Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Боа нема контрадикторност истото го збориме и јас и ти, само што ти сметаш дека е нормално немањето волја за игра на Милан и ги разбираш, а јас не, јас сметам дека требаа да се борат до крај, тоа е класа тим што не треба да се предаде туку-така. Милан психички падна уствари според мене ја предаде борбата, Барса го искористи тоа, поточно Иниеста и ги казни со гол и 3:1 за да биде уште побетер работата. Ја не реков дека Барса требала да падне психички или имала од што, напротив ја искористија слабоста на Милан овие уште повеќе се засилија и си го постигнаа своето. И останувам на своето дека Милан требаше да се бори, па не беше 5:1 мајкуму, 2:1 беше. Не беше готова битката, а се однесуваа како да е така. Е тоа е моментот што ме изнервира кај Милан, прво се јачаат, први тие настапија агресивно, а потоа откако Барса поведе со 2:1 се скрија под оклопот. НЕ ТРЕБАШЕ. Требаше да продолжат да се борат, и да беше 2:2 шансите за трет пенал како што спомнал некој дека се големи, напротив, ќе беа најминимални, секако освен ако не направеа Милан прекршок, што не верувам да ќе направеа ако изедначеа, и наместо нервозно ќе играа сталожено и се ќе беше во ред. Ама ете, не беше така, мојот Милан против големата Барса на резултат 2:1 изгуби секаква волја и буквално престана да се бори. Се согласувам со Сидорф, пеналите не се причина за нивното отпаѓање, сами си се криви.

    И пак ќе повторам, ако можеше Интер да прими 4 гола од Парма од кои 3 беа само од пенали и да продолжи да игра можеби не најсјајно, ама играа со волја, па победија на крај, можеби можеа и Милан да пробаа, ама не сакаа.

    Ајде тоа е тоа за тој натпревар, да видиме што ќе биде со другиве, што мислите? Морам да признаам Реал можеби за пласман во полуфиналето имаше лесен противник АПОЕЛ кој лесно ќе го надвладее вечер, ама затоа после со Баерн ќе биде исклучително тешко, нешто како Милан-Барса ми мириса. Барса има полесен противник отколку Реал во полуфиналето, Баерн се ѕверови на чело со Гомез. Многу јак тим, германци - упорни се :!: и 5 пенали да има за Реал, Баерн ќе игра до последно (она што не го направи Милан поради 2 пенали). Марадона смета дека Баерн ќе го исфрли Реал од трката за титула и дека Баерн ќе го игра финалето. Можно е... тежок натпревар стварно :|
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Да бидејќи Интер и Парма во Серија А и Барса и Милан во ЛШ 1/4 е исто

    =
    [​IMG]
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.392
    Плавуша признај веќе еднаш дека ги сакаш Барса повеќе и не пишувај дека Милан требал да се бори до крај. Јас како навивач од дома после вториот досуден пенал паднав, без желба да продолжам да го гледам натпреварот, а не пак да играм. Во ред е, навивај си за Барса, ама немој со мубаетов Милан ваму ќе освои, Барса таму. Јас не видов навивач на Милан синоќешниот натпревар да го коментира на начин на кој ти тоа го правиш. Ти се чудам од синоќа, што се не напиша и искрено оваа се ставови на фан на Барса. Ти како фан на Милан не те боли педерското судење (се извинувам на вулгарниот збор, ама не можам поинаку)?

    Друго, прво не можев да ве сфатам зошто фановите на Реал толку ја мразат Барса. Често ви контрав, мислејќи дека тоа е заради ривалството. Си велам, се јадам и јас со фанови на Интер. Ама синоќа видов зошто. Барса отсекогаш ја имаше мојата подршка, но после ова вечерва не. Се надевам дека ќе изгубат и тоа од Челзи, тимот кој пропаѓа нели. После Милан, Челзи е тимот кон кој сум наклонета, па се надевам од срце дека ќе им вратат како за себе така и за Милан. Заслужуваат циганите и кускулето кое ни до голот неможеше да се доближи, па за да не плаче мораше плачкото да шутира пенали.

    И да, не се лутам што Милан загуби, напротив, горда сум на момците, кои имаа прекрасен напад кој го завршија со ГОЛ!!! Некни, Арсенал заслужи да победи бидејќи овие нашиве си се опуштија и никој немаше да им биде крив ако го загубеа пласманот, ама не и синоќа.
    Но, ако и на Барса ќе и дојде крајот, и тоа скоро.
     
