Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Леле леле леле,јас кога кажував дека ова е пенал,ма прашаа дали знам за што се суди пенал?!
    -Кога имало влечење кога играта била активна,а во случајот тоа не било пенал...(тоа беше одговорот на тоа кога се судело пенал)
    [​IMG]
    Е, ја гледате сликата :^) Она во црвено што е заокружено,го гледате? Де кажете дека не ме лажат очите,дали тоа играта е активна,што би значело пенал?Така ќе да е..
    Еве убаво си објаснил човекот ;)
    Ќе признаете ли веќе еднаш бе луѓе... :|

    Да,да кога јас зборував за 1 пенал,ме нападнаа на темата кај при такво чисто судење сум нашла пенал..
    Никој од вас не прокоментира за 2та,евентуално 1 недосуден пенал!(јас си стојам дека она на Санчез не е пенал,ама...)

    А дали пишувал каталонец,па зар е важно..кога сите знаеме дека е вистината кажана.Е сега на кој не му одговара.. :sweat:

    за +4..у наредна прилика! :wasntme:
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не признаваме.
    Таков смешен пенал да се суди во четврт-финале од Лига на Шампиони е срамно.Па дури и топката да била малку во воздух,односно да било секунда после шутирањето.Судијата требаше да отиде таму и да ја среди ситуацијата.Сте гледале во конкретно Ла Лига кога ќе се збуткаат пред гол,судијата оди и ги смирува.Дава жолт картон на некој што бил преагресивен и се изведува одново корнерот или во некои случаи слободниот удар.
    Никогаш,ама баш никогаш не сум видела да се даде пенал да се шутира поради такво нешто.Ако имало такви случаи запознајте ме.Едино ако тој што го изведува корнерот му ја подаде веќе топката,во овој случај на Пујол а овие го избуткаат и го држат за дрес пред да шутне кон голот или да асистира.Е тогаш може да се суди пенал,вака не.

    Не знам вие каталончињата со вакви слики изгледа сами се убедувате дека требало да се суди пенал.
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мадристите се секогаш тука да зборат како ако некој е фан на Барса и уште еден тим, бил под дифолт поголем фан на Барса |( да не случајно е до вечната дискусија Реал-Барса која е стопати поголема од Интер-Милан, Челзи-Јунајтед и сл.? До тоа ќе да е.

    Инаку Пеликуна гледам на Хај и замеруваш, а ти кај си да искоментираш за Јунајтед со векови? Јас и кога се коментираше овде за друго се убацив за Милан-Фиорентина да пишам, да си кажам што имам па не мора да поттикне дискусија. Додека кај тебе сите твои постови во последно се само за Реал, ко Јунајтед да престана да постои или тоа ќе го коментираш само кога ќе бидат 1 на табела како што се Реал, така? Мислам дај, јас Јунајтед не ги гледам а порано им бев голем фан ама ете прекинав да следам англиско, ама секогаш уклучувам резултати да видам што напраиле. А ти Реал, па Реал а ми имаш кажано дека си само поддржувач |( и не знам кој е поголем фан на шпански тим, отколку на другиот за кој навива.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Хаха и да не сум навивач на Реал ќе ја мразам Барселона,кажав зошто претходно.Не,не го искористувам моментот што навивачите на Милан ги напаѓаат каталонците.
    Туку вие кога немате веќе аргументи за нешто,одма почнувате со некои трети работи.Кој,кога и зошто пишувал на темата.Секој си има право да пишува кога и за кого сака.Ако на некого не му се чита,не мора.

    Конкретно за Пеликуна,можеби не и се коментира БАШ после секој натпревар на Јунајтед.Не мора да значи ако не пише на темата Глори,глори Ман Јунајтед или нешто друго не е повеќе навивач.Божее,јас тие статус навивачи не ги разбирам.Сега да не испадне дека и глумам потпарол,само мое мислење.
     
  5. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    ар ју факинг кидинг ми? :^)
    јес ју ар факинг кидинг ми! :devil:

    ми се кренаја сафрите кога ја уклучив статијава и ја видов сликата „Иван Тричковски потпиша за Барса“
    и после ко го прочитав текстот ми стана се јасно :@ :D
    и реков чекај бе застани вака изгледа официјалнана страна на Барса...
    барав по гоогле ниедна ваква информација немат
    барам во новости на страната од Барса неможев ова да го најдам и изгледа е заебанција...
    аманн вејќе! |(

    http://thacasper.blogspot.com/2012/03/b ... .html#more
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Можеби за Барселона Б, кај што игра и Бабунски :)
     
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    BlekSwan

    Мојот став го кажав тоа што го постирав не значи дека се сложувам со се напишаното или пак дека сум фан на Барселона т.е заземам страна :^) .
    Да според мене имаше пенал , такви се правилата , факт е дека ме разочара фактот што го добија Милан на ваков начин самиот збор пенал за пласман во полуфинале а играш со италијански гигант разочарува . Никој не им е крив што се изгубија росонерите што не успеаа да дадат гол дома , што дозволија пораз.

    Да Реал Мадрид е голем клуб никој не го спори тоа . Клуб кој вреди половина милијарда , клуб кој во своите редови ги има светски познатите имиња како Кристијано Роналдо , Кака , Алонсо , Икер К. и остала компанија . Тим кој за стратег кормилар го има еден од најдобрите ( за многумина најдобар ) Жозе Мурињо . Но и покрај тоа , Барселона продолжува да ги дроби во меѓусебните дуели . Барса продолжува да собира титули и да доминира како на шпанско така и на европско ниво . Барселона има квалитет , и помош од судии .
    Но и Манчестер има , и Челзи има , и Сити има и нема кој нема ! Нема тим што не добил судиска помош па колку сакате одрекувајте .
    Реал Мадрид секогаш е во стилот Калимеро нема правда , а која правда ја барате кога ви ги дадоа 5 гола ? ! ? Или и тоа беше судиска местенка ? |(
    Дека не сакам поединци од Реал не спорам , дека Барселона згрешила на Челзи згрешила . Глумат играчите , користат ситуации ама им се дозволува нели ?
    Дали сега Барселона ви е крива што Барселона дојде на -4 ? ! Дали е недостиг на квалитет или Барса праќа судии на ваши утакмици , или ви прават магии да не успеете ? !

    Барселона Е ПОДОБРА ОД РЕАЛ ! Иако и кај нив има пад во формата , се нијанса послаби од лани. Лично мене никаква улога не ми игра кој ќе биде шампион но за доброто на шпанскиот фудбал искрено се надевам дека ќе успеете конечно да ја земете титулата . Исто како што сум гладна за одмазда да ја победиме Барселона , и на натпреварот им посакувам дебакал кој рака на срце е тешко остварлив . Свесна сум дека со моменталниот тим на Челзи ќе биде невозможна мисија .

    Ако се прашувам јас ... Да повеќе ја ценам Барселона како клуб за начинот на кој играат , за играта што ја пласираат она играњето не глумењето :!: за тоа зборувам . И Меси го сакам повеќе од Роналдо за едно 58566544 пати . Но од друга страна не можам да ја сфатам омразата на Реаловите навивачи за Барселона ? Ок е ви земаат титули но во конкретниов случај не сте вие лично засегнати . Добив впечаток дека сте погневни и од росонерите . Сакате да ја допрете Фарселона ?! Добијте ја ! Победете ја ! Ако ние не успееме успејте вие .
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Муабетот почнува по 59876 пат.

    Вака,нормално дека поради тоа што Барселона се најголеми ривали на Реал,ќе ги мразам.Но додаток плус затоа што не ги поднесувам е она што го пишува во текстот што го постирав.Значи факт е дека Барселона имаше голема помош последните неколку години за да продолжи понатаму во ЛШ и тоа не може да се оспори.Случајност или мала судиска помош која секој клуб ја има,е да речеме еднаш да се случи,ама ова беше во повеќе утакмици.Не може да е случајност.Не можеш да кажеш дека се случајност и сосема небитни тие судиски одлуки.Кога тие директно влијаат врз тоа кој ќе ја освои титулата,судиите едноставно не смеат да си дозволат такви ситуации.Она со Челзи беше срамно,со Арсенал исто така сеуште невидено исклучување.Сега морам ли пак да ги повторувам ситуациите поради кој сум гневна на начинот на кој се истурка Барселона до финале или полуфинале.
    Некој клуб ќе се труди да победува и ќе игра чесно а од друга страна друг ќе собира титули на тој начин.Е богами нема правда.Тоа според мене не е фудбал,тоа ти е да не знаеш дали да плачеш или да се смееш.Барем јас бев таква кога го гледав дуелот со Милан.И сега сите велите дека росоњерите и без тие пенали на Барселона би изгубиле. Дали? Можеби да го немаше вториот пенал Ибра ќе се доближеше до голот на Валдез и ќе дадеше гол.Можеби Робињо ќе дадеше уште еден и Барселона ќе си отидеше поразена.Па не беше мајке му 7-0 за Барселона.Се беше отворено.Но за жал ни останува само да размислуваме што би било,кога би било затоа што вториот пенал го реши натпреварот.Ова го зборувам како неутрален и објективен гледач,занемарувајќи го фактот што сум навивач на Реал.

    Знам дека сега навивачите на Барселона мислат дека го искористувам моментот за уште толку повеќе да ја напаѓам Барса.Ама ме нервира неправедност и такви педерски победи и као после ние сме шампиони,ние сме најдобри...
    Никој не го оспорува фактот дека Барселона е одличен клуб,со одлични играчи (ислучок на глумците кои глумат подобро од Леонардо Ди Каприо,мислам дека сите знаеме кои се).Но зошто богати таков клуб не може да победи еднаш барем на неконтраверзен начин во ЛШ.Нешто има,штом за секое нивно влегување во полуфинале има дискутабилни ситуации.

    За она дека доминирала Барселона во шпанско,и европско ама баш воопшто не би се согласила.Можеби онаа сезона доминираше и бевме позади нив добри 6-7 бода во лигата но оваа сезона случајот е обратен.Реал е тој што доминира и беше еден период на +10 бода пред клубот кој губеше од Гетафе,Осасуна и слични..А не знам зошто се споменува прашањето дали Барселона е крива што дојдовме на +4? Нормално дека не ни е крива,но не може еден клуб цела сезона да играе без пораз.Реал тоа скоро и го направи,ама се случуваат тешки натпревари (кој на нас ни се погодија баш во завршниот дел од сезоната) и нормано дека ќе се губат бодови.Јас не очекував на +10 да останеме до крајот.Туку сега вистинското прашање е како клуб како Барселона си дозволи да им се одалечиме 10 бодови,во некои случаи и 13.Тоа за мене е срамно и на крај да се вика дека тие доминирале,нема никаква врска.

    Меѓусебните дуели се сосема трета работа.Да,Барселона се покажа како подобра во Ел Класико и тоа не го одрекувам.Но не се тие дуели пресудни за да се одлучи кој клуб е подобар,не зависи титулата од тие дуели.И упорно ги спомнувате оние 5-0.Не,тогаш никој не ни беше крив,дупки беме и крај.10 голови заслужуваа да ни дадат.Но не знам зошто е битен сега дуел кој се случил во поланската година,било и поминало.

    А се надевам дека ќе ја победиме Барселона,затоа што факт е дека оваа сезона се дупки невидени.Толку.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Да нарекуваш тим кој го поразил твојот тим на дуел 3-1, па нерешено, па ќе видиме за некое време во лигата што ќе биде пак дали Реал пак ќе остане без победа врз Барселона сезонава, тим кој е фаворит да освои ЛШ, кој ако се сретне со Реал во финалето истотака ќе видиме дали веќе познатата ситуација ќе се повтори по не знам кој пат веќе нема смисла? Тим кој експерти го нарекуваат најдобриот тим во светот? Не викам дека некој не го рекол истото за Реал, ама повеќето за Барса го рекле тоа. Стварно, немам ништо лично ниту лоша намера, ама многу потценувате тим кој ве дроби на Ел Класико, јас Реал не го потценувам, вие Барса викате дупки била сезонава. Да Барса дозволи 10 испод нуле напољу, ама успеа и да ги намали на 4. Да мали се шансите за титула во Ла Лига, ама постојат.

    Ех, јас викав и уште викам дека Милан ќе земе Серие А, ама гледаш како Јувентус на 4 бода зад петици исто како што е Барса моментално зад Реал, ни ги поматува плановите? Се е можно.

    Барса не е Миравци мајкуму.

    Не пишав за да поттикнам дискусија овие работи се зборени и зборени и никогаш нема да се сложиме па и 1000 мислења да оставиме на темава околу тоа. Пишав само зошто ми падна глупо зошто ич не е така.

    ==All Time Head-to-head results==

    '''Real Madrid wins''' '''90'''
    '''Draws''' '''55'''
    '''FC Barcelona wins''' '''104'''
    '''Real Madrid goals''' '''404'''
    '''FC Barcelona goals''''''432'''
    '''Total matches''' '''249'''

    Па добро се на се 14 натпревари и не е мала разлика.
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Плавуша,ич да не ти е гајле..Ама изгледа ти не читаш се што е пишано овде.
    Значи секогаш кога отварам тема за Јунајтед ке се најде некој кој ке каже имале помош од судии.ЕПА ОД ТАКВИ КОМЕНТАРИ ДА МУ СЕ ЗГАДИ НА ЧОВЕК.ПРОКОМЕНТИРАВ ДЕКА НИКОЈ НЕ Е КРИВ ЗА КИКСОВИТЕ на Сити туку самите тие и дека Јунајтед одржува предност само заради помошта.Кога газеа Јунајтед никој немаше и кога и да победуваа прокоментирав:Зар никој не зборува за победата на Јунајтед?Не ме терај да ги постирам тие коментари.Ама немаше ни трага ни глас.Аман прочитај а не само да се кажало нешто :fubar: :fubar: :fubar:И веднаш се заврте тема Е баш пред некој ден комнентирав за тоа со Смајли на темата ама изгледа сите го скролале тоа па затоа кревам раце.
    Прелистај неколку страни поназад и ке видеш за што зборувам...
    Ама и јас воопшто не знам зошто објаснуавм на девојка која повеке сакаше да помине Барселона иодколку Милан а се прави фан на Милан...Колку толку ке го подржуваш тимот наместо да велиш знам дека Барселона ке помине,свашта.

    Па ке одам против Хај кога за време на дво мечот во лш еднаш не напиша коментар од нејзино видуавње а кога киксна Реал прва нарипа.
    Јас ги подржувам Реал,признавам.Ама никогаш ама баш никогаш не би рекла доколку Јунајтед игра против Реал дека Реал се појаки зошто јхас верувам во тимот и би се надевала дека ке помине без разлика кој е моментално посилен.Не навивам за Реал како што навивам за Јунајтед, и енмој ти мене тие банални мислења кој на кој бил поголем подржувач зошто самата ти се покажа кој повеке подржуваш.

    И пак се појавува вечната тема Барселона Реал...мене не ми е досадно искрено бидејки ми се интересни да ги читам Каталончињата како се радуваат.Не за друго,нема шанси да се радуваат на титула па мора на кикс.

    И од мене толку на темава...Јас искрено се разочарав од некои мислења,ама ако.терајте како сте почнале.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оуууу тебе ти сметаат коментарите за помош од судии од некој тука што ќе ти пише, а како ние фановите на Барса можеме и даље да пишуваме и покрај цела група мадристи со истата реченица, а? Ај молим те |( ме изиритира, па морав ама морав да ти се обратам еј, пукната си по Реал не викам дека по Јунајтед не си ама виде-не виде дека Ел Класико е топ тема овде па се вклучи и ти и прекина да пишуваш за Јунајтед.

    Абе јас пак ќе ти повторам, за утакмиците што ги гледам на Милан сама си доаѓам и си пишувам ти не. Тоа е, Реал се први на табела па затоа.
    А за тоа Барса-Милан ја се имав многу убаво изјаснето зошто и од кои причини ќе бидам за Барса да продолжи. Може требаше така, може не, а и не бев само ја, туку само ја бев на форумот со таа логика. Немај гајле ти за тоа, туку еден совет наместо да го гледаш Реал и да навиваш толку страсно, ѕирни малку што прават Јунајтед, даваат на нет знаеш онлајн можеш да гледаш.

    И ај кажав што имав, ти ако имаш уште нешто пишувај си, ќе прочитам.
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Пак на почеток,пролистај два три пати или да ги постирам мислењата мои за Јунајтед?

    Сметаат мислењата за помош од судии бидејки не ја гледаат реалноста ама ајде пак ке пофторам.

    Јунајтед одржувал предност со судии...

    Оттука реплицирав:Кој им е крив на Сити што не знаеше Манчини да ротира,кој му е крив што го чува Балотели?Кој му е крив што игра преморени играчи и не може да земе од златните резерви?Кој?Повторно Јунајтед?
    Не бре девојче.Изгледа никој па ни ти не го прочитал тоа мегу мене и Смајли.

    Претходно напишав коментар за Јунајтед пак...никој не реплицираше ама баш никој.
    Читај,отвори ги очињата па пак пишувај.
    Доколку на темата е за Барса и Реал нормално дека ке реплицирам зошто не можам постојано да вртам муабети и да биде каша попара на темата.
    Пред некој ден прокоментирав и за Челзи,ама изгледа и тоа не си го видела...
    А тоа што изјасни дека си била за Барса покажува дека не си толку голем фан на Милан како што велиш ама ај на мене зборуваш...
    Каков фан.

    Толку од мене.
    Чао.
    не планирам повеке да реплицирам.
     
    На BlackSwan5 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Туку не бил само Пепе животно м :wasntme:

    Branislavu Ivanoviću tri utakmice suspenzije zbog "boksanja"

    Odbrambeni nogometaš Chelseaja, Branislav Ivanović, suspendiran je na tri utakmice od strane nogometnog saveza Engleske (FA) zbog udaranja Shauna Maloneyja za vrijeme premierligaške utakmice.

    Podsjetimo, Ivanović je u utakmici 32. kola Premiershipa u sudačkoj nadoknadi šakom opalio Wiganovog veznjaka Shauna Maloneyja u bubreg neposredno prije nego li je Juan Mata zabio pobjednički gol, a sudac Mike Jones takav čin nije sankcionirao.

    FA je u utorak donio odluku da je tim potezom srbijanski reprezentativac prevršio svaku mjeru, te ga suspendirao na iduće tri utakmice. Ivanović će tako propustiti premierligaške utakmice protiv Newcastlea (kući) i Arsenal (gosti), te polufinale FA Cupa na Wembleyju protiv Tottenhama.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ^^
    Барем удира по противничките факт е дека ова не му требаше . Мора да се работи за провокација ама пак викам знае кај да удри за разлика од ....

    Видео: Кај Пепе нема мои-твои, мава по сите


    Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе е познат по своите испади на тренот и неретко ги ’клоца’ противничките играчи, во синоќа по грешка удри и на своите.
    Откако беше фаулиран од фудбалерот на Валенсија, Пабло Пјати, додека лежеше на тревата, мислејќи дека токму Аргентинецот доаѓа да му се извини и да го крене од тревникот, Пепе без да погледне почна да удира по нозете на фудбалерот до него, кој за негова несреќа, беше неговиот соиграч Арбелоа кој дојде да му помогне да стане.
    Со оглед на репутацијата што ја има Пепе во светскиот фудбал, ова видео е веќе голем хит на интернет. Погледнете!

    http://www.youtube.com/watch?v=FiuyuWEC ... r_embedded

    Веќе е хит :D :wasntme: За прва пат во животот ќе се согласам со некој од Манчестер Јунајтед цитирам Пепе е идиот !!! бај Руни :rofl:

    Што се однесува на генерално цела дискусија

    И натпреварот трае 90 минути , сезоната нема 5 утакмици . Секоја грешка скапо се плаќа . На крајот во било кое натпреварување битен е крајниот резултат и ништо друго . Кој заслужил е друга приказна, кој е поквалитетн ќе издржи . А за клуб кој претендира да биде шампион во Шпанија , или ЛШ да освои нема места за умор , неконцентрираност или тежок натпревар како оправдување !
    На крајот ќе видиме кој е поквалитетн а тој ќе биде тој што ќе ја земе титулата. Впрочем зарем на крајот не се вели шампион е ... не се вели овој доминираше ама закочи на крај на сеозна , и овие ја лапнаа титулата . Ако некој е крив што Барса ви е зад петици не ќе да е кривецот во Барселона . Како што јас не плукам по Сити да поквалитетни се , и заслужуваат да освојат и се надевам на чудо . Од друга страна не заслужуваме ни ЛШ . И нема да играме најверојатно за тоа не ми е крив Арсенал , ни Сити ни Јунајтед . Криви ми се тренерите , играчите ,и Абрамович во одредена мера .
     
    На Smilly и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Знам дека не е во ред од моја страна,ама се пресмеав кога Пепе го удри Арбелоа мислејќи дека е играч на Валенсија :D .Не беше во ред ама ептен смешно изгледаше.Дури и коментаторот се поднасмеа.

    Абе точно е дека Пепе е малку агресивен играч ама многу си го сака клубот и тоа е за почит.Се бори лавовски,ако не бива регуларно да запре некој играч удира на тепање и клоци :D .Сега не е баш во ред ама каков е таков е,наш си е.А како што кажа еден водител на една емисија без Пепе нема да е интересно.И ајде признајте си,мавате сеир кога ќе направи некој испад ;) :) .

    По стоти пат никаде не реков дека Барселона се криви што ја намаливме разликата.Јас зборував за ЛШ.А кој ќе биде шампион секако дека ќе се види на крајот.А реков дека досега Реал доминира во шпанското првенство,што покажува и бодовната разлика.Но има уште натпревари,никој не рече дека е завршено.Неизвесно ќе биде до крај.

    Упорно ги извртувате моите зборови,ама ај.
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Поентата ми беше Венди, дека кога тоа ќе го направи Пепе, прва скокаш на темава со епитети, а кога то ќе го направи играч на Челзи(на пример) те нема да прокоментираш ништо.
    И не ми е поентата да докажам демек Иванович е насилен играч, зошто јасно ми е дека фудбалот е машки спорт, дека може да му се случи на секого(па и на играчи без дамка во кариерата ко на пример Зидан), поентата ми беше дека скокате само кога ќе прочитате или видите дека Пепе направил некој старт, а за другите вешто молчите ;) Ама така ви одговара очигледно :)
     
    На ani22, BlackSwan5 и starbucks им се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Пепе е животиња и треба да му се забрани да игра фудбал зошто очигледно не знае да игра . Нека проба на ултимејт фајт , ако ова му се случи на играч од Челзи . Јас би била доволно реална да признаам дека човекот не е со сите и срамота е што игра за еден Реал Мадрид .
    Зошто тепачи не требаат на терен требаат играчи со ТОПКА , и да ја шутираат ТОПКАТА , а не луѓето .

    http://www.youtube.com/watch?v=11enIeWN ... re=related

    Ова е за лечење !!! Пациент во тешка психолошка состојба .

    http://www.youtube.com/watch?v=7t2iKpDm ... re=related

    Колку е мизерен и валкан тоа е чудо едно :x
    Kaков е се покажало и докажало . И кога некој решава да ми го брани и не дај Боже оправда исто како да ми го правда Хитлер за геноцидот што го вршел . :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Венди, овие видеа само ти ги постираш и по стотти пат веќе, ако не се лажам :wasntme:
    И ок е, еве да се согласииме дека Пепе е насилен.

    Но ме чуди тоа што ти која тероризираш со вакви видеа и се правиш демек голем подржуваш на ,,чистата и ненасилна ,, игра, веднаш најде оправдување кога таков животински и низок старт ќе направи играч на Челзи (демек испровоциран бил).
    Ма немоја да ме ј***ш бре ;)
    Ако веќе сакаш да глумиш реална, најмалку што можеше да направиш е да го осудиш стартот на Иванович, а не да се вадиш со видеа од Пепе и да ја вртиш дискусијата онака као што тебе ти одговара ;)
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ее Венди па не реков дека го бранам или оправдувам.Бог да чува.
    Туку на вас трн во око ви е изгледа Пепе.Океј,тоа што го направи врз играчот на Гетафе беше стварно нечовечки и за никаде.Но ако не се лажам тој беше подолго суспендиран поради тоа и нема потреба сега да се навраќаме на тоа што било.Можеби си имал некои психички порблеми човекот а и по природа е повеќе избувлив.Важно,било и поминало.Ај ако не затворска казна да отслужи,можеби ќе бидете задоволни.

    Нека го мрази кој сака.Мене човекот ми е океј,иако имал повеќе испади.Едноставно не е лош човек и не е животно само затоа што се внесува повеќе во играта и настапува повеќе агресивно понекогаш.Јбг темперамент...
    Но што се однесува до тоа каков играч е,одличен е.Тој и Рамос се мозокот на одбраната според мене.Да не беа они ќе ни беше загрозуван голот многу повеќе.Така да како играч не го многу потценувајте ;) .Ама разбирам бе,кога нема за што да се фатите за Пепе се фаќате...

    И да се пред мене Бускетс,Алвеш и болвата и јас би ги смачкала,ете така.

    Поздрав од Пепе ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=I2msTNU3hJc
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    На последниве двајца можда би им простила, ама на овој првиот(болдираниот) би му ја зачукала една меѓу нозе, ама онака машки, за да има за што да се витка по терен :D
    И после ја чекам Венди со траспарент :lol: ;)
    - BOAVISTA ES UN ANIMAL Y UN ASESINO
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.