Ааааа четворица му се стаија на Гомез, и нема пенал, и после судиите суделе секогаш против Реал, ма дај! Гомез полека, без нервози, барем нонстоп те глеам на натпреваров и покрај бодигардите од Реал, за разлика од некој... ГОМЕЕЕЕЕЗ 2:1, ЗНАЕВ, ЗНАЕВ! БРАВООООООООООООООООООО! Епа нема да тепате во Минхен.
Тоооооооооооооооооааааааааааааааааааааааааа батееееееееееееееееееееееее, покажете им на среќковциве, не е секој ден Великден, на среќа да победуваат!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Баерннннннннннннннннннннннн!
РусокосаСедумнајсе, не беше пенал, па и 11 играчи да му се ставеа. Се исполни првата половина од моите гратис „предлог-типови“. Ќе видиме утре што ќе биде... Инаку, Реал ме разочара со негативната поставеност на играта при резултат 1-1, не одеа на победа, не очекував нештo такво... Затоа уште повеќе ме радува што победи Баерн, сосема заслужено!
Резултатот и не е така лош за Реал. Имаме гол во гости и минимална победа дома може да не однесе во финалето. Она што ме загрижува е играта, некако неорганизирано ми делуваше Реал, посебно средината. Баерн покажа карактер и поголема организираност, сосема заслужено си дојде до 2-1. Ситуацијата со Гомеш беше апсолутно чиста, Рамос одеше на топка, така да за пенал не може да стане збор. Ама ве сфаќам и вас навијачите на Барса, вие сте навикнати на секој пад у шеснаесетник да ви свират пенал, па затоа сега се чудите. Али пенал немаше. Изгубивме, ама резултатот и не е така лош, ко што реков. Така да остануваат отворени сите карти на Сантијаго Бернабе Хала Мадрид!
Баерн заслужено победи ! Но затоа пак во Мадрид заслужено ќе загуби , а во тоа сум сигурна Каталонци дај не мрчете многу, барем Реал поштено загуби , не не спасуваат нас судиите со пенали, црвени картони и што уште не за да дојдеме најмалце до реми, како што е обичај со Барселона ! Верувам во Реал, иако вечерва делуваа некако неорганизирано во играта , Специјалниот добро ќе ги организира и идеме на победа !!
Заслужено загубивме,ама се гледаме на Бернабеу.Таму ќе биде неизвесно. Не знам со кој памет Мурињо брани нерешен резултат,кога знае како играат и колку се непредвидливи германците.Уфф,страшно сум изнервирана .Тешко е да навредувам тим како Баерн,тим кој без сомнение игра извонредно,тим кој има играчишта како Гомез и Милер.Ама за жал колку и да ја почитувам нивната игра не можам да ја поднесам оваа победа против мојот Реал. Роналдо сосема го немаше вечерва.Извонреден,извонреден и на еден дуел ќе се загуби потполно.Бензема исто не импресионираше.И зошто побогу Игуаин и Кака седат на клупа цел натпревар??? Игуаин секогаш треба да биде прв избор,пред Бензема.На ништо не личеше тактиката на Мурињо,требаше да напаѓаат до самиот крај. А не му личеше на Марсело таквиот старт над Милер.Животински и сосема непотребно,кога ќе се научат да се воздржат од таа агресија што ги фаќа кога го губат натпреварот.А немаше пенал за Баерн,јасно се гледаше дека Рамос одеше на топката а Коентрао само го поткачи.Ама вие само тоа чекате за да ја оправдате Уефалона.Од Рибери се разочарав,толку ефтина глума што не личи на таков играч. Им се поклонувам на Баерн за играта и головите,навистина.Што е право право е.Многу опасен противник и никако нема да е лесно.Се надевам дека во Мадрид ќе одиграме на ниво и ќе победиме.Сеуште ништо не е решено.Кога играат такви клубови како Реал и Баерн ќе биде неизвесно до последната минутка.Ама се надевам на влез во финале.
Jaс само се чудам на некои хејтери.Ги читам на фб и форуми и не знам со која рака да се крстам. Сите очекуваат од Роналдо.Алоооо не е фудбалот индивидуален спорт туку тимски а вечерва од Реал никој посебно не се истакна. Баерн заслужено победи ама на реваншот ништо не се знае.Можеби Реал ке ја надополни гол разликата. Се чудам зошто Бензема е прв избор а не Кака?Бензема ама од никогаш не сум го сакала,добро е што не отиде во Јунајтед бидејки едно време Фергусон го бараше. Се надевам следниот натпревар нема да згреши Мурињо. Утре со сето срце ке навивам за Челзи.Не дека ги мразам Барселона ама секогаш подржувам англиски тим во лш без разлика кој и е.
Абе точно е дека Роналдо не може се сам ,како прво сите во напад играа очајно.Освен таа акција со која дадоа гол а одлична асистенција на Роналдо и гол на Озил друго немаше.Така да јас не гледам причина за толку хејтање по Фејсбук а на фан-страните на Реал често приметувам како се навредуваат играчите после пораз или кикс.Друго е да се искритикува ,а друго е да се навредува. Бензема дава добри голови ама исто толку и промашува.Игуаин и Кака се подобри за таа позиција и секогаш би ги ставила нив во прв план.За мене покрај Роналдо се златни играчи и штета е да седат на клупа. А гледам и на претходната страна сте напишале за Рибери.Јас пак не верував дека толку глума и фолирање може да се претстави во еден натпревар.Дефинитвно изгубениот брат на Бускетс.А Ди Мариа ,па фала богу дека имаше стартови над него и имаше причина да лежи на трева иако и тој малку драматизира.Ама овој Рибери никој не го допира а паѓа божем со куршум некој го погодил . А јас се надевам дека Барса нема да ги сексуално задоволува судиите како пред некоја година за да не свират чисти пенали.Напред Челзи. И каталончињата се радуваат на нашиот пораз.И јас ќе повторам дека ние поштено губиме и си признаваме кога губиме .Важно фудбал се игра ,подобриот победува.Не е драмски театар ова. Едит: Чекај,чекај погрешно ли читам или каталонците мислат дека Реал полесно ќе го минат од Баерн .Абе преценување на нивоу,што да ти расправам.Ама вие со судии сите ќе ги минете,во тоа не се сомневам .Една голема Фарса и една голема Уефалона чуда прави.
Ако толку години пратите спорт би требало добро да ги познавате Германците Во спорт дефинитивно се гадни и како така стигнуваат до целта.Газат се пред себе и сречкари се бре...не ги бива, не ги бива и последните 5 мин решаваат натпревар!Не се случува оваа само во фудбалот туку во било кој спорт. Мислам дека Баерн ќе одат во финале а не дека играат кој знае колку добро туку еве реков погоре зошто мислам така.Искрено оваа не го зборувам како фан на Барселона туку реално гледајки каков спорт играат Германците цел живот. Помегу Барса и Челзи мислам дека ќе оди Барса...Арно ама финале Барселона-Баерн би било страшно.Абе ако треба нозете ќе му ги скршат на Меси ама ќе победат И плус разбрав дека финалето ќе биде на нивниот стадион Може и грешка сум разбрала но како и да е...Има уште многу, не се знае но вака само пишав мое гледиште Ако Реал оди понатаму подобро би било За вечерашниот натпреварот не можам да искоментирам, не бев во состојба да го гледам цел натпревар
Bayern Munich до финалееееееее, ги обожавам, мој тим се. Првото место во Бундес лигата е изгубено ама затоа сконцентрирани се на Лигата на Шампионите А иначе за натпреваров немам што да искоментирам, подобри беа и заслужено си победија.
точно така хај. особено на психолошки план нема појаки од германците ја памтам и утакмицата ман. сити - баерн каде цело време сити напаѓаше и наеднаш буквално од никаде овие од баерн ги наполнија со голови шити
А ја памтиш ли утакмицата со Манчестер Јунајтед во финалето од ЛШ? Јас денес бев за Баерн, од причина што откако е Роналдо во Реал, Раул не- го презирам овој клуб, кога ќе ми текне дека порано навивав за нив, ама порано, пред многу години... Прееска пренервирав од Гомез, колку пати шутна и никако да даде гол, дури и глава ме заболе, ама ете, кога веќе изгубив надеж од него- ми докажа кој е тој Мислам дека Мурињо направи грешка што го извади Озел од игра. Утре ќе навивам за Челзи од проста причина што Барселона го елиминираше Милан , а плус Челзи е клуб за кој што навивав на времето, кога во него играше великанот Џанфранко Ѕола, па ќе си навивам за нив во секој случај
Не е тоа... проблемот е што против екипи као Апоел и Гетафе и чуда дава хет трикови , сите го викаат господ ова она леле леле Дојде против Баерн , и сега наскоро против Барса и како да не постои на терен.... Патем ја играв 3+ Баерн , уште Челзи и Барса да дадат гол утре и си фаќам 200 ден
Е Јипи ќе ме извинеш ама Роналдо дава голови против Уефа, и тоа решавачки голови.Како што беше случајот во финалето на купот.Така да теоријата дека се губи со големи клубови не ви држи вода. Вчера не само Роналдо, туку цел напад беа како невидливи.Ама сепак едно е да играш со Апоел, друго е со Баерн а башка што се незгодна екипа која знае резултатот во последен момент да го промени.Така да нормално дека нема да биде исто како со Апоел, Мајорка и слични.Но резултатот не толку лош, јас повеќе од играта сум разочарана.Реал да даде само еден гол дома а притоа Баерн да не даде ниту еден, одиме во финале.Ама сигурно повеќе голови ќе паднат а јас се надевам дека Реал ќе даде повеќе и тоа е.
Јас па сум сигурна дека Баерн ќе даде гол таму, а за Реал ќе видиме. Еве и 2-1 да биде за Реал, пак продолжетоци ќе се играат, Реал претпоставувам веќе душа ќе немаат, а Баерн ќе играат до последна секунда и толку му треба. На крајот на краиштата нека оди подобриот, фудбалот се игра до последна секунда.
Фудбалот е игра во која играат 22 играчи, во која секогаш на крајот победуваат Германците!!! - Гери Линекер Моето финале од соништата би било Баерн - Челзи, но како што изјавил и самиот Платини, најверојатно Реал и Барса ќе ги гледаме во финалето ( малку досадно, според мене ).