    На LilBaby, BoaVista, Justice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Не признавам Јуле нешто не е така колку и да ти делува, не ја сакам Барса повеќе од Милан, напротив, и мислам дека ја објаснив мојата теорија, а јас уште пред првиот меч на Сан Сиро пишував овде реферати дека повеќе го сакам Милан, ама сакам да продолжи Барса, а тоа е само зошто може го тепа на Реал и може да освои ЛШ, а Милан мислам дека не може. Не сум во морето незадоволни фанови од причина што сум фан на двата тима, јас сум задоволна, мене секако ми одговараше, дури и повеќе вака, не зошто ја сакам повеќе Барса, туку зошто таа има драстично поголеми шанси да освои. А што, да ми останеа двата тима без ЛШ? Нееее нејќам. Милан и онака и да стасаше тоа ќе беше до финале, а таму ќе го сретнеше најверојатно Реал (шансите за Баерн се доста помали) и стопати напишав дека немаше да земе ЛШ, јас сум песимист околу тоа и така ќе беше ама најболно. Затоа поарно нека си излезе уште сега, и нека се фокусира на лигата во Италија, зошто и покрај тоа што сметам дека е на Милан веќе, Јувентус им е зад петици. И не беше педерско судењето, првиот пенал постоеше, е вториот можеби не требаше да е пенал, ама ете беше, имаше влечење т.е. драпање на дрес и судијата реши да го казни тоа поригорозно. И покрај тие 2 моменти, Милан требаше да продолжи да се бори, а се предаде. Па тим од таа класа не треба да се откаже така, позадоволна ќе бев да играа ко што си играа до крај. И стварно мислам дека се што имав кажав околу ова, можеби не сум сфатена зошто сум во специфична ситуација кога омилените тимови се соочија во борба за полуфинале, ама фактот што ги сакам двата тима ми овозможи реално да гледам на ситуацијата (според мене). Да беше Реал-Милан можеби ќе бев на ваша страна само затоа што го мразам Реал, ќе зборев дека немало као демек пенали, тоа е страсно навивање, ама јас не можев да навивам страсно за само еден тим, ако веруваш скокав и на погодокот на пеналот на Меси (првиот), и урлав дома „Ночеринооооо“ на погодокот на Ночерино, зошто ме изненади. Потоа оставив на подобриот, што знаев кој е...и го поддржав.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.392
    Може Барса да освои се, како не, кога овде се судиите. И ќе освојат нормално, верувам, после ова синоќа јас сум и убедена дека Барса ќе ја зеде титулата, ама знаеш како?
    Со пенали!
    Инаку јас верував во Милан дека ако одеше понатаму можеше да ја земе титулата во ЛШ.
    И да игра против Реал.
    Затоа и не ти ја сфаќам логиката.
    Милан не е Апоел, јасно?!
    Доста со тоа потценување, не се само Барса и Реал најаки тимови.
    Ај ова да го збори фан на Барса, Реал ама и фан на Милан :x .
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ти Јуле не се молеше? Јас се молев! Ама ете се падна и поарно Милан-Реал да се паднеше него ли ваква најнезгодна ситуација. Едно е љубов кон клуб, друго е сила. Едно е заслепено навивање, друго е реалноста. Реков, да беше Милан-Реал ќе бев заслепен навивач кој најмногу ќе плукаше по судиите кои и немаа баш некоја грешка, ќе речев како што рече ти - педерско судење, ама вака не можам. Субјективноста кога се работи за Милан-Барса колку е во мене кон двата тима, толку и резултира со некоја објективност на натпреварот, јест да секој си има свое мислење ама јас си кажувам она што го видоа очиве. Се молев јас, се се само Милан-Барса не! А тоа не е дека ја сакам Барса повеќе или не знам ти што, туку дека сметам дека има поголеми шанси да освои ЛШ од она што имаше Милан. Па некаааа оди си реков Барса, Милан и така ќе ја земе лигата.

    Разликата меѓу нас е во тоа што ти мислиш дека Милан можеше да освои ЛШ, а јас покрај Барса и Реал овојпат за малку ама сепак не. Колку и да го сакам Милан, стварно мислам дека не може да ги прејде сезонава. Нијанса е во прашање, ама често знае да е одлучувачка таа нијанса.
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И пак коментар како претходните пред да започне двомечот:Ке ја победи Барса Милан.Толку беа сигурни што ке ја ставеа и куката на коцка.И за чудо така испадна нели?
    Сега пак коментари дека Барса можел да го победи Реал...пак сте сигурно во тоа.Зошто?Се знае,овде се судиите.
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јуле да додадам, и не само Јипмен и другарите негови како што прочитав, сите миланези што ги знам кога се дозна дека ќе биде Милан-Барса беа попарени. Сите викаа „во Милано и некако може ќе се извадиме со нерешено ќе бидам среќен/на или евентуално 1 гол да даеме, ама во Барселона има да не растурат“. Дека викаш само јас сум била песимист околу пласманот на Милан понатаму, и само ја сум мислела дека Барса има поголеми шанси.

    Пеликуна ти како фан на Јунајтед а само симпатизер на Реал за кој ќе бидеш, за Барселона или за Челзи? Или не знаеш за кој попрво да не бидеш? Јас кога играа Интер-Марсеј бев за Марсеј и покрај тоа што Интер е италијански клуб, ти нема да навиваш за Челзи ваљда само зошто игра против Барса и зошто е англиски клуб? Или?
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Челзи ќе ве тепа ;) .
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.392
    Се молев за полесно да помине, нормално.
    Но каде виде ти заслепено навивање? Во овој случај сум објективна, бидејќи Милан се носеше сосема добро со Барса некни. Преценетата Барса и Меси неможеа да стигнат до голот. Тоа не ме заслепи туку ми даде верба дека Милан се толку добри што можат да ја совлада Барса.
    Воопшто не се фаќам за судиите и судењето. Ти зборуваш дека си објективна и коментираш врз она што си го видела. А што виде? Зарем не виде 7 жолти за Милан, еден подарен пенал? И тоа е фер, тоа се коментира од заслепеност?
    Никогаш не сум ги бранела доколку се биле дрва.
    А и овие твоиве прогнози и логики не држат место оти ова е ЛШ и се е можно. Може Реал ќе биде елиминиран од Баерн, можно е и Барса да испаде од Челзи, да не стигне ни до финале. А така нешто и ќе биде, или ќе дојде до финале ама нема да зема титула. Ако е така како што велиш ти тогаш зошто да се игра полуфинале, ајде одма финале.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Па Јуле ако гледаме така секаде е се можно (освен во местените натпревари), топката е тркалезна, јас зборував само чии шанси се поголеми (според мене, секогаш само според мене) во Милан-Барса, пак ќе кажам и во Барса-Челзи поголеми се шансите на каталонците, а во Реал-Баерн на Реал еве си кажувам и за нив, нема што тука. Да видиме баш дали ќе се случат неочекувани работи, кои не се случија досега по мое...
    А Барса и Реал се веќе рандом муабет, може се форсирани (не само Барса како што пишуваат мадристите), може ова е само театар со веќе одредено сценарио финалето да биде Ел Класико? Имам пишано дека ждрепките не ми изгледаа баш случајни, и Смајли колку што памтам пиша дека е можно и тоа.

    Многу добро и сликовито објаснување на ситуацијата:
    Jedan od navijača Barcelone potrudio se da odradi ovu sliku/gif. Na njoj se nalaze situacije koje su se desile pred drugi penal. Jasno se vidi da je prije nego što je lopta bila u polju: Nesta faulirao Busquetsa, Boateng faulirao Fabregasa. To je razlog zbog kojeg su igrači Milana protestovali - priznaju da je postojao faul, ali tada lopta još nije bila u igri, dakle ne može postojati osnova za penal. Tačno. No, jasno se vidi poslije da kada je lopta već u polju: Nesta nastavlja da faulira Busquetsa (vuče dres), pa tek nakon toga Puyol povlači Nestu, dok u isto vrijeme Mexes vrši prekršaj nad Piqueom. Dakle, sve je jasno kao dan - faul se JESTE desio dok je lopta bila u polju. Penal!

    Значи секоја сцена треба да се изгледа до крај, а не до моментот до кога што нам ни одговара. Едноставно нема простор за бунење. И да завршиме на темава, секој со свое мислење, следат нови натпревари уште за некои саат време кои треба да се коментираат :)
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.392
    Кој е тој „експерт“ што одлично ја доловил ситуацијата која крена прашина? |(

    Во ред е Плавуша, муабетов нема крај. Тоа е тоа.
    Јас би престанала овде.
    На крај, твојата шема за навивање да не биде за џабе. Мислам, Милан ќе земе титула во Калчото. Ама Барса бе Плавушке? Надевајте се на титулата во ЛШ, ама знаеш кога тогаш сите пенали и судиски помагања ќе дојдат на наплата. Ова ќе му дојде, кој последен се смее, најслатко се смее, а Барса ќе плаче :lol: .
     
    На BlackSwan5 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    „На деталните снимки може да се види дека и двата пенала се праведно досудени. Кога го држите противничкиот играч за дресот во казнениот простор, тоа е пенал. Тоа го учиме како деца“.

    „Доколу господата Ибрахимовиќ и Мурињо сметаат дека не заслуживме победа или дека победуваме поради судиите, ќе им речам само дека пет пати по ред играме во полуфинале на ЛШ, и тоа ништо ли не значи?“- изјави Пеп Гвардиола.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Тоа е муабетот Јуле, Милан си има титула од лигата, затоа не им се секирам јас, а Барса лига тешко, куп да (што не е голема причина за фалење и славење), затоа нека оди по титула од ЛШ. Само тоа ми е муабетот, не бива другиот тим да ми остане со празни раце (мислам на лига и ЛШ, купот ќе го земат) :lol:
    Да знаев дека Барса би ја зела Ла Лига? Оооооооооооооооооооооооо и те како ќе навивав со сите сили од петни жили за Милан...ама што да се праи.
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    :wasntme: :D Ајмоооо Челзииии одиме во полуфинале :muscle: :party: . Одиме на Барселонаа ]:)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Па добро де јас кажав дека се Барса појаки

    ама ја се надевав дека ќе испаднат Милан на чесен начин , не дека ќе им досудат 2 пенали одкако на Барса не им тргна работата


    И не ми е јасна Плавуша , си навивала за Милан ама драго ти е Барса што идат и твоите аргументи се сите против Милан , сеа тамо сите фанови зборат немало пенал , погрешно било сеа дали грешка случајна или намерна не се знае и никад нема да се дознае, и сеа сите викаат едно ти НЕ вака било ... од кога стана експерт за фудбал ти жити се....


    Леле аман веќе цело време треба некој да убедувам тука , нема крај ова бе

    [​IMG]
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Епа ако си признал дека Барса се појаки, како викаат „нека победи подобриот“ е така и јас викав. И не сум никаков експерт, само си имам свое гледиште и си го пишав. Нормално, не може да е исто моето гледиште што сум фан и на Милан и на Барса, со гледиштето на некој што е фан само на Милан. И нема убедување, бидна што бидна, колку беше така или не беше веќе не е ни важно и онака нема да се сложат никогаш сите околу 1 иста работа.

    Инаку јас ја гледам Челзи-Бенфика и добри се гостиве, напаѓаат, ама џабе бе...треба чудо да се деси да продолжат :D
     
  18. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Jуле,јас видов еден :wasntme: Не, не озбилно.Росонерот од класот.Детето е страсен навивач на Милан,го следеше мечот на Барса-Милан на Сан Сиро,оној што заврши 3-2,е таму плукаше по судиите.
    Ама за ова вчера ништо не зуцна,така си го прифати поразот.(можеби не мислеше на вакава ситуација,ама јас морам да се изјаснам дека дел од Миланезите,поштено си го признаа поразот. :wasntme: )
    А и мадристите од класот не се бунеа на суиите,јас миселв дека ќе ме фатат за гуша,дека пак со судии сме се влечела ама овие дури го зафркаваа миланезот дека се елиминирани од ЛШ. :wasntme:
    Не типична ситуација за нив..

    Тоа е тоа ,пеналот,според многу е чист,според уште повеќе подарок за Барса..јас си се изјаснив за тоа,и си стојам на мојот став.Жал ми е што баш мојата Барса го изфрли Милан од ЛШ..ама :|

    Челзи..овде се молам да не се повтори ланското сценарио,зошто тогаш ќе ми биде срам да се појавам на темата.Сакам поштено да ги добиеме. :)
     
    На TennisBabe и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Каков гол на Рикардо Кака. Браво! 2:0 за Реал
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Ги мразам. :rock: