Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ајде бе, не е хумано ова 4:1. Пенал за Апоел. 4:2 Касилас не се ни потруди околу пеналот, така треба.
    Едит: 5:2
    Едит: Сега во полуфинале ќе играат Барса-Челзи и Реал-Баерн, така?
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    E богами не е хумано :D Убава уткамица на Бернабе.
    Да, да Старбакс,вие со Баерн, ние со Челзи.
    убави голови на Кака,Роналдо..а особено на Анхелито :) Кој веруваше дека Апоел ќе постигне гол на Бернабе?..убава акција која заврши со гол.Само овој пеналот за Апоел,леле па тоа како се изнасема коментаторот,а и како тоа е суден пенал кога немаше жолт :^) Можеби не беше за пенал,али да се порадува Апоел.А и тој што го шутираше пеналот потоа што промачи,човече!
    Аутсајдерите би требало да играат многу похрабро во дуели со фаворити,така имаат многу поголеми шанси.
    Ете пример Апоел,второ полувреме играше малку похрабро,и оп гол.
    Мене најинтересна ситуација ми беше кога оној од Апоел ги загуби 2 предни заби..можеби не фер од моја страна,ама ме фати смеа :wasntme:
    Коментар на натпреварот..'и при такво невреме (играчот) се лизна',и тоа 2-3 пати повтори овој лудиот коментатор :rofl:
    Честитки победа Мадристи ;)

    Челзи,малку гледав,ама од тоа што го видов,а и коментарите што ги читкам..Вие со Барса,ноу ноу!
    Сонот на Абрамович,изгледа засекогаш сон ќе му остане :rofl:
     
  3. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Им посакувам многу среќа на Челзи ! и да се надеваме дека судењето ќе биде рамномерно , иако тешко е да се поверува, останува да се надеваме до Среда ! :)

    Очекувано добра игра на Реал Мадрид!
    Како само сум се израдувала за голот на Кака, прекрасен .. Покажа и докажа дека вреди, иако му требаше време , битно стави дознаење дека не е за џабе еден од најдобрите фудбалери во светот !

    И уште ова :)
    Не ми се верува што се случува со Пато, прмногу жално за таков млад фудбалер.. голем талент е но повредите го испустија :|
    http://www.acmilan-mk.com/milan/vesti/4 ... ta-za-pato
    http://24fudbal.com.mk/vesti/2743/pato- ... ta-povreda
     
  4. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Абе аманте ! Доста тупите со тоа пеналите
    првиот пенал си беше чист ! шо требаше да го отепаат за да досуди судијата пенал?
    а вториот.. имаше тргање за дрес и да, ако беше само пред да се изведе, тогаш не би требало да се досуди пенал а влечењетo продолжи.. така да пеналите си беа во ред, ма да и да не беше вториот пенал пак ќе беше се океј...
    За Челзи знаев дека ќе победи само се надевам дека нема да си играат со прскалките пред утакмицата со Барса како шо направи Милан на предходната ;)
    Барса :inlove:
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не е веќе интересно се’ едно исто да го читаме за Барса, без разлика дали е во позитивна или негативна смисла.
     
    На BlackSwan5 и vendiii им се допаѓа ова.
  6. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    На друг форум беше пишано, Господ да му е на помош на Челзи против Барселона, а на Барселона...УЕФА :lol: :lol:
    Мојот тим победи, Челзи одите во 1/2, се надевам дека пружат многу подобра игра против Барса, и се надевам дека нема да има судиски грешки кои ќе го решат натпреватор, зборувам за ДВЕТЕ СТРАНИ :!:
     
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Totaly agree

    Затоа и ме нема од темава баш заради таа причина . Знам има фанови на Барселона и Реал и ок е да има препукувања ама реално досадно стана . И тоа без разлика дали е добро или лошо ДОСАДНО Е !
    Се надевам на квалитетни дискусии во продолжението на ЛШ . Има фан клубови (посебни страни ) за тимовите што ги подржувате . Јас темава ја подразбирам како место за дискусија и тоа квалитетна по можност . А овде рака на срце таква е ретка .
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Одлична утакмица.
    Головите на Кака,Роналдо и Анхел Ди Мариа ремек дело :clap: .Останав со подзината уста на сите тие погодоци.Играчишта невидени :bow: .Се виде дека Мурињо не ги форсираше многу,ама сепак Реал си е Реал.И Апоел парираше добро,морам да признаам.А и ако приметивте Касиљас малку како да не се ни потруди да го одбрани тој пенал (кој не беше баш пенал,ама ај нека се порадуваат малку).

