воведат технологија во фудбалот, веќе преку глава ми е од судиски грешки. Претеризам и ренесанса. ПС. 3-1 -.-
Од 3 гола, 2 се од пенал. Како да не мрчиш, кажи. Апсолутно не мислам дека влечењето за дрес пред да се изведе корнерот дека беше апла за пенал. За првиот, да. Тоа беше, и потврдувам. Епа ај ако не со среќа еве Барса да ви честитаме уште од сега добри судии да ви се паднат во финале, и нека ви досудат 3-4 пенали уште од сега. Ебате играта, ебате. Па да навивам за ваков тим - никогаш. Честито ајде.
Да бе, и Вардар вака да го частат со пенали и Вардар ќе стигне до финале на ЛШ. И Плавушке признај веќе еднаш дека си стравствен фан на Барса, а не како што пишуваше дека го преферираш Милан.
^ Еве како сум. Ја го преферирам Милан општо, на претходната го преферирав, сакав да тепа, зошто знаев значи се знаеше дека Барса на Камп Ноу ќе тепа. Тоа е таа нијанса меѓу овие 2 клуба. За Милан навивам од малечка, од многу одамна, повеќе го сакам тој клуб. АМА одам на оваа логика. Милан ќе земе лига, Барса нека земе ЛШ, да бидам мирна. И така Барса е појака за нијанса. Реалноста (моја) е таква, зошто ако Милан продолжи, ќе изгуби понатаму...
Пеци ма,па јас секогаш си признавам кога судат за Барса..ама дека немаше контакт Ма немој!Ај пушти риплеј. Оти нели Барса не може да постигне гол од игра.. Чекај чудно ми е што не кажавте дека е офсајд
Сите се против уефалона оваа вечер, ако, мило ми е. Од се’ срце сакам Милан да дадат уште 2 гола, ама тешко против судиите.
Еве мислење од фан на Барса,останатите продолжете да коментирате. Поздрав немам јас повеке коментар за овој натпревар.
Знате зошто Барса има толку анти-фанови??? Е баш заради ваквата игра, заради пеналите и помошта од судиите која е повеќе од очигледна. Не постои тим кој играл со Барса, а да не е оштетен. Реал, Челзи, Арсенал, Милан... И се покажа дека не е семоќна. Да беше, овој резултат ќе беше постигнат од игра, а натпреварот решен уште на Сан Сиро, ама видоа дека не бидува без помош и си искористија џокер повикај пријател-судија! Плавуша лоша ти е логиката. Зошто ако Милан продолжи понатаму ќе изгуби? Од кого, од Челзи ли?
абре луѓе а коментаторов? повеќе навива за барса него ли фановиве на трибини....мислам алоооо...непристрасност треба.... ц.ц.ц.ц неможам да го слушам
Можеби стварно ми е лоша Јуле не викам не, ама мојата прогноза е таква, па си реков нека оди Барса, и така Милан ќе ја земе лигата во Италија, а вака можеа двата тима да останат без ЛШ. Можеби стварно треба да верувам дека Милан би можел да земе ЛШ, но тука се Реал, Баерн и ете за жал Челзи што не ни заслужи да е таму, ама е. Сметам дека Барса со такви тимови може подобро да се носи, отколку Милан. И да продолжеше Милан Јуле, да поминеше полуфинале, во финале со Реал, што мислиш што ќе се случеше??
^ Не би рекла. Во моментот Милан е подобар и од Баерн и од Челзи, па во случај да ја мине Барса, финалето е пореално од полуфиналето. Ама пеналите и судиите го решија натпреварот. За жал!
Абе Пеликуна, остајте ги што си коментираат Каталонци. Демек многу верно ќе ми биде мене тоа, ако некој признае или не дали судиите ги помагаат. Тоа е факт дека помагаат, дали Петко, Станко ќе признае дека тоа е така не е важно. Важно е на терен што се гледа каква апла поддршка им даваат, ама ако, ние вергламе и ќе збориме, а они ете како ќе си се протнат. А викаа: `Ауууу на вас Реаловци полесен противник не можеше да ви се падне, зашто до 70та минута гол не сте им дале`. Па подобро поштено да им дадеш гол на АПОЕЛ макар и 1 да е, него против Милан место да играте фер и спортски па да победи подобриот, некое судијче педерче ќе ви потмогне. Да да, најдобра екипа на светот, со највеќе досудени пенали. :up: