Моросини, почивај во мир. Не ми се верува, само 25 години, па колку и да се додуша. Италија жали, и натпреварите ги имаа одложено. Навивач на Барселона имаше вчера плакат во негова чест. Без разлика на резултатот тешки утакмици имаа и Барса и Реал. Реал ја гледав и баш сакав да остане 1:1 ама ете Роналдо кога даде гол, знаев дека ќе се засилат и ќе дадат најверојатно уште 1. А Барса гледав до пеналот на Леванте зошто излегов да одам во црква, и погодете што и против Барса се шутираат пенали, не шутира само Меси.
И јас Барселона ја гледав само до тој пеналот што им го судија на Леванте.Сосема заслужен,овој циганот Бусќец со две раци играе а после се буни оти му дават жолт и судат пенал .Брат,не е ова ракомет фудбал е .И после гледам резултатот 2-1 за Барселона,читав на некои страни дека пак нешто имало непостоечки пенали за Барса и судии,она вообичаена работа.Ама пошто не ја гледав до крај,не можам да коментирам. Реал супер си одигра,иако во почетокот малку несигурно.Ама овие Хихон се бранеа само затоа,ама пак попушти одбраната.Не можеш против Реал цел натпревар да издржиш да се браниш.Ајде,се брои ситно до Ел Класико.
Хехехе Плавушке свирнаа пенал против Барса, чист пенал, за игра со рака во шеснаесетник. Но кога запна Барса и не можеше да поведе, погоди што? Свиреа пенал и за Барса И го шутираше Меси Така да не ви држат вода коментарите. Барса е фаворизирана. Со секоја наредна утакмица се докажува тоа. Е сега за Реал, ма и против пенали и против судии, Реал си победи поштено, со чисти голови дадени од игра, не со пенали ко некои тимови А настрана тоа што против и Реал беше свирнат пенал во прво полувреме.
http://www.youtube.com/watch?v=HqDZtvfQX6o Еве ви го ,,чистиот пенал,, за тие што не гледале Куенка клоца и паѓа, и Фарса добива поклонет пенал за да може да земе три бода. Али то је то. Фарса и се е можно Жива вистина
Шо па и ти зезаш,моралот им паднал.4-0 беше,никаква шанса немаа,никаков посед на топка. И редовно Јунајтед ги победуваат по Вила. И кога збориме за судиски грешки претходниот меч Јунајтед прима гол од непостоечки корнер а никој не прокоментира за тоа.
Пеци, остај го Јипи наш сеа, и за Милан нешто се „стиша“ периодов, а убаво им велев да не „гракаат“ предвреме против Интер, ќе ги стигне пензионерската клетва. xD
Милан ќе ги тепа Интер, а дали ќе освои титула прашање е... А за Манчестер незнам ни како се осмелуваат да зборат нешто , кога цела сезона им е без врска .... и да кога ќе досудат пенал напочеток , другиот тим му пука филм и вика заеби работа ако толку мора да тепаат ете нека тепаат...
^ Манчестер ја има „привилегијата“ да игра во една исклучително слаба англиска лига годинава. *Челзи има добри 5-6 играчи на залезот од кариерите (зборувам за клучни играчи); *Арсенал ко Арсенал, секоја година истата приказна; *Ливерпул, во сиот свој беден сјај, обидувајќи се да се вади со тренерското (легендарно, но и неискуно) име, како и резултатите во куповите; *Тотенхем со едно толку глупаво, старо и преценето тренериште што не знае да ја одржи формата на тимот; *И тука се останатите тимови, кои не мора ни да се споменуваат. *Секако, тука е и убедливо најјакиот тим сезонава во Англија, Манчестер Сити, кој нема искуство, ниту добар тренер, и наместо уште сега да си славеа прва титула по 500 години, тие ќе се молат до последно коло Јунајтед да кикснува; епа не оди тоа така! Јунајтед е проклето искусен тим што знае да игра на резултати, особено против малите тимови, нешто што многу други тимови не го умеат, така што и тоа е еден вид знаење, умеење - впрочем, и Милан ако ја изгуби титулата во Италија, ќе ја изгуби ради некои такви чкљ нерешени резултати/порази со „малите“ тимови... И за крајот мала дигресија - странава просто ја обожавам. http://www.hasibrawonchampionsleague.com/
Аман те бе се факате за еден пенал,го гледаше натпреварот или не?Колку шанси имаа Вила колку Јунајтед. Тебе Јипи те немаше да прокоментираш за претходниот меч кога Јунајтед прима гол од непостоечки корнер. Им пагал моралот.6тата минута беше пеналот досуден,имаа Јунајтед игра,имаа посед,а што направи Вила на овој натпревар?доста со тоа се откажале. Кој е крив што Сити прокоцкаа пред месец дена 8 поени разлика пред Јунајтед?Добро кажа најти,имаат тим немаат искуство... Судии судии...никаде ве нема кога победуваат да речам на коректен начин.