    Значи Реал со Баерн во полуфинале.Според мене ќе биде тешко,ама ако одиграат најдобро што можат,со тие играчи што ги имаме мислам дека ќе биде се во ред.Јас сум кажала дека од Германија сум за Баерн и ја почитувам нивната игра (особено Бастијан Швајнштајгер го обожавам) ама жал ми е,за нив надеж нема.Реал оди во финале и тоа е :) .

    Го видов последниот т.е. вториот гол на Челзи,исто предобар.И секако дека ќе навивам за нив во полуфинале.Сепак најомилен клуб од Англија а и од онаа друга причина.Мора да им вратат на Барса за тоа пред некоја година.Не знам,колку шанси ќе имат.Земајќи го во предив факторот судење како пресуден на такви утакмици.Ама се надевам дека ќе ја запрат Фарселона,ако не во финале Реал ја победува.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Се изјаснив дека не го гледав мечот на Челзи,ама златен јутуб се ми појасни :)
    Два недосудени пенали за Бенфика,а и тој голoт од пенал,баш беше ''пенал''.Убав беше последниот гол во судското продолжение,а и убава слика од навивачите на сините :)

    Туку една интересна изјава на Марадона.
    По пресметката на Алијанц арената, каде што ќе се игра и завршниот меч од елитното натпреварување, Марадона изјавил дека за него нема дилеми околу тоа кој ќе ги одмери силите во големото финале.
    -Секој кој очекува шпанско финале се лаже, тоа нема да се случи. Зошто? Затоа што Баерн во полуфиналето ќе го елиминира Реал Мадрид. Јас сум убеден во тоа, рекол Марадона и покрај тоа „кралевите“ годинава се супериорни во најквалитетната клупска фудбалска конкуренција на Стариот континент.

    http://www.kurir.mk/sport/fudbal/66735-Maradona-Nema-da-ima-El-klasiko-vo-finaleto-na-LS

    :o Човек,не заебавај,не ми ги руши соништата за Ел Класико финале :| !!
    Баерн е јак тим,а оваа сезона едноставно се незапирливи.Ама јас си верувам во Ел Класико финале ;)
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На која дрога е па сега...А јас мислам дека доста беше од Ел Класико годинава.Предлагам да има финале Челзи-Реал.

    Ама друго е што замислил Платини,тој сака по секоја цена Барса да е во финале.

    За синокешната победа на Реал.Браво,еве ти поштена победа.А за судењето мегу Челзи и Бенфика се судеше така за да се отргне вниманието од судењето со Барса и Милан.
     
    На BlackSwan5, BoaVista и starbucks им се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ^ Е ако биде финале Челзи - Реал, ќе ми фрлате камења овде ко по Плавуша, не фала, нејќум! :!: :rofl:
    Сакам Челзи да ги помине Барселона, искрено ако тоа се случи Абрамович може тоа да го спореди со титула и во Премиер Лигата и како да биле шампиони во Лигава, и победа против судии, сами против невремето ќе бидат. :D
    Али да не се лажеме, ако беше Челзи оној каков што Мурињо го водеше, со Креспо, Робен, Гудјонсен и компанија, не им бегаше победа против Барса, вака видно ослабната - не верујем. Ди Матео алал нека му е на човекот. 9та средба и еден пораз и тоа несреќен од Сити, ги тепаа во последни 10 минути. Значи и те како има битна улога тренерот, со исти играчи а каде-каде подобри резултати.

