Па не мора да значи ништо изјавата на Платини. Еве Баерн има добар резултат и не би било никакво чудо да се пласира во финалето.
После вчерашниот пораз на Реал Мадрид од Бaерн Минехн, Барселона е едиствениот тим без пораз оваа сезона во Лигата на Шампионите. Барселона има осум победи и две ремија.
Играчите не го забележаа, но Мурињо не издржа:Судијата е виновен за поразот! ајде бе.. Добро е, сега не се само Барса кога ќе ги победи судиите да се криви,ами и Баерн. Наместо да си благодарен што Веб не покажа црвен картон на она што го изведе Марсело,уште се буни дека судијата ги оштетил!! Типично,Реал... Нели во речникот на Роналдо не посотеше зборот ПОРАЗ?? ..Марсело вчера остави една огромна црна дамка на мене,по оној нечовечен потег. Ди Мариа..рипавте по Бусќетц,а види и Реал имал холивудски актерчиња,хм. Рибери,човече која евтина глума !! Тоа што Реал вчера го правеше со острите стартови е срамота. Германицте играат до крај,и не се предавват лесно,така ќе биде и на гости. Што па вие со тој Мадрид па Мадрид..Бернабе па Бернабе,абе на Валенсија не можевте гол да и дадете.. Чиста 2ка вечерва,мое мислење . Спојлер колку и да сакам финале Ел Класико,срцето ми се полни кога Реаловци си заминуваат со наведната глава.
Смајли а може ли да постираш видео каде Мурињо рекол дека судијата е крив за поразот? Баш ме чуди, зошто ги прегледав сите изјави по мечот и не слушнав дека некој од Реал се пожали на судии.
Меси во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања има постигнато 63 голови, исто колку Дрогба, Лампард, Калу, Мата, Торес и Стариџ заедно. - преземено од фан страната Болно, но вистинито Пак ќе речам, Челзи не заслужуваат да бидат тука, ФАКТ! Они ми дошле со Барса полуфинале да играат, абе ај. Само Меси, Чави и Иниеста се подобри од целиот тим на Челзи, сите постави, сосе тренер, ма сосе копачки и све што имаат.
Кои шанси пропуштивме леле! Vamos Barcaaaa! Челзи од одбрана не мрда, а? Ама како и да е одлична им е одбраната, секоја чест. Има уште многу минути фудбал, ајде.
Не бе не им треба Чех, Кол може да игра на таа позиција комотно! Ах бре јаз`к, да не ја спасеше за влакно ќе влезеше! 1:0? Челзи? СКАПАНИЦИВЕ?! Не знам дали да се смеам или да плачам! О скапаници едни, ајде второво полувреме да ги реализираме сите пропуштени шанси, па да видат! Ова нема да остане вака. Не заслужија да го дадат тој гол.
Меси ќе има многу за „искупување“ во второто полувреме. Не само што го копира Роналдо со неговата невидливост од вчера, туку и на негова душа лежи голот на Челзи, зашто него му беше одземена топката.
Леле бе најмака ми е што се скапан тим човече, ама допрва ќе плачат. Ќе има пресврт на натпреваров, само се надевам не пак нерешено. Ќе се реализираат сите пропуштени шанси од првото полувреме. Инаку јас го гледам Меси не е невидлив, или невидливи беа шутевите на гол? Па Роналдо не го направи ни тоа. Нема споредба, ич!
Во право си РусокосаСедумнајсе, нема споредба засега, зашто Роналдо асистираше за голот на Реал - Барса засега нема дадено гол, има уште 45 минути време, ќе видиме. Така што... Моја грешка, во право си! *Кои шутеви на гол? Oној со глава? Тоа е 1 (еден) шут. ЕДИТ: Почнува второ. Се надевам на далеку поатрактивен фудбал од прво полувреме, и силна реакција на Барса. EДИТ 2: И одма реакција за тоа што Дрогба 10 пати ја љубеше тревата во прво полувреме и паѓаше како покосен, не се нормални.
Ох тешко нас има да се изнагледаме сега плачки, рикачки, паѓање, глумење... Бускец има да удави. Ексик, замина јабана вечерашниов натпревар...
Ама овие се ептен скапан тим бе, не ми се верува. Дупки се. И да се случи да изгуби вечер Барса од овие, најмака ќе ми биде, најмачен пораз мислам досега. Зошто стварно не заслужуваат да се овде кај што се. Скапаници!
Па против силен тим не можат освен ако не им исклучат на противникот играч и не реализираат од пенал. Или заборави Милан како ги поминаа?
Па да немаше никакви контакти, немаше ни пенали да има. Стварно муабетов испаѓа ко да не ги ни допреа, а баш беа чисти ситуации, особено првата. И пеналот ако е погоден се рачуна како гол. Да не ризикуваа такво нешто Милан, и ако играа најнормално, немаше да биде така како што беше. Ама пуста огромна желба да се стигне до полуфинале што сите ја имаат, прво ги фати нервоза и играа поагресивно од она што требаше, а после паднаа скроз. За малку време стигнаа до врвот, па до дното. Е не се стига така до полуфинале. А Челзи отсекогаш не сум го поднесувала тој тим, и стварно се чудам како водат. А и што е ова Барса од толку шанси све пропушти Ракометов сега не беше за пенал? Ќе ве замолам. Па еве, го нема тој пенал. А чист контакт на раката со топката. АААААААААААААААА!!!!!!! Бускец може вода да му носи на Дрогба. Стварно
^ Веројатно не ти се допаѓа Челзи зашто како тим се целосна спротивност од Барса. Барса - Ниски играчи, лесни, брзи - Кратки и брзи подавања - Техника; Челзи - Високи играчи, крупни, снажни - Долги подавања преку пола терен - Моќ/сила.
^ Не, не е тоа главната причина, туку прво се ривали на Манчестер Јунајтед и ги мразам уште кога ги следев Јунајтед континуирано. Второ, многу за мене антипатични играчи играат таму. Трето, може да е и твојава теорија. Едноставно и никаква причина да нема, не би ги сакала, нема ништо што би ме натерало да навивам за нив, ама баш ништо. Четврто, скапан тим се. СКАПАН. Се сложувам со Јипмен во една негова реченица „тие се пропаст од самото нивно постоење“. А и така е, што.
Вчера Ди Мариа, денес Дрогба. За чудо, Бусќецов мирен ми е денес, не прави театри... Kaко што тргнало, убаво предвидов дека Шпанците неделава нема да однесат гостинска победа дома. Добро е тоа за фудбалот, и особено разновидноста, зашто никој не го спори фактот дека Реал и Барса се најјаките клубови во модерниот фудбал...