Баш за тоа дојдов да пишам. Вчера толку многу се израдувавте на поразот на Реал, а сега дупло ви се врати. Ако, мило ми е и тоа многу.
Ах колку слатка победа, со мерак го гледав резултатот макар колку минимален и да беше. Мерак ми е затоа што сега Барселонците не се сеќаваат на фамозната 2009та, очигледно заборавате на тој натпревар и Норвежанецот којзнае колку го кителе Каталонците потоа со парички, алал нека му е. Ама сега пуста германска рака нема пенал да ви суди, нечееее. Го обожавам чувството на оваа слатка, одмаздлива победа. Осасуна, Гетафе, продужете со набројувања, ама со негатива и пораз се враќате во вашата мила Барселона. Салуд! А во сабота едвај чекам уште еден ваш пораз! Хепи тајмс!
Не вртете празна слама, каква среќа?! Џабе им е на посед на топка на Барса кога во второ полувреме успеаа да стигнат само до две поголеми шанси. Ми се лошеше додека го слушав коментаторон, знаеме дека навива за Барса ама коментатор е нека си ги чува страстите за после натпревар. Глумел Дрогба?! Која глума?! Човекот како лав се бореше 90 минути, а напаѓачите на Барса уште од почеток целеа на него, се гледаше дека сакаат да го тргнат од терен, во второ полувреме човекот одвај се движеше по терен од што го изрешетија и пак лавовски се бореше! Дефинитивно man of the match! Многу мудро и чесно изиграно од страна на Челзи, прекрасна одбрана иако фалеше Луиз и сите мислеа дека ќе поминеме лошо без него. Меси се изгуби негде низ теренот, му ја открија тактиката, скоро секој напад му беше пресечен. Барса на стара слава и лепе очи не се освојува титула. А денешната игра, ултра слаба, не личеше ни на фудбал. Кармата ги стигнува, убаво кажано. Челзи е оној кој што заслужува финале. Челзи со Ди Матео на чело бидејки човекот е феноменален и дефинитивно мислам дека заслужува да го одведе својот тим до титула, да се докаже како што треба. Уште еден гол на гости ги дели од големото финале, но ништо чудно Барса да си нарача неколку пенали па да си ги прати лиглињата во финале. http://www.youtube.com/watch?v=i3yUm3OqqqU KTBFFH! Иначе излегоа и новите вицеви : Сопствениците на Барселона ја згрешиле трансакционата сметка на судијата и заради тоа не беше досуден ниеден пенал од страна на Феликс Брих'' Повеќе среќа нареден пат.
Дојдов само да ве поздравам . Е гледате, се смеевте вчера ама сега плачете. Ние барем еден гол на гости дадовме а вие ни тоа не. Што да кажам, секоја чест за одбраната на Челзи . А за голот на Дрогба колку се радував, ни самата не бев свесна. Можеби затоа што Челзи беше предвреме отпишуван ама си дојде до победа. Иако е минимална, се надевам дека на Камп Ноу ќе успеат да направат нешто. И уште еднаш се покажува тоа дека џабе ти е и посед на топка и што ти знам таму ако не победиш. Јас среќна и задоволна . Мислам дека е време Челзи да ги наплати старите долгови. И мислам дека најдобро е финалето да биде Реал - Челзи.
^ Еј дупло ни се вратило Жити се колку тоа изгубивме на гости ??? Псс мислиш крај на светот дека 1 гол ни дале на домашен терен.Знате зошто си ги сакам Барса?Дека секогаш се во напад а не се бранат 90 мин како...(ај да не речам)!Имаа среќа постигнаа еден гол, но топка едвај чепнаа.Чех искрено мора да го пофалам...и тоа е тоа. Спојлер Всушност има уште но има за учење, оваа е само за да не рече/те дека сме изгубиле па затоа ме нема А и ако го сретнете Торес поздравете го и кажете му дека мака ми беше што не играше.Да го дадеше тој голот може и ќе се радував
Зошто сите фанови на Барселона се толку егоцентрични и никогаш самокритични? Признајте си лоша игра некогаш, не се вадете на посед на топка, што ви менува посед на топка со никакви реализации, а тоа што Челзи "не ја чепна" топката е чиста тактика на РДМ, се чека мудро за правиот момент и се дава гол, а не улаво трчање по терен, може да се примети дека тоа му е главна тактика уште од првиот ден во Челзи!
Ма србиве се ненормален народ. Се газам од смеење ,,Pronađen je leo messi!Oko 23 h Londonski scotland yard je pretresao Johna Terrya i u džepu mu uz novčanik i mobitel pronašao i lea lessia! Zato nije pronađena lopta koju je svojim "udarcem" prema golu Chelsaeja uputio Sergio Busqets. Navodno je zadnji put viđena u orbiti Mjeseca. Mole se svi pošteni Cigani da jave bilo kakve informacije koje bi mogle voditi do pronalaska iste...,, ЕДИТ - Уште го чекам видеото од Смајли
Не е смешно оти неможам да фатам бедни 200 денари и сега ќе си јадам пржени лепчиња дома наместо лесковачка..... може така? ... не ..... А за Реал и Челзи , го чувам пакетот "мрчење до први Септември" , али за секој случај да не кикснат Барса во Вторник или Сабота ... ќе си ќутам мирно .. Сега да видиме Дербито што ќе каже , кај кого ќе иде титулата
Навистина го очекував Торес на терен, барем за кратко. И дали вие тоа нарекувате беден еден тим кој ве порази а вие бевте толку сигурни дека ќе победите? Не е битно со колку, победа е победа. А да ве прашам едно малечко човече, мислам Меси се викаше дали играше вечерва? Поради тоа што јас никаде не го видов. Изгледа само против Баер Леверкузен знае да дава голови . И што ако Барса напаѓала цело време, кога не можеа да дадат гол. Некој признание да не им даде за тоа или за посед на топка . Ама остај сега ќе има вадење со статистики и триста чуда. Се заборава дека фудбалот е и тактичка игра, кога одбраната на противникот барем малку ќе се повлече се напаѓа. Челзи си начека таква прилика и си даде гол, а на Барселона никој не им е крив што како слепи овци шутираа накај голот. А да не зборам за тоа колку џуџињата од Барса можат против крупни фудбалери како Тери. Ај признајте си пораз и крај. Ние вчера си признавме дека Баерн беа подобри.
Само уште нешто од мене бидејки сеуште сум во еуфорија, прочитав интересна реченичка по нетов : Кој е подобар, оној кој лошо напаѓа или оној кој добро се брани? Ајде сеа каталонци да ве слушнам ? Толку за вечерва, се одјавувам. Лека ноќ на сите, се читаме по следните утакмици!
1. Ова како лекција му доаѓа, дека Реал ептен се одбранија од Баерн, така? 2. Не признавам пораз зошто она вчера беше страшна доминација на Баерн и подобри се Баерн. А ова денес беше страшна доминација на Барса, а примија гол. Тоа вчера беше очекувано гледајќи ја играта на двете екипи, ова денес среќа, гледајќи ја играта на двете екипи. Баерн и Челзи не се осудувам да ги споредам, Баерн е светлосни години пред скапаниот тим-Челзи. 3. Не победува секогаш подобриот.
Само заради многуте нереализирани шанси ми е мака за поразот, при огромен посед на топка, за ништо друго.. Челзи се каде каде послаби од Барса... ич не се секирам ќе дојдат на Камп Ноу вторник! друго со душа чекам сабота да го исфрлат бесот на Реал ! и мислам дека Дрогба си ја згрешил професијата! VETE AL TEATRO DROGBA VETE AL TEATROOO DROGBA VETE AL TEATROOO,VETE AL TEATRO !
Што се буните само Дрогба за пенал да не глумеше, пенал да не досудија како резултат на глума па мрчите. Барем на Фраса фановите тишина кога е во прашање глума, оскар треба да ви дадат. Не сте научени вие без судиите да ви помагаат, плачковци. Ќе кажете ли некогаш не ни идеше, не надиграа, не можевме да дадеме гол, немавме среќа било што само не да цимолите дека некој друг е крив. Се вас некој друг ви е крив, а судиите, а играчите, се чудам сеа некој навивач да не ве деконцентрирал...ааа уствари се сетив, до дождот е не ви беше погоден теренот, се лизнавте. Плачковци.. баш ми е убаво шо изгубивте, бунете се сега ама кога ќе го погледнете резултатот стои 1-0
Плавуша гледам во повеќе наврати споменуваш ама по што е Челзи скапан тим? Божеее,стварно го спуштивте до ниво на Гетафе. Ако оваа сезона играт слабо во Премиер лига не значи дека се скапан тим. Затоа во ЛШ си се одлични, против Наполи успеаа да победат кога сите предвидуваа дека веќе се е завршено. И не, очигледно не ме разбра, тоа што го кажав немаше врска со Реал. Против Баерн не можеш да се браниш и да чекаш прилика за гол, брзо играат тие и постојано напаѓаат. Туку зборам за ваков натпревар, кога е невозможно да дадеш гол ако не играш помалку тактички а не да пробуваш да пробиеш одбрана која се состои од фудбалери трипати повисоки од оние на Барселона. После секој пораз на Барселона има докажувања на нешто и непризнавање. А што ли докажувате, кога резултатот се си кажува. Затоа и се вика резултат, а не се рачуна колку пати Меси се почешал за косата или колку пати му поминало низ главата дека ќе даде гол. Ама типични каталонски муабети. Баерн бил подобар и затоа победил. А Челзи бил полош ама ете, на среќа победил. Ако тешете се, мене не ми пречи .
Извини Дрогба на натпреварот си ги покажа сите актерски способности, никој не рече дека тој за пенал глумеше, и ако сакаме ќе мрчиме Нас не ни требаат судии за да победиме пошо Барса е квалитетен тим и никој немојт то да го негират! Нема да кажам дека не ни идеше и дека не надиграја, пошо не беше така. Барса имаше 23 обиди да постигне гол а Челзи само 4, една ја искористија и си дадоја гол, а ние не искористивме ниедна. Барса имаше 74 % посед на топка а Челзи 26%. И да неможевме да дадеме гол, не не сакаше немавме среќа. Никој не процимоле дека некој друг е крив бар јас такво нешто не прочитав. Дождот не беше погоден тоа да, заради класичната игра која ја форсира Барса која неможе добро да се реализира на лизгав терен, и никој не рече дека заради тоа не сме победиле! Немојте да испревртувате кажани работи како шо вас ви одговараат. И има реванш никој не плаче ќе видиме вторник на Камп Ноу! КОЈ ПОСЛЕДЕН СЕ СМЕЕ НАЈСЛАТКО СЕ СМЕЕ
Само сакав да ви кажам дека доживеав оргазам на јавно место без никој да ме допре , а не гледав ни порно ама подобро порно од преска немаше . Што да кажам навивачки е навивав де , но имав кажано потајно ме копкаше што Челзи не е фаворит и со сегашната форма не може да победи . Ама може ! Челзи знае да оди надолу блиску до дното но никогаш не го допира. Дрогба ... Што да ти кажам голем човеку ти си жива легенда . Играч од светска класа , а Челзи никогаш нема да може да ти се одолжи . Тие промашувања и зицери мораше да бидат казнети и правдата бар сега излезе на виделина . Видоа каталонцити и фановите на БАРСА како боли кога губиш неправедно . Ја искористиве шансата имавме и среќа да , но правдата сепак на наша страна . Не можам ни да ви опишам колку ми е драго што Дрогба си оди од Челзи на ваков начин . Се прости со стил еве каталонци само да знаете кој сум јас . Оваа победа ја посакував премногу , неподливата барса конечно на колена . Конечно поразена , и тоа од Челзи може ли да биде подобро за фан на Челзи ? ! Може ! Ако Дрогба им даде 92 минута дома гол . Судиите сепак не сакаа да си го ризикуваат животот Јипи ... Редно е омразата и желбата да ја ставиш на едно , а реалноста на друго .