    Реал - Баерн, ужасно тежок натпревар. Не сум самоуверена со Германциве, зошто се големи инати и се премногу насилни, и многу ми се антипатични воопшто како фудбал што го играат. Баерн се доста ефикасни во Германско, нешто како Реал, само Реал ја стигна и 100ката. :wasntme:
    Али мислам дека Реал ќе биде тој што иде во финале, со тешкотии или не, ќе оди.
     
    На Anabelle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Значи овие Барселона више не ги можам. Страшно се разочарав што Милан не продолжи. Сега сакам Челзи да ги помине Барса(иако за тоа може само да се надеваме бидејки реално Челзи иако се враќаат во форма сеуште не се она што беа) од чиста причина што играта на Барселона повеќе не ја сметам за фудбал.
    Ми се смачи од муабетите како Меси бил најдобар фудбалер, најдобар голгетер бла,бла, голови ова-она. Па ќе биде најдобар кога дечкото е метар и желба за растење, како може некој да му ја земе топката а он да не почне да се тркала по терен чим го допрат. Затоа скоро никој играч несека да влезе во дуел со него, бидејки по дифолт тоа е фаул, а недај боже во шестнаесетник, одма пенали и картони се лепат! Само да го допрат, тој како топченце ќе се испотркала по терен и навидум изгледа како да сакаат крвнички да го ликвидираат на сред терен.
    Се надевам со оваа прилика Челзи ќе им наплати за онoј скандалот од 2009та(разбирам грешки на судија ама тоа што се случуваше тогаш се забележуваше и од авион) и ако ништо друго барем да излезе како морален победник со крената глава затоа што ако некој заслужува финале, тоа дефинитивно не е Барселона. Можеби ни Челзи сезонава не се покажа најдобро, и можеби на среќа стигна до каде што стигна, но сепак заслужуваат повеќе од Барса.
     
    На SunFlower94, BlackSwan5 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
     

    Прикачени фајлови:

    На JuLleE и Anabelle им се допаѓа ова.
  14. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    http://www.sportski.mk/statija/10852?fb ... 7667093821

    Срамота :puke:
    Искрено како навивач на Челзи се плашам да не се повтори истата приказна бидејќи помагањето од судиите оди рака под рака со Барселона..
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Дојде време Барса да не може да ја победи Зарагоза без пенал и црвен картон :tmi:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Чекам да се јават оние кои цело време збореа за рацете на Рамос и Игуаин.

    Што ќе кажете за вашите ракометари Кеита и Педро а? Ејјј Сарагоса да не можете без судии да ја победите,што е на долниот дел од табелата :x .Да не збориме за појаките тимови.Требаше досега Реал +20 да биде пред вас а не 6 бода.
    И ова да ти била семоќната Барселона.Ајде во ЛШ,ама и во Ла Лига така да се влечка.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Веќе не можам да ги гледам, ни да коментирам за нив. Очајни се. И одвратни.
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Свон,ти немаш појма што зборуваш -.- имаш комплекси од Барса...Како ти така за најдобриот клуб? :wasntme: Прво научи за фудбал па потоа зборувај |(
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Што се случи со Милан денеска бе? :worried: 1-2 а? Местена не беше да се разбереме, кога се ближи крајот никој не е будала свесно да изгуби имајќи го конкурентскиот тим на само 2 бода зад петици. Ништо страшно, ништо потресително емотивно, има уште утакмици до крај, еее ако ги победат сите Скудетото е наше. Сето ова е поради напорите со Барса, уморни се сите. Замброта, Бонера? Хммм... не би рекла. Како ги примија тие 2 гола, за умор и деконцентрација се работи, иначе не би дошло време Милан од Фиорентина да изгуби.
     
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    И мене ме изненади Милан. Несреќен пораз, тоа е.
    Инаку нашиот Пандев даде гол против неговиот поранешен тим. 1:1 е моментално резултатот.
    Едит: 2:1 Губе Наполи :(