се надевам дека утре англичаните нема да си играат со прскалките пред натпевар како шо беше пред некоја година... инаку мислам дека Барса во гости ќе биде нерешено или минимална победа, освен ако тотално грешам а во дома ќе победи убедливо за да оди понатака а исто чуство имам за Реал, се ми се чини дека во гости и на двата тима ќе им биде малце потешко па ќе се ваѓаат дома :geek: им стискам палци на Германците вечерва
Слушам 1-0 а? Нема шала со Германциве, НАПРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕД до крај! Барса-Баерн, убаво звучи Иако ја имам ГГ&3+ сеа се каам што не ја стаив 1-1&3+ и онака мислам дека 2-1 ќе заврши. Ама ќе видиме. Реал да не даде гол денес, а да изгуби и да прими гол во Мадрид доста е. Па и онака Ел Класико ќе се игра за некој ден, не мора и финалето да е. И онака Реал одамна немаат играно во финале, што мора сега да играат еее мејби сам адр тајм Уфф каква шанса имаа Баерн сеа 40тава минута, ама одбрани овој. Мех! Јаз`к. Шанса до шанса, се надевам ќе доминираат и во второто полувреме. Море, колку и да ги мразам Реал, може се и полесен противник за Барса од Баерн.
Ако се суди според првите 45 минути, Реал нема што да бара во Германија... Но токму затоа фудбалот се игра 90 минути, па да видиме...
Ова полувреме благо речено играта ни е катастрофална. Дај Боже да се опраат во второ, иначе црно ни се пишува. Баерн многу поорганизирано делува, посигурно, создава повеќе шанси. Сосема заслужено водат.
Каква доминација, страшно. Ја искрено се прашувам зошто навивам за Баерн моментално, кога Барса сто пати полесно ќе го пројде Реал, како и секогаш отколку Баерн. А и колку што знам досега Реал го немаат тепано Баерн на сите меѓусебни натпревари. Ме уплашија дечкиве, на момент помислувам дека може да земат ЛШ, мајке ми трагикомично кај и да погледнеш се како што треба наместени, натокмени, испустени брејјјјјјјјј
Полека бре,има и реванш натпревар ако не сте знаеле.Веднаш претпоставките за финалиња.Може Барселона нема да помине (освен ако не гледаме пак реприза од мечот со Челзи пред неколку години )
Плавушке баш ти ја мислев теоријата . Милан ќе го освои Скудето, а Барса нема шанса за титула во ЛА Лига, ама Плавушке да не остане и Милан без титула и Барса, или Барса да си ја зеде титулата во Шпанија, па на крај само Милан со празни раце. Е тогаш ќе се каеш што навиваше за Барса да го тепа Милан, е така да знаеш
Има има, ама Баерн ќе даде во Мадрид гол, а за Реал овде не се знае. Ако не дадат ќе ги утепа гол-разликата ако ништо друго. И реално подобри се Баерн досега. А и кој состав го имаат, и да земат заслужено ќе биде. Јуле Барса во Шпанија, си знаеме шансите дека се поголеми од порано, ама сепак се мали нема уште многу натпревари, ама можно е не викам не, што не очекував. Милан не останува со празни раце, нема шанси тоа. Пре гледајќи ги Баерн како играат помислувам Барса да не не земе ЛШ, за Милан не праам муабет, Јувентус јест да се вратија на старите патеки ама за титула ќе почекаат, друг пат. Неизвесно е, ама ќе земе. Ајде 1:1 станува интересно
Јас се надевам Плавушке дека Милан ќе си го зачува Скудето... Туку жестока ситуација кај мене, дечко ми е за Барса, а си ги сака и Баерн, а јас моментално навивам за Реал .
Голот во гости значи многу, и Баерн ќе го дадат во Мадрид. Јуле, ќе земе Милан, таман работа... инаку Швајнштајгер ви излезе, олакшање
Овој Ди Мариа ако не е изгубениот брат на Бусќец, еве на! Какви театри приредува при секој контакт, човече...
^ Последен пат беше виден среде Минхен, точните координати не се познати. Рака на срце, асистираше за израмнувањето.