Моросини-Rest in peace. Интересно коло во Ла Лига.Реал,прво полувреме прилично лоша игра.Второ само резултатот го меркав.. Е сега Барселона..ах,бе мадристи пак ли судиите ви ја рушија надежта Мисалм се фино,Боа го поставила видеото,објаснила дека Kуенка клоцал,ама еден мал детал испуштила. Пред Куенка да клоца, отурнат е од противничкиот играч,и при паѓањето клоца.(во 16никот,топката кај него,што би значело чист пенал) За Леванте судат пенал,никому ништо,за Барселона судат пенал,сите на нозе А и во двата случаи имаше чист пенал! Би рекла само дека имаше една спорна ситуација,мислам дека требаше да биде суден пенал.. над Иниеста.Така на прв поглед ми стоеше пенал,не сум погледнала синмка,и не би сакала да тврдам дека е пенал,и нема потреба од дополнително коментирање. Рака на срце,една од најлошите партии на Барселона. Ел Класико..... ! П.С ЛШ би типувала 1 за Баерн
^ Обично не коментирам за судиските одлуку на сметка на Барса/Реал, зашто воопшто не ме интересира што прават тие два тима, но читајќи го твојов пост, во главата ми се „зацементира“ само едно прашање: Имало пенал за Барса? Пријателке, ти тоа сериозна си? Свесна си дека самиот Гвардиола по натпревар изјави дека имале среќа што тоа било досудено како пенал?
Хахахахаха ,закон. Инаку спремни за Лига на Шампиони? Утре мислам дека ќе искршам се дома ако Реал не победи,ама не верувам тоа да се случи.Ама сепак ќе биде тежок натпревар,ништо не се знае.Премногу е голем влогот,финале во ЛШ.Се надевам дека скоро после деценија ќе влеземе во финале и ќе победиме . Во среда ќе навивам од срце за Челзи,мојот омилен англиски клуб.И се надевам дека Уефалона нема пак да го направи истото од 2009.Иако реално мислам дека Челзи имаат мали шанси да се пласират во финале,сепак се надевам дека ќе се случи изненадување и Уефалона ќе отпадне.
^ Мое мислење е дека ќе има голови и утре, и задутре. Послушајте паталец што ви каже. Утре не чека тежок натпревар, ама очекувам голови барем 2-3 да паднат минимум. И задутре ќе е страшно. Челзи би сакалa да победи и тоа против hate Барса, али едно е што сакам, друго е што можат. Да беше Челзи на Мурињо ќе беше друга прича, дај Боже да им парираат на ниво. Ама све мислам дека Барса нема да биде многу убедлива со Челзи, моја проценка. I can't wait. :geek:
И јас мислам дека утре ќе биде ептен тешко за Реал. Сакам победа секако, ама би се задоволила и со 1-1, или 2-2 . Ма само нека дадат гол на гости, после полесно ќе биде. Инаку Баерн како противник никако не треба да се потцени, зошто играат добар фудбал и играат до последна секунда. А баш се сеќавам дека една година го исфрлија Манчестер од ЛШ со пресврт. Така да нема опуштање со германците